Јас сакам ти да бидеш со него, така и рече Хајрие на Лејла. Човекот скоро колку Али Риза, и плус си има жена и дете. Ако го слушаа Али Риза, да беа чесни, да не фаќаа работа со секакви луѓе, децата немаше да заглават во проблеми. Можеби е старомоден, но е чесен, и сфаќа дека од крадење, лажење, манипулирање, измами, нема добро, може само да се заврши во затвор.
Во турскиве серии не внимаваат многу на возраста на актерите, гледав порано една серија, двајца кои глумеа мајка и син ирл се само 10 години разлика, кога открив на гугл се стаписав. Така да, не мора да значи дека адвокатот бил толку постар од Лејла, како лик во серија зборам, може само актерот го избрале стар. Иначе Хајрие не е зла, никому намерно не наштетува, едноставно е проста. Последно се пресмеав кога дојдоа полицајците по Шефкет, ги гледаат низ стаклото од вратата дека се дома, а Хајрие му вели на Али Риза “не отварај“ и овој само и враќа “Боже, Боже“ Исто прошлата сезона, да не беше Али Риза, ќе му ги дадеше сите пари на таксистот кој сакаше да ги измами. Многу е проста и смешна. Она е типична жена од минатото воспитана да не мисли со своја глава, т.е. воопшто да не размислува, јер и така мажот треба да го слуша. Затоа лесно се пере нејзиниот мозок, на пример Ферхунде ја манипулираше од забава, а и децата покрај таква мајка попримиле доста од неа. Таткото нешто попаметен, ама класика, цел ден работел, немал време за децата и ова е резултатот.
Еее мене ми е мило што Левент виде дека не го сака него, туку ги сака парите. И тој си игра со жените.
Ако дознае Ѕверхунде дека Јаман и ја расипа свршувачката, црно му се пишува.
@Аргентина * не следев што кажал Јаман за да и зафркне се на Ѕверкава? Овој Назми и Лејла многу убав пар ми се. Назми е предобар, не знам дали ќе останат заедно ама си одговараат. И Лејла сакам со Џем да остане и да се средат работите , да си живеат сите среќно заедно.
Јаман на Асли и откри се за Ферхунде и за семејството Текин и ја претстави во многу лошо светло, се издрдоре. Асли ја викна сестрата на Левент (на Џем бившата) и прво и раскажа нејзе, потоа двете заедно на Левент. Левент веднаш раскина со Ферхунде, ама таа не знае точно зошто.
Неџла наместо да се срами, изигрува жртва пред домашните, свекорот и свекрвата. Манипулаторка. Лејла е за жалење. Кај неа нема злоба и манипулации, туку има лабилност, пречувствителност, глупавост.
Оваа Фикрет на секој проблем на нејзините одма дома оди, како свое семејство да нема. Што ќе направи ако е кај нив ќе им ги реши проблемите, има право Џеврие што вика како сака да остане бремена кога никогаш не е со мажот.
Еее ајде де, избега од нивните проблеми, сега само трча кај нив. И таа претерува. Се сеќавам дека Лејла и се дереше на Фикрет кога си замина, и тоа поради Огус. Сега па таа се нервира што Назми и раскина на Лејла.
Неџла го уцени Џем дека можела да биде со него, ама и не морала. Таа е најлоша од децата на Али Риза. Глуми жртва, а всушност другите се нејзини жртви. Митхат е прост, ама па ги спушта на земја да сфатат дека не вредат, немаат пари, паднаа на дното.
Токму така,. Глуми жртва и не покажа ниту грам каење, ниту грижа на совест. Животот ја разгали и ги доби најубавите дарови кои една современа млада жена може да ги посака. Со Лејла си тера некој мајтап и се потсмева на нејзината психички состојба во која се најде благодарение на неа.
Па и родителите не ги жали. Нема обзир ни за нив, ни за свекорот и свекрвата. Премногу е себична. Ни за сестрите не се грижи, не и е гајле за никого. Дури кога семејството на Назми за почеток ја прифати Лејла, иако веќе била во брак, таа беше нерасположена. И беше криво. И не знам Али Риза и Хајрие што толку не можат да најдат стан и одолговлекуваат, кога и онака за тие пари нема да најдат луксуз. Лејла е јадна. Огус кого го викаше ѓубре, сигурно веќе и направил дете. ДВа реда муабет, и му скокна во кревет.
Лејла не е јадна. Лејла има психичка состојба/болест што и да е. Ја "лечеа" на погрешно место со погрешна дијагноза со се погрешно. И затоа и секој ден и е се полошо. И затоа му се смири. Не е свесна што прави, не е во состојба рационално да размислува. Али Риза приметува дека не е добро ама ни тој самиот не знае веќе како да постапи што е нормално освен како секој загрижен татко да разговара со неа. Нема повраток за Лејла, доцна е веќе. Уште ќе забремени од него. Жално. За Неџла немам зборови. Нарцис, егоист, гази преку сите не знам веќе како да ја наречам. Џем е без памет што ја сака и трпи.
Јас мислам дека Фикрет и Шефкет исто така имаат психички проблеми, нешто генетски им е, како сестрата на Али Риза. А Неџла поради убавината стана самобендисана и обземена со себе. Сега штом се врати од Европа бетер ќе биде, носот во облаци.
Неџла ств физички преубава, актеркава сега на 35 не е воопшто променета од тука кога имала 20-тина години, ама каков карактер и доделиле во Лисјава.... да го толкуваш, да ти дојде да се откажеш од улогата.
Нема ни да најдат за брзо. Ќе престојуваат на горниот спрат од куќата долго време, ќе му плаќаат кирија на Митат. А стан нема да купат никогаш, ќе му ги дадат парите на Шефкет за бизнисот со градење згради кој секако ќе пропадни, тие ќе се влечат или по кирии или кај Неџла во новата куќа. Многу се глупави, многу. Затоа на питачко дереџе ќе паднат.
Тоа сакав да кажам., јадна е оти има психички проблеми, и не може ни самата за себеси да се грижи, а не пак нешто друго. Сите му ветија на Али Риза дека ќе помагаат за враќање на долгот, и толку од ветувањето. Лејла нема ни капацитет за работа. Џем е премногу наивен.