1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    На Левент бившата вереница е опседната со него и ќе се труди да ја тргне Ферхунде од патот, дури ќе нарача да ја претепаат. Ферхунде и Шефкет ќе се разведат брзо откако тој ќе излезе од затвор. Мислам дека во затворот Огуз и Шефкет за малку што нема да се спријателат, Огуз ќе му кажува колкаво ѓубре била Ферхунде. После кога Лејла ќе се смири со Огуз, Шефкет ќе стане близок со нив затоа што Неџла ќе го презира и ќе го гледа од високо.


    Aј што прават глупости семејството Текин, ама како им успева сите да ги разберат, е тоа не ми е јасно :rofl: Толку се расеани, што ни на Ајше не и кажале да не пренесува што се случува дома. А кафеџијата, конзулот, Џеврие, Нехир, се знаат до детали. Другаркана на Неџла не ми е јасна што толку ја сака и се дружи со неа. Таа и помогна да се смири со Џем.

    @Glowy
    Дали Ферхунде на крај
    остана со мажот на Неџла?
     
    На BlackNight, Tanjamm, Hoping и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    6.493
    Пол:
    Женски
    Нема да се во врска, но ќе бидат блиски со потенцијал за врска, во последните епизоди Али (мажот на Неџла), ќе ја вработи Ферхунде за инает од Неџла. Таа ќе му каже дека на Неџла ја интересираат парите и дека сигурно со разводот добро ќе се обезбеди.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  3. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Ферхунде во секоја сезона со нов маж. :D
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.395
    И јас истото се прашав, зошто Ипек ја сака Неџла? Таа не го заслужува тоа. Секако дека сите ќе ги дознаат, оти Хајрие по секоја глупост трча кај Неир и бара утеха. Кафанџијата штом ќе види дека трча кај нив, знае дека има проблем. Мислам дека Неир и Седеф премногу им се потресуваат и им помагаат. Да не заборавиме, Хајрие и се закани на Седеф дека ќе и ги скрши нозете ако се мотка околу Шефкет, а ваму трча Неир да и помогне со работа. Жената дели од својата уста за да и помогне. Од која помош па е Хајрие, таква улежана, цел век ништо не работела.

    Со мажот на Неџла да остане Ферхунде? Кој маж точно?
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Сега се сетив дека на крај остана недоречено околу Ферхунде.
    Али Сарпер, уште еден богаташ. Неџла по смртта на Џем ќе се премажи, и на крајот ќе се разведува, бремена.

    Пријателката на Џеврие кога отиде во Истанбул да се распраша, којзнае кој и кажал од маалото, спомна некоја жена. А се до најмала ситница дозна. И Ферхунде ги издава на Ѓулшен, се и кажува, последно береа гајле дали Огуз знаел дека Лејла се гледа со Џан.
     
    На Tanjamm и Glowy им се допаѓа ова.
  6. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    6.493
    Пол:
    Женски
    А после разводот со Ферхунде, ќе сака Седеф да е блиска со Шефкет. Премногу дволична.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.395
    Кога ќе помислам какви гнаси се Лејла и Неџла, па Фикрет е светица за нив. Нејзе сите ја дотолчиле, и се мешале во животот, а таа ги слушала и почитувала, инаку таа пред нив ќе била во среден брак и со нормален живот. Шефкет се уништи од наивност, од што нема карактер.
     
    На cresa-jagoda, Glowy и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Огуз на А1 го викаа коза, сега на Алфа е овца.
     
  9. joci26

    joci26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Jas kako sto imam gledano na internet so srp prevod, pa go preveduvaa kako jarec, mislam:rofl::rofl:, sepak e vo taa smisla
    Inaku koga pocnaa da reemituvaat na alfa i koga lisjata pagjaat i 1001nokj mislev istite glasovi kje se, ama se razocarav, sega im katasrofa..
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Да, прч демек. Секако го личи.

    Мене сега серијата ми е поинтересна отколку првиот пат пред 10 год. Смешни ми се кафеџијата Ахмет, Џеврие, и Талат и Мулето во затворот, а тогаш не им обрнував внимание ним. Порано случувањата ги доживував трагично, сега си гледам сеир.
    Јака серија.
     
