Жал ми е за Лејла. Стварно е загреота. Како нејзините не приметуваат дека психички не е добра ептен е нестабилна. Лесно може човек да ка манипулира, лесно потпаѓа под туѓо внимание, наивна е и плус се гледа дека не е добра психички не знам како да објаснам, неа стварно и треба терапија и плус внимание. Јаман што ја одби во право е ама она е загреота не го заслужува сето ова што се случува, не е она крива. Неџла е опасен манипулатор. Дома ја користи љубовта и грижата на нејзините родители а надвор нејзината убавина и гази преку сите.
И Шефкет делумно пропадна поради Неџла, таа кога избега, Лејла полуде и немаа пари за лекување, па тој почна да краде од банката. Затоа не ја сака он Неџла, оди со Лејла да се гушне и Неџла забележува па почнува и таа да се преправа и лигави. Јаман е приказна за себе. Тој се збогати преку криминал, Ферхунде правела далавери во банката за него и со пари и се оддолжуваше. Сега не сака ни лира да даде да помогне, а Лејла побара само заем, му рече да и скрати од платата. Нека и каже ова е последен пат, ќе знае да не му бара повеќе, а тој де вака, де онака. Да му речеше Есра да им даде, ќе им дадеше, глупак е тој. Барем Џејда убаво го манипулираше со години. Криминалци како него просперираат, а чесни како Али Риза ќе си умрат од општеството.
Шефкет е слаб карактер. Но причината зошто е во затвор е целото семејство. Не оправдувам што крадеше. Ама па и тој цело семејство го снабдуваше со пари. Другите буквално трошеа до бесвест. А враќањето на долгот тешко им падна. Ферхунде исто требаше да враќа и таа трошеше од крадените пари и знаеше како се добиени. Сите беа индиректно сооучесници. Да трошеа колку што им беа приходите, а не како да се пребогати, немаше да стигнат до тој степен.
Неџла е иста како Хајрие. Ова и мајка ми го забележа гледајќи ја серијата. Манипулира, се фали, ја користи убавината и дома наклонетноста на родителите. Не и е гајле за никого. Го користи Џем, па уште и превртува очи не ја сакале неговите. Па нормално, кој сака курва која бега со зетот? Плус тие се семејство кое тоне и е далеку посиромашно од она на Џем. Семејството на Џем е богато, угледно, но скромно според мене. Мајката на Џем не и кажа ништо лошо на Хајрие, туку фино и објасни дека веќе тие двајца не можат да имаат нормален однос, и затоа Неџла да не се вртка околу Џем. Хајрие па се радува што Неџла пак ќе се тупне кај Џем, вака или така. Битно е да дојдат до пари. Точно е дека Шефкет, пропадна поради семејството. Ги снабдуваше со храна, плаќаше сметки. Тој требаше да пресече, да не дава пари за потребите на неговите сестри. Доволно беа возрасни да работат. И со пола работно време да работеа и да студираа, ќе имаа барем за себе, не мораше да трчаат по некој како Огус или да се на грб на брат им. Му ветија на Али Риза дека ќе му помогнат, но сега ќе го извисат. Ќерките се неспособни. Нормално дека Јаман не треба да им помогне. Дури и да му помогнала Фехунде за земање кредити, сепак тој во неколку наврати им помогна. Друго Шефкет, кога се вработи како банкар, Хајрие рече дека платата ќе му биде 1.200 лири, а Лејла на Јаман му бара 38.000 лири. Како би му ги вратила? Ќе работи со години за без пари? Плус тој ја прими оти ја сожалува не дека таа е некоја способна и работлива. Откако не и даде пари веднаш му рече дека ќе излезе од работа.
Фикрет претера со тоа дека нема да се врати кај Таксин. Буквално ќе испадне како да му ги дрпнаа парите и сега не се враќа.
Што бараше Јаман на регистрацијата на Неџла и Џем никако не може да ми стане јасно. Директор е на сестра и која ја одби за пари, поранешен партнер на мажот на сестра и кој го измами, украде и жена му остана бремена од него и поранешен пријател е на брат и снаа и, брат и кој го украде.
