Знам дека Али Риза си умре во дворот на куќата, ама не се сеќавам како при продадена куќа останаа пак во истата куќа. Значи тоа е.
Spoiler Митхат ќе се ожени со Ферхунде и ќе го избрка семејството Текин од куќата, тие ќе се степаат на денот на венчавката. Откако Митхат ќе се разведе од Ферхунде, мислам дека ќе посака да ја продаде таа куќа и Огуз ќе стане новиот сопственик. Али Риза шлогиран ќе го донесат да живее таму и тој ќе биде целосно потиштен, но не ќе може никако да се спротивстави.
Колку тажна приказна. Ниту едно од децата нема да заврши добро. А најмногу ми е жал за Али Риза, он не го заслужува ова.
Сите ќе живеат лошо, се некако на сила од немајкаде, но самите се виновни. Влетуваа од проблем во проблем и тоа е резултатот.
Погоре во коментарите, прочитав фантастични описи на главните ликови. Според мене, најпозитивен лик, во серијата е Не(х)ир, соседката на семејството Текин. Цел живот е самохрана мајка, како лавица се бори за Седеф и постојано ја заштитува. Не и ја вади душата ако погреши, тука е ако треба да се решаваат проблеми и цело време правилно ја насочува во животот. Резултат на тоа правилно воспитување ќе биде, Седеф од сите млади во "Лисјата", ќе има најсреќен живот.
Дури сега ми текна да прашам... Таткото или очугот на Ферхунде, ја силувал Ферхунде или ја тепал Ферхунде и нејзината мајка?
Секогаш се спомнува ,,ја нападнал,, Ама кога Лејла пребаруваше низ архивите на весниците кои пишувале за случајот мислам дека прочита дека се обидел да ја силува. Однесувањето на Ферхунде си влече корени од детството.Траумите кои ги доживеала прават да е алчна и користољубива.Не извлече никаква поука од целото случување. Поука во таа фамилија никој не извлече. Па ни Али Риза. На цела сиромаштија, на улица останаа, тој финансира во градење станови.Човекот со чесна намера му подаде рака на синот кој излезе од затвор (нели и тој треба да живее и да почне од некаде), ама многу е наивен. Огуз ми е нај чуден од сите. Лејла не сакаше да ја погледне, сега пак и се приближува. Многу е не дефиниран. Претходно беше со Лејла за да биде поблизу до Неџла, да може да ја гледа секојдневно. Не се прашува Лејла - можеби и сега е со иста цел ??
@referentka, а мајката на Ферхунде која е во филмот? Каква е по карактер? Како Ферхунде или е добра личност?
Нема некоја посебна улога во серијава за да може да се оцени, мене лично ми оставила впечаток како коректна. Кога очувот ја нападнал Ферхунде, и паднал мрак на очи и го убила. Си одлежала за тоа долги години затвор, при што Ферхунде живееле по домови. После излагањето од затвор, ја пронаоѓа ќерката и се обидува да продолжи да живее, се вработува во шивалница. Ферхунде најпрво се срамеше од неа, за да подоцна почне почесто да и се јавува на телефон па и извесно време да живее со неа во станот кој го купи со изнудените пари од Огуз.
Огуз делува дека се променил после затворот и сака да и надомести на Лејла за сите зла што и ги нанесе. Но, самото тоа што на Неџла и прати слика од него и Лејла, изгледа дека и пркоси на Неџла и сака да ја нервира, во што и успеа.
Али Риза колку пати заврши во болница поради Огуз, престанав да бројам. Ништо чудно што Али Риза само него го мрази во цела серија. Лејла па што се чепка со Ферхунде. Лејла прва почна, сега плаче.
Да, ја даваа можеби пред 10 години на А1 телевизија. Сега ја даваат на алфа мислам реприза исто како и 1001 ноќ.
На Огуз не му е до двете сестри. Се опседна со Али Риза оти го потсеќа на покојниот татко. Рече еднаш на почетокот дека се лути на татко му зашто бил ист таков, чесен, и не му оставил ништо. Си го гледа ко замена за неговиот татко и цело време ги користи ќерките на Али Риза за да го задева. Уште еден психо. Уствари се во серијата се врти околу Али Риза, сите него го сакаат (зашто е добар) и се борат за неговото внимание и тој е најповреден на крајот.
@Аргентина * Вчера дури и мене ми се слоши на сцената кога ја виде Лејла како излага од колата на Огуз. Таа пак со она ,,татичко, чекај да ти кажам, не е така како што изгледа..,,
Мене најмногу за Ајше ми е жал. Кутрото девојче ќе израсти со трауми, само таа нема никаква вина за ништо. Другиве сите се кој од кој, ама никој не им е крив за случувањата освен самите тие. Јака им душа на Тахсин и Џем како се справуваат со нив.
Џем затоа што е глупав сам одбра да е со Неџла а можеше да е со било која подобра во секоја смисла. Тахсин ми е одбивен. Не ја сака Фикрет, тоа љубов не е. Имаше потреба како секој маж, долго не бил со жена па затоа се зближи со Фикрет, не од љубов. А ја зема за жена само ради децата. Чиста корист.
Се сложувам. Џем дури сега се открива колку е мутав. Сето ова што се случи го тревожи затоа што се плаши дека Неџла може да постапи како во минатото. Со таа култура, знаење, угледно семејство, пари, со која сака ќе биде, ама сам си бираше. Ниту Таксин ја сака Фикрет, ниту таа него. Тој бараше слугинка во суштина, ама кога му дојде дома, па и тој има потреба од секс, па почна да спие со неа. Ми се згади онаа сцена кога Фикрет си спреми чаршаф и ноќница за првата брачна ноќ. Очигледно била девица, такви се обичаите, секс пред брак нема, иако па сестрите триста глупости направија и како такви во нивното општество се неподобни за брак. Тоа нивно глумење дека им е жал за тактичко ме нервира. Мислам на Неџла и Лејла. Шефкет па кров над глава нема, згради ќе градел. Кога се ќе се собере, Неир, Ахмет, па и Митат повеќе го помагаат Али Риза и го жалат од неговите деца.