1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.301
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам како ќе биде Шефкет ќе успее со зградиве?
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.395
    Не. Се гледа уште сега. Само не ми е јасно Мулето намерно или ненамерно го вовлекува во проблеми?
     
    На cresa-jagoda и VDT2906 им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Одамна ја гледав серијава, ама многу детали сум заборавила.
    Ми текнува само на Митат
    и на Ферхунде, кога ќе го заведе таа само за да направи беља кај Текин-овци.Им се всели во куќата како сопруга на Митат.
    Значи, жената е чист психо, до тој степен отиде
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.301
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Женски
    Јас се сеќавам на последната епизода, кога Ферхунде ќе биде во куќата и ќе плче. Нели она на крај ќе ја купи?
     
    На SnowWhite8, Tanjamm и BlackNight им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    На тоа неможам да се сетам.

    Којзнае, дали можеби на Ферхунде и недостигаше куќата која за неа кога беше мажена и заљубена и беше сигурно место каде осеќаше семејна топлина, па сега го заведе Митат за повторно да се врати меѓу тие ѕидови.
    ...или ја поведе злобата што и без неа функционираат па реши да ги нервира.

    Во секој случај, лоша...и злобна.
    Сплеткаџика и аферџика.
    Сите ја напуштаат.
     
    На Tanjamm, Amellie13 и VDT2906 им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.969
    Допаѓања:
    54.917
    Пол:
    Женски
    Ферхунде е болно опседната со семејството Текин, можда затоа што и покажаа дека не им е потребна во животот. Па само некои сплетки прави за да привлечи внимание, да им наштети на некој начин. Очигледно не можи да трпи да не е сакана некаде, па затоа и се храни со туѓата несреќа. Што и да е коренот на тоа што го прави, не ги оправдува нејзините постапки.
     
    На темјанушка и referentka им се допаѓа ова.
  7. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    5.505
    Пол:
    Женски
    И јас се сеќавам на таа и многу ми беше жал.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.395
    Ферхунде е огорчена. Имала тежок живот, но наместо да биде питома, прилагодлив, тивка, таа само сака лесен живот. Тоа се обидува да го добие со курвање, и ете не и успева. И таа е губитник во секоја смисла на зборот. Ја троши енергијата да прави пакост, а да се насочеше со работа да постигне нешто, ќе имаше некој ефект. Просто не ми се верува дека има цела една пријателка, иако и Ѓулшен е многу лицемерна и поштар.

    Кога ги гледам Турциве на сериите, ме потсетуваат какви сме ние. Штом ќе чујат дека Али Риза бил градоначалник се кокорат сите, а штом ќе чујат дека е во долгови, бегаат од него. Само Ахмет и Неир се тука и во добро и во зло, без интерес.
     
    На SnowWhite8, темјанушка и VDT2906 им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Ѓулшен се наоѓа на средина па и добро се држи, балансира.
    Интересен беше моментот кога Ферхунде ја испрати Ѓулшен да и ги земе работите од кај Текин.
    Јас да бев на Али Риза местото, ќе имаше барем некаков минимален приговор.Тој многу културно постапи, се воздржа , дури со ,,ќерко,, ја нарече.
    Точно е дека Ѓулшен не е ништо виновна , ама пак штом е пријателка со Ферхунде и соработува со неа, сепак....доза сомнеж и црвена линија мора да се постави.

    Уште еден момент ме ,,заголица,, во врска со Ѓулшен, кога Ферхунде ја пикна на работа во холдингот кај Левент.
    Оп-цуп таа се проби и се зближи со вереницата на Левент, дури и од страна си гледаше сеир кога Ферхунде ја исфрлија од проектите а таа остана.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.395

    Не е добра ниту Ѓулшен. Се мешаше во семејни работи на семејството Текин. Што има таа да го шпионира Шефкет, да кажува дали зборувал на телефон, со кого, да оди да собира работи од кај Али Риза дома, да се пикне во фирма каде знае дека газдата се курва со Ферхунде и со тоа во старт фирмата не е професионална. Се што правеше Шефкет го кажуваше на Ферхунде, а обратно кога беше лажеше и ја криеше и бранеше Ферхунде. Кога Ферхунде и рече дека сака да ја вработи кај неа, таа рече "извини, не сум веќе млада, сакам убава работа". Таа знаеше дека Шефкет краде од клиентите и ако навреме кажеше на директорот или на Али Риза, штетата ќе беше мала. Шефкет ќе вратеше тоа што должи, и ќе добиеше отказ, но немаше да има голем скандал и да дојде до затвор. Тој си се збогува со професијата. Ѓулшен му гледаше сеир и чекаше кога ќе го фатат. И таа не е цвеќе за мирисање.
     