Јаман е во право што ги одби, на глава му се скачија со сите нивни проблеми и илјадапати им помогна. Адвокат за разводот на Лејла, адвокат за Ферхунде, адвокат за Шефќет, се бесплатно. На Ферхунде и позајмуваше пари, Лејла ја вработи и што уште не. Онаа Хајрие квакнала на кауч и чека другите да домкнат пари за да се плати долгот. Самата, пак не мрда со прст, па уште го критикува Јаман зошто не им дал, како тој да им должи. Само офка, лелека и кука, пример како не треба. Фикрет претерува, едно две, дома кај незините. Има семејство, сопруг, ама на секој проблем кај нејзините оди и не знам што фајде од сето тоа кога и не прави кој знае што. Џем е како измислен. Симпатичен, стасит, образован, културен, за Неџла премија. Има свој став, не е поводлив пред неговите, се бори и застанува зад своето.Ни тој, ни неговите ниту еднаш не фо издискриминираа семејството на Неџла зошто ете имаат проблеми и се финансиски понемоќни. Хајрие нема право да се лути на госпоѓа Сузан, по тој срам што Неџла им го приреди, не знам што очекува. Ги разбирам родителите на Џем, им беше причинета огромна навреда и штета, а Неџла уште долго ќе си го влече Огуз зад себе, уште ако се земе предвид дека се работи за насилник и криминалец, оправдан е нивниот страв.
Јас и се чудам на Хајрие кога вели дека Сузан го кревалa носот, не сакала да зборува, немала образ. Тие се богати, но скромни и чесни. Ниту еднаш не ги потценија затоа што немаат пари, туку затоа што Неџла избега со зетот, нив тоа им пречи и немаат доверба. Џем за мене е мутав. И самиот се плаши дека Огус ќе и додева на Неџла, а тоа го прави од несигурност, знае дека него би го оставила пак за Џем.
Ова е мојата омилена серија, за сва времена. Поврзана со некои моменти од мојот живот кои се случуваа додека за прв пат се даваше кај нас. Тажни моменти Често се случува да се навратам на минатото и да си поплачам Во срцето ми е, а бе жива среќна бев кога рекоа ќе се емитува на алфа. Секое утро во 10 час сум нацртана да ја гледам. Како врват епизодите, се потешка е за гледање, смртта на Џем воопшто не му требала на режисерот, тажно е стварно. Сега, вториот пат додека ја гледам ова ми е болната точка. И оние епизодите кога нема да живеат во куќата не ги свиѓам, некако, не е тоа тоа. Освен смртта на Џем, втората најголема глупост во серијата е тоа што Лејла ќе биде повторно со Огуз Инаку, сега ја гледам 10 години постара и многу работи поинаку ги сфаќам. Според мене, најголемото зло за фамилијата потекна од Шефкет, ја знаеше Ферхунде каква е. Не зборувам за разведена, туку ја осети дека прави сплетки и интриги и само "доста Ферхунде", само тоа знаеше. Второ Лејла и Неџла немаше да дојдат до онаа ситуација ако не беа неизживеани, а не тие не смееа да мрднат настрана и прва прилика глупост се прави. Ќе запрам пред да почнам да звучам како баба ми, таа муабет си прави со нив додека гледа
Мислите дека Ѓулшен намерно сака да и забие нож во грб на Фехунде или само така се поклопи? Убаво и кажа се во лице, а и не знам зошто Ѓулшен се дружи со неа, ја трпи и и помага.
И Неџла е преубава, ептен се убави заедно и пак ќе речам штета што таков крај имаше нивната приказна. А после лисјата, Џем не го имам гледано во други серии
Во Забрането јаболко го глумеше Синан Сајги, љубовникот на Ендер и човекот кој се ожени со Зехра. Но, тука беше посериозен, постар за разлика од тоа кога го глумел Џем.
Жими се никогааааш немаше да се сетам, а ја гледав првата сезона од таа серија. И ако не ми кажеше сега, пак немаше да знам
Јас па во оваа серија не најдов машки лик што ми е симпатичен. Неџла да побараше некој позгоден и поотракан богаташ од смотаниот Џем, можеби немаше да избега со Огуз. Ама избрза, се исплаши да не нема друга шанса во животот. Мн се наивни децата на Али Риза, Неџла му подава рака на Огуз како некое дете. Тој сигурно се подбиваше.