А памтиш еднаш кога Хајрие и рече на Седеф ако се вртиш околу куќава и Шефќет ќе ти ги скршам нозете. Сега за снаа ја сака. Лејла е за греота, психички не е добра и само страда ама Неџла е иста како мајка и, злобна, егоист, манипулатор. Ѓулшенче ќе си најде ли дечко до крајов на серијава?
Да, да, нозете ќе и ги искрши, а сега нон стоп им виси на врата на Неир и Седеф. Хајрие работи благодарение на Неир, инаку каде би нашла работа на тие години. За се го обвинува Али Риза, а тој си даде отказ откако сфати дека сватот прераспределил некој друг вработен, за да има работа за него.
Левент и Асли се пооткачени и од лудата Ферхунде изгледа. Левент се затреска во таков ѓавол ко Ферхунде, а Асли пак му ги толерира сите излети на нестабилниов и трча по него.
Седеф е забегана. Како 11 годишна се однесува покрај Шефет. Леле го бакнала, леле што направила. Доволно е возрасна за да знае дали сака да бакне некого.
Затрескана е и не може да сфати дека црно и се пишува со него, затоа што тој си го растури животот. Убаво ја учи мајка и, само ќе и треба време да сфати дека е најдобро да се откаже од него.
Како може уште да е затрескана во него, откако се запознаа, тој се ожени и се разведе, нејзе само рецка и удри, таа продолжува да се брука пред сите. Нема самопочит, забегана. Иначе, сега треба да се појави нов Шефкет, т.е. замина актерот кој досега го толкуваше.
Ќе каже Асли (не знам може поминал делот) дека секоја девојка на Левент му е пролазна, на крајот секако ќе биде нејзин, знаејќи дека таа е финанскиски моќна и му парира во работата и кариерата. Да беше Ферхунде помалку лакома, ќе го задржеше Левент.
Епа кога човек е лудо заљубен нема самопочит и има искривена слика за реалноста. Таа колку и да сака да глуми дека не и е важен, сепак му посакува се најдобро, му верува. Тој не е за неа. Нестабилен е скроз. Во право е Неир кога и зборува дека не треба да го гледа него, дека тој не и дава повод, не и обрнува внимание.
Не знам зошто го напнуваат Али Риза да работи, кога тој е пензионер. Цел живот работел до кога да работи и за што? За долговите кои ги направи синот? Хајрие па уште ќе кажува Али Риза бил себичен. Како е себичен кога цел век на грб ја носел неа и пет деца?
Познавам вакви ситуации каде сопругата си дава отказ зошто не и се работи, а на мажот му се истура на глава зошто не заработувал доволно. Хајрие е ист ваков случај, цел живот лежи, нели сопруга на градоначалник, па сега земала пришила некое парче за да и припомогне на Нехир, ставила пара в џеб и мудрува со ,, стажот,, од два месеци, чиниш гуру за работни односи станала. Ајде, болна била, ама луѓе со тешки болести се влечат на работа, кога мора се на боледување, ама се држат. Разгалена е, сака богат живот, така си ги подучува и ќерките. И Огуз го прифати дека има пари, иако криминалец, битно пари имал. Друго, го жали Шефќет, па фала Богу ќе работи, кој ако не тој со триесет и кусур години. Е бил таксист, е па со тоа досие сигурно директор нема да биде. Татково оти не рмбал на старост, синчето му се мачело. Се му се простува на Шефќет, а три чисти нема во тоа тиквата. Од друга страна Али Риза си е прикаска сам за себе. Бара утописка работна организација, и дава отказ оти некој си бил неправеден кон некого, оти некој работел криминогено,оти некој за нешто се навредил. Вакви ставови реално не одат ама ич рака под рака со функција градоначалник, ама ете серија. Ферхунде се спаси од нив, само толку ќе кажам, токсични се.
Врската на Левент и Ферхунде ми е прилично бизарна. Тој е непредвидлив, таа се влечеше со разводот, а тој па како опашка ја влече Асли. Неприродно, мора бившата да му биде дел од бизнисот. Не е добар избор за неа, неа и треба цврст и силен маж, вистинска потпора, овој Левент никаква сигурност не и дава.