    Последна измена: 24 јуни 2021
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Карактерот на Ѓулшен е за никаде.

    Цела серија таа си фаќа сеир и си извлекува лична корист.
    Дири и кога вложуваше во акции мислам дека го осети Шефкет дека и тој почна со играње на берза ама не го предупреди дека ќе паднат акциите.Дури како ,,сита,, да беше од неговата парична загуба и целото време се правеше како да нема поим дека Шефкет тргува.

    Серијава опфаќа ликови и карактери кои ги наоѓам околу себе.
    Скоро сите се однесуваат према нашиот менталитет, затоа и ми е интересна да ја гледам
     
    На SnowWhite8, VDT2906 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.395
    Исти сме како Турците. Да не се посрамотиме, што ќе каже народот, угледот, па лажниот морал, па фалење во празно, па неизживеаност како моментот кога Неџла на есенско време се облече во бунда, од мерак дека е скапа, па се чуди кај да ја закачи, па навредува дека Шефкет ќе градел во скапано мало, а таа практично е без кров како и целото семејство Текин, ама па има среќа се најде мутавиот Џем да ја прибере.
     
    На SnowWhite8, темјанушка и referentka им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Таа ќе стане богата наследничка.
    Па тек тогаш да видиш што се вика буржоазија:D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm, ne ti e prv pat ova da go komentirash deka isti bile Mk I Turci. Dosega ne sakav da odam off, ama ochigledno ne si bila vo Turcija, nitu si zapoznala lugje od TR. Razni ima sekade, no generalno, narodot tamu e mnogu podobar i posolidaren od ovoj ovde, toa ti garantiram. Mladite se voedno I pokul I pouchtivi, ni odblisku prosti i rchkala ko tukashnite koi iako formalno obrazovani... Barem od tie mladi Turci koi sum gi zapoznala, imam daleku poubav vpechatok nego li od tuka shto se imam iznavideno. Turcite sepak odat napred, makedoncheto i ostali vo ramki na granicive, se vrakja ponazad I od svoite predci.
     
    Последна измена: 24 јуни 2021
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.301
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Женски
    Турциве се 500 години пред нас, ова што го прикажуваат на серииве е реткост. Гледав една емисија за Турција и прикажуваа едно село близу Кападокија сите до еден, дури и најстариот член таму знаеа Англиски и други јазици освен нивниот, а живееа како номади. Иако имаме сличности со оглед на 500 години ропство, они оддамна се тргнати напред, а ние уште во тоа ропство.
     
    На SnowWhite8, темјанушка, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Лејла ‎е ‎многу ‎жална, ‎не ‎знае ‎ни ‎да ‎се ‎одбрани, ‎барем ‎на ‎Џејда ‎има ‎како ‎да ‎и ‎возврати, ‎а ‎таа ‎само ‎дома ‎знаеше ‎да ‎им ‎вика.
    Одвратни ‎се ‎сцените ‎кога ‎Огуз ‎и ‎дава ‎пари ‎на ‎рака ‎на ‎Лејла ‎:puke:Ова ‎истово ‎ми ‎паѓаше ‎во ‎очи ‎и ‎кога ‎беа ‎во ‎брак.
    Требаше да и најде некоја нова работа или поелегантно на сметка нека и уплаќа (facepalm)вака ептен ми личи на проституција.
    И Џејда чека маж да ја издржува, ама она е некако кул, има држење и самодоверба.... Лејла е ко загреота;(
     
    На christinnn, Tanjamm, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Да не навлегуваме во муабет колку сме назад, мислам дека членката сакаше да каже дека уште кај нас ,,турското ропство,, влече корени.

    Да се вратиме на серијата..

    Од комшивките, девојката многу ми е интересна.
    Цел живот ја трпи и крие љубовта кон Шефкет.
    Мислам дека на крај заедно ке завршат ?!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.395

    Не сум била. Зборувам дека навиките кои ги имаат во серијата се како нашиве. Пиење кафе, јадење бурек, озборување...
     
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.301
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Женски
    За Седеф и Шефкет мислиш? Седеф ќе се опамети и ќе си има свршеник, овој сам ќе си остане. Туку на крај на серијава каде одат Шефќет, Лелја со бебето и Хсјрије? Сите ќе се збогуваат од нив.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm и referentka им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Да, Седеф...не ми текнуваше името.
    Лелја...бебе?? со Огуз?