И морам да кажам дека многу ме нервираат со тоа висењето на прозори и посматрањето по комшии кој што прави! Не за џабе и ден денес си имаат некои такви навики комшиине,ете од каде!Од турско си останало Поготово Седеф и мајка и... Ах еве го Шефкет иде од работа.Ах ете го Шефкет оди до продавница. Од друга страна им е корисно! Да не видеа они ќе им изгореше куќата на Али Риза и тетка Хајрие
Колку?! Исто како што беше Забранета љубов на А1, ако се сеќавате. Јас по 3 години ќе заборавам на филмов... ехехеее
Лејла многу ме нервира.Глуми некоја светица дома пред нејзините,а таму со тој адвокатот се впушта во флертови, а тој женет со дете. Неџла е сто пати поубава и попаметна од неа. Неџла прва се фати со Огуз и одеше со него и беа многу убав пар и мислам дека Огуз сеуште само неа ја сака. Кога беше Лејла во брак со Огуз,жална ми беше кога се радуваше на богатството(купуваше гардероба, па фризури,па кола и купи Огуз ) Во ниту една серија не заприметив дека Неџла обрнува внимание на материјални работи. Негативен лик е Огуз во серијата и многу лошо постапи, посебно што спиеше со Џејда, но не можам да го мразам . И страшно се нервирам кога дознав дека Лејла ќе биде пак со него А, Седеф... хмммммм...Тивка вода , брег рони.....
Fилмот нема да трае 3 или не знам колку години,а во Tурција се дава толку време затоа што има повеќе сезони и тие чекаат да се сними една сезона па ја емитуваат и затоа се дава толку време.Kај нас се стигнати некаде до 60 епизода а вкупно има околу 160,така да ќе се емитува само уште неколку месеци.
а што со седеф... не сум во тек ќе ми кажеш?? таа беше онаа малата слабата што го сака шефќет( ако е таа многу ми е антипатична не знам зашто)? .... а лејла и мене не нервира се трескаше од земја, а сега со овој стариов почна да флертува, а кај жена му (мислам дека му е жена) оди на разговори! срам да и е, убаво и направи неџла бре! а не дека лејла го сакаше огус, туку егото и се скрши што неџла и го зема! многу глуп човек е ејјј! и фикрет некад ме нервира озбилно, особено како и се трескаше од земја на ферхунде! и многу ме нервира нејзиното примитивно понашање во повеќе наврати! и шефкет, тој па, лопов! и ајде ферхунде сега да не е крива што него г*зето му сака пари? па и јас да сум на нејзино место ќе си ќутам дека имам пари во банка, па што? да им дадам на нив да ми ги изедат?? ајде да заслужиле, да, ама овие ништо не заслужуваат зашто секогаш лошо се понашаат со нејзе,и кога не заслужува!и јас да сум на нејзино место ќе пукнам во таа куќа полна со негативна енергија и проблеми!и али риза и жена му ме нервираат понекогаш! освен неџла и ферхунде сите ме нервираат од таму
јас знам дека вака некако ќе се одвиваат работите натака - Spoiler чичко али риза ќе ја продаде куќата, за да го раздужи шефкет, а тој ќе бидфе во затвор затоа што ќе измислат дека тој убил човек (иначе огус ќе убие), а али риза ќе се парализира и ќе онеми -ферхунде ќе сорабтува со Јаман, потоа ќе се разведи од шефкет и ќе се омажи со тој стариот што ќе ја купи куќата од али риза, само од инат за да остане во куќата (подоцна али риза и фамилијата ќе одат да ја видат куќата и ферхунде ќе им отвори) -неџла ќе биде пак со џем и тој ќе умре мислам дека по вина на ферхуне -лејла ќе биде пак со огуз и ќе има дете од него -фикрет ќе има дете од таксин, а тој подоцна ќе ја остави и ќе оди со други жени -седеф ќе работи некаде во странство и ќе се омажи со еден друг (многу грд) , а мајка и ќе биде со кафенџијата
Не е нормално колку е лош преводот, т.е. синхронизацијата. Во епизодата кога Неџла дојде дома, сестра и Ајше нешто цело време ја гушкаше и на крај пред да оди во школо на сите им вели : До гледање, а Фикрет и вели : Се вика До видување, се уште ли не научи?! И пред да излезе Ајше низ врата, Фикрет и вели : До гледање Ајше! И ај сега?! Ни самите не знаат што сакаат. Или на пример кога Ферхунде беше во болница, доаѓа адвокатот Џан и вели : -Поради здравствени проблеми, таа една недела треба да се одмори. Поради здравствени проблеми, таа една недела треба да се одмори. Таа треба да се одмори. Е ај, не можеа уште еднаш да ни потенцираат дека таа треба да се одмори.
Хахаха, па нешто слично е и кај нас, има и еден виц „Ако незнаеш кога си дојде дома вчера, прашај го комшијата ќе ти каже“ Се извинувам за оффтопикот
Spoiler За привтаниот живот исто така за Огуз прочитав дека имал 3 години долга врска со некоја адвокатка и кога таа решила да почнат да живеат заедно тој ја раскинал врската бидејќи не сакал да се врзува. Во Турција е познат како Мачоменот, најпосакуваниот маж во Турција (па и навистина е доста убав само улогата не му даде тоа да дојде до израз). Исто така за него имаше дека по Facebook некоја манекенка му понудила брак мислам дека беше Едие Гјурсел но тој сеуште не и одговорил, а на ѕидот и пишувал дека е многу убава и привлечна жена. За Шефкет е тоа точно но тој сеуште не бил излекуван и во болницата земал дрога. За ферхунде имаше дека имала завршено студии по актерско мајсторство во Анкара во 2004 година и и било задоволство да работи со таква екипа како во Кога Лисјата паѓаат. Нејзината улога е толку вистинита што многу им се допаѓала на младите турчинки бидејќи сите тлеат длабоко во себеси да бидат како Ферхунде. Такви нешта како што Ферхунде ги прави во серијата традиционалата Турска жена не може да ги прави. Ферхундее умее во секоја ситуација да се спаси иако постапува многу егоистично, дејствува без да замисли дали со тоа некој ќе повреди, но сепак е итра смела и многу умна а посебно се облекува во стил. Тоа е она што ја прави нејзината улога интересна. Била во врска со убавиот Левент кој подоцна ќе се појавел во серијата и со него била скоро 2 години. За Неџла прочитав дека е од Германија значи како мала не живеела во Турција и немала поим за романот на Решат Нури дури откако добила улога го прочитала романот. Во приватниот живот не правела грешки како Неџла. Нејзиното семејство е слично како од Али Риза , имала 3 сестри и исто така се собирале сите дома на вечера. Дипломирала Социологија и Психологија во Германија но кога почнала со снимањето на серијата таа ги прекинала студиите па потоа продолжила паралелно и да учи и да глуми. Исто така запливала и во водите на манекенството и имала направено фотосесија со која ги преплавила турските магазини.Но имаше и дека ја викаат Турската Моника Белучи. Таксин во приватниот животот неодамна се оженил и тоа е се што памтам а иначе купувајте секој ден Шпиц тука ќе најдете по нешто ново за глумците.
исто и мене така лошите момци ми се уште по сески но тоа не го мислат сите одвратен им е на повеќето заради улогата иначе навистина е убав како за турски маж