Ма и Ферхунде е ѓубре кое бара жртви секаде. Сега и вети на мајка и дека нема да работи во фабрика, ќе имала зет како Левент, на што личело да шие. Таа ќе и купела куќа. А не знам што виде Левент во неа. Таа е толку проста, неработник и проблематична. Сузан му ги отвори очите на Назми. Таа ненамерно му ги отвори очите, оти тој не кажа дека ќе се види со Лејла. Хајрие работи затоа што Неир ја жали и и да дава шанса да помогне нешто, да земе некоја пара оти и требаат. Реално друг неа нема да и даде работа. Кафанџијата Ахмет и Неир дури премногу му помагаат на семејството Текин. Лејла и Неџла си немаат гајле. Нели ќе му помогнат на тате, и ете ги снема при прва прилика. Лејла нема капацитет да работи. Неџла си гледа само свој интерес.
Зошто сте толку против Хајрие? Жената е проста зашто ја воспитале да биде домаќинка, не верувам дека имала избор во животот. Сега и е криво што живее таков живот. Тоа што сака пари е нормално, без пари си никој и ништо на светот. Гледате, Сузан не вели Неџла е неморална, вели како прво, Неџла е сиромашна, не му доликува на нашето семејство. Секоја чест за Али Риза што е чесен, но така денес не оди.
Сузан сега прв пат кажа дека Неџла е сиромашна и не им доликува. Подоцна веројатно ја раскажала целата приказна за Лејла и Неџла, оти побара на врата да и вети дека тоа ќе остане меѓу нив, а на Назми ликот му беше чуден. Очигледно е фрапиран од тоа што го слушнал. Јас ја оправдувам Сузан, не ја оправдувам Хајрие. Ај што сака пари, нека си сака, туку сега кога децата и направија куп проблеми и никој не ги сака, гледа да ја пикне Лејла кај тој Назми, оти е доктор, а Седеф ако може да се венча со Шефкет. Тоа така не оди и нема да успее.
Не е ова такмичење помеѓу Сузан и Хајрие. Не ја знае Назми се уште приказната за Лејла и Неџла, Ферхунде ќе му каже се и тој ќе се скара со Лејла зошто криеле од него и ќе си оди. Лејла ќе доживее нервен слом, ќе се налути на Неџла и Џем, па ќе си замине кај Огуз. Назми ќе се врати во Истанбул по неа да се смират, ама ќе ја види со бившиот маж и во нервозата ќе има тешка сообраќајка. Не се сеќавам дали ќе загине, ќе му останат некои последици, или полесно помина. Сузан немаше никаква потреба да ја спомне сиромаштијата, но и таа е свесна дека тие се проблематични затоа што се сиромашни. Мислам дека семејството на Џем ја прифати Неџла на почетокот затоа што и тие се подлажаа како Ферхунде од фактот што Али Риза бил градоначалник, не ја знаеја неговата вистинска ситуација. Дури сега кога потона во долгови тоа што е сиромашен им пречи, барем на Сузан. Богатите какви афери ги следат, чист пример се Левент и Асли. Ама сиромавиот да направи грев, многукратно поскапо ќе го плаќа. Кафеџијата Ахмет е многу добар човек, на сите им позајмува пари, вика зошто да стојат така на сметка. Не како Јаман гнасата. Ферхунде колку му помогна нему, тој вака и врати. Јаман е исто така за во затвор, нека биде среќен што Огуз не го издаде што правеа заедно на почетокот.
Да, Ахмет е навистина добар човек. И на Али Риза и на конзулот му позајми пари. Мене ми е смена Џеврие, се затреска во Садун. Смешна е. Нејзе па не и личи да биде добра и слаткоречива.
Ви текнува кога Лејла ја тераше да биде со Џан? Лејла се лекува кај доктор, во исто време е само клиент на Џан кој што може татко да и биде и е во брак со дете. Епа мене тоа не ми е нормално. Нормално ајде да бара со пари ама врсник и слонбоден да е, а не женет.