Џем е убав, Левент е фраер исто, Јаман беше привлечен... За децата освен што се наивни, дури се и глупави. Која вредност ја следеа? Никоја! Најмногу ми е жал за Лејла, а освен неа, втор најголем виновник за нејзината состојба е татко и, што ја натера да се омажи тогаш. Таа никогаш и не го сакаше Огуз, вториот пат ќе се смири од суета, од ниска самодоверба, што не знае дека заслужува повеќе, жално.
Џеврие е наш тип на човек, не сме учени на "многу почитувани" како што вели таа за Фикрет И во право е дека е намќор.
Tребаше ладно да сврти грб и да си замине. Да го игнорира. Таа па мутава веднаш потпаѓа под негово влијание, застанува и ќе се објаснува.
После Назми ќе се разочара и ќе си замисли дека никој никогаш нема да ја сака заради минатото. Од страв дека никогаш нема да се омажи, ќе му се врати на Огуз. Буквално ниска самодоверба.
Назми беше лик измислен за буквално да направи зијан, се појави само за да се создаде уште поголема мешаница, да се повреди човек повеќе отколку што може да поднесе. И ништо не и донесе памет, напротив, направи животна грешка.
Jас ја познав доволно ми беше еднаш да ја видам.Симпатична е ептен. Ми личи на Сања Вучич, вокал од групата Hurricanne. Баш спореди Шефкет колку се радуваше на средбата со Ферхунде а таа не отиде да го посети.Жал ми е за него , уште слепо и верува и покрај тоа што на очи будала го прави.Ем знае дека го изневерила ем пак трча по неа.Свашта. Оваа Лејла цела серија се лечи од депресиии никако да се излечи има ли крај
Само тонат и тонат. Веќе не можат да се борат со проблемите и со долговите. Од Џем земаат пари, вратија на Левент. Хајрие па навива Али Риза да работи кај Кемел. Абе нив им се повраќа од семејството Текин, таа па само сака да искористи било што, битно да не се мачи. Хајрие нема свое јас.
Го гледав секој ден во Браќата на канал 5 до скоро, хаха, уште малку и ќе се појави во Лисјата. Се сеќавам дека беше сељак, но имаше добра душа и Ферхунде го искористуваше, а зад грб го озборуваше. Ама Шефкет ќе ги разведе и ќе го спаси
И јас тоа го помислив, ама па не им требала и Ајше како петто дете. Не можат со другите да се справат, многу им се, а на пак и петто.
Небитно едно, две или пет деца каде што има кавги за финансиски проблеми е секаде исто. Инаку да, со оглед на тоа кога е дејството нормално е што имаат пет деца. Иако за некои работи не го оправудам Али Риза сепак премногу е добар и премногу вреди за една жена како Хајрие. Она дефинитивно не го заслужува. Ај што е необразована, ај што нема никогаш работено туку е и многу и злобна и проста и манипулатор, сите лоши особини ги има кај неа.
Фикрет претерува со тоа останување кај родителите. Не е нормално при маж и деца, мама и тато ми се скарале јас не си одам дома ќе ги смирувам. На секој еден проблем таа со денови останува. Нема смисла.
Таа претерано се грижи за нив, иако тие не се грижеа за неа, и ја третираа како стара мома која нема друг избор, освен да им служи нив. Неџла и Лејла си бркаат работа. Гајле не им е. Лејла прашува дали Назми е црн или русокос, а таа и вели „ има убава кола“. Хајрие е мрза невидена. Уште па сака Седеф да и биде снаа. а Неир културно се противи. Не знам што бара Ѓулшен во фирма каде газдата се швалерисува со вработена како Ферхунде. И таа е многу лицемерна.