    На Tanjamm, темјанушка и joci26 им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.395
    Мене па Таксин ме изнервира со невестинскиот фустан. Тој треба да ја вразуми мајка му, а не само да вели „мамооооооо“, и да превртува со очи.
     
    На joci26 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Домачицата и чуварка на деца Фикрет едвај дочека да обелодени неверство на друга жена за кое не е сигурна дека се случило и нема како да биде се уште. Па кога ќе почне на сестрите да им продава феминизам, да се осамостоеле, да биле силни жени, а себеси не гледа да се среди и унапреди. Аман од вакви. Познавам лично, ич не почитувам.
     
    Последна измена: 23 април 2021
    На S.W.A.G, Tanjamm, Hoping и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.395
    Мене па ми е жал за неа. Искрено, мажена за вдовец со 3 кој наскоро ќе почне да ја изневерува, а таа пресреќна и ги отворил вратите на својот дом. Чудо. Таа сега им е слугинка, па згора на се и ја трпи и Џеврие. Таксин не е проблематичен како Огус, но не е светец. Жално за Фикрет. Родителите ја направиле да не знае за подобро од готвење, чистење. Таа избега од нив и требаше да стои настрана и да не се меша, па што сакаат нека прават.

    Порано кога ја гледав серијата, ги жалев децата на Али Риза и ги сметав за наивни, а денес гледам дека самите си се криви.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Повторно погрешно. Таа самата одбра да биде домаќинка. Кој ја одвраќал неа да направи нешто во животот? И Неџла ја тераат да риба за викенд, па тоа не ја спречи да учи или Лејла да се обидува да се запише на факултет. Јас повеќе ги гледам тие две да чистат и диплат, од оваа. И двете од срам се вработија, Фикрета секогаш седеше дома и се расправаше со Ферхунде која помалку да работи, ко некој со Ферхунде да излегол на крај. На Лејла и Неџла на почетокот им беше како затворски редар, зошто погледнувале мода или момчиња на улица. Тие воопшто не беа во добри односи со Фикрет, дури откако двете се оддалечија меѓу себе, почна да ги гали дадино нез што. Брат и се гледаше со мажена жена и него го тешeше, го гушкаше. А Лејла и Неџла во тоа време уште ништо не направија, мани им најдуваше. Таа е вообразена во својата “доблест“ и едвај чека некој да згреши за да го “оправа“ со љубоФФ. Јаман го вознемируваше преку повици и писма како манијак, барем да отидеше отворено да разговара со човекот, иако тоа што се случуваше не беше нејзина работа. Во се се меша, само тогаш кога требаше да реагира, да му каже на татко и дека Огуз се пушта на Неџла, премолче. Со право Али Риза и беше лут, но брзо и се извини, а таа избега од дома. Нема што да ти е чудно, мајка и се молеше нејзина ќерка да не се омажи за вдовец и Фикрет од инает почна да бара вдовец. Ти пишав поназад дека Тахсин еднаш ќе ја изневери, пијан. Не оти ќе бара швалерка. Таман е тој за неа, подобро не заслужува. Да не заборавиме дека сега Дениз повеќе работи од неа, и бебето ќе и го чува, а Фикрета ќе виси дома кај нејзините. Инаку семејството неа и премногу ја почитува, сешто си направија едни на други, само неа ја гледаат како ангел.
     
    На Glowy, Tanjamm и Hoping им се допаѓа ова.
  15. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Баш така. Би рекла Фикрет е многу покварена и подмукла.
    На сите им проповеда некои вредности, морал, глуми некое лудило а таа се обратно прави.
    Според неа мора човек да се однесува културно ама таа самата нема култура. Кога Ферхунде дојде првпат кај нив уште како девојка на Шефкет, Фикрет не се ни поздрави со неа, многу ненормално и се и испонаша. Каква и да е чим брат и ја донел бар однесувај се културно од почит спрема него а не така.
    На Фикрет ниту и се учело ниту сега и се работи. Се прави жртва сосила. Лејла и болна психички го молеше татко и да и дозволи не се откажа почна да работи, покрај тоа и спрема приемен испит. И дома чисти се. Исто и Неџла и работи и учи и чисти.
    Само госпоѓа Фикрет седи дома и проповеда некои вредности за животот. Она нашла на Лејла да и кажува да е самостојна и независна кога самата избега и се омажи и зависи од маж и.
     
    На Tanjamm и Аргентина * им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Апсолутно Лејла и Неџла од 1 епизода најмногу работат по дома, ни Хајрие не би рекла дека е мрзлива, жената е стара и болна, затоа се жали инаку она секое јадење го прави рачно. Фикрет ќе купи на готово и ќе рече: ви подготвив појадок :D масата е спремна.

    Па види го начинот на кој се облекува, не е нормален, божем живее во 1947 год. Сака преку облеката да покаже морал, како да има нешто неморално во современа сукња, маичка. Не ја судам според облеката, ама се гледа што сака да постигне и смешна е.

    Им завидуваше на Лејла и Неџла на почетокот. Шефкет го фаворизираше дека машко |( И олесна кога сестрите почнаа да грешат, се докажа дека била подобра од нив и веќе не им се лути.

    Таа почна да се закача со Ферхунде. Сега Ферхунде е фина со неа, ништо лошо не и прави, но таа ја претставува како најголемо зло, ужива да зборува за работи што не ги знае.

    едит - Фикрет всушност беше во најповолна ситуација од сите, немаше скандали ни товар, доволно беше да учи или да најде работа....ама не, и таа е зависна од драма.
     
    Последна измена: 25 април 2021
    На Tanjamm и Hoping им се допаѓа ова.
  17. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Хахахаха ме изнасмеа за облеката, баш испаѓа смешна.
    Уште памтам кога одеа некаде сестрите и брат и неколку пати излегоа она нигде не одеше, она најпримерна дома седи. :DЗабегана скроз.
    Само некој како Тахсин може да ја земе. Кај млад убав паметен, слободен би се излажал по неа.
    Кога Огуз ја силуваше Лејла, Фикрет тоа го премолче и се направи наудрена а животот ќе и го спасеше да кажеше. Ама кога разбра за снаа и одма отрча да разгласи. Како што реков покварена. Не знам зошто ја претставуваат демек е добра и морална..
     
    На Tanjamm и Аргентина * им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.395
    Ама реално сите си имаат проблем, ама сите деца на Али Риза. Сам човек што ќе си направи никој не може, така и тие. Не мислам дека се Неџла и Лејла многу вредни. Освен што се препираат, друго не гледам. Премногу се безобразни. Лејла дури се закануваше дека ќе ја истепала Неџла. Тоа што тие го работат не е ништо посебно. Фикрет везе чаршафи, Неџла беше келнерка, а сега работи во списание каде ја примија од почит кон татко и. Лејла се вработи поради ургенциите на Ферхунде и добротата на Јаман. Кога девојката на Јаман и наредуваше што да направи, таа превртуваше со очи. Ферхунде отиде на работа со цел да му се пушта на Левент, и во новата работна средина два пати беше пред отказ или три пати, за месец дена. Нејзе ја подучуваше Ѓулшен како да се покаже на новата работа. Поим немаат од работа никој од нив, а сакаат пари. Хајрие под стрес и во еуфорија оти почнала да шие. И помогна Неир инаку и тоа не би можела. Се на се, неспособни се. Али Риза по стари години преведува за да заработи повеќе, ама пак направил мнгоу деца, и требал да планира дека нема да можат да се издржуваат во иднина.

    И не се сложувам со него дека Фикрет е роза, а розата каде и да е ќе си биде роза. Рече дека Фикрет на пуста нива и дала живот. Не Фикрет се задоволува со ништо, со внимание на еден вдовец, кој Ферунде го нарече селанец и не е далеку од вистината. Таа трпи психичко насилство од Џеврие. Се прави рамнодушна, но многу пати се тргаше настрана и плачеше. Зборовите сепак ја повредија.
     
    На tinka-mace и joci26 им се допаѓа ова.
  19. joci26

    joci26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    A se sekjava nekoj dali Neir i Sedef kje se otselat?
     
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    Кога ја даваат и каде?