Да преска баш ја пиштив последната епизода ама не можев да ја најдам цела со превод, најдов дел каде што Лејла со бебе, Хајрие и Шефкет одат некаде со воз. Сите се на перонот и Неџла, Џем, Таксин, Фикрет Сосеткиве свршеникот на Седеф, кафанџијата и дури Џеврие. Сите ќе се збогуваат од нив.
Мислам дека се враќаат назад од каде што идеа на почеток на серијата (Трапзон ако не се лажам), родина на Хајрие ќе и остави наследство после смртта па Лејла со бебето од Огуз, Шефкет, Ајше и Хајрие ќе се вратат таму. Неџла и Фикрет ќе останат Истанбул. Нема, таа ќе се омажи за друг. Ама едно време мислам дека ќе бидат во тајна врска. Од сите во серијава Седеф само среќен крај ќе има.
Не се сеќавам баш, можда тој во затвор пак заврши ама стварно не знам точно. Ќе имаат ќерка со Лејла ама нема да останат заедно, Лејла ќе се врати назад со другите.
Spoiler Огуз ќе го убие газдата, Шефкет ќе се пријави дека тој го убил за детето да расте со татко, ќе се почувствува бескорисен, па демек вака ќе и се најде на сестра си. По одреден период Лејла ќе го пријави Огуз дека тој е убиецот, Али Риза ќе ја наговори. А Огуз ќе го сети тоа и ќе избега, ќе го фатат и ќе заврши во затвор, Шефкет ќе го ослободат. А Лејла ќе си живее со семесјтвото, ќе се вратат назад од каде што дојдоа, Огуз ќе и остави пари под креветчето на бебето, за иднината на ќерка си.
Џејда е глупава. Огуз може да ја препише куќата на Лејла или на било кој друг. Ич не размислува. Али Риза ич не убаво постапи што и се налути на Ајше. Што е криво детето за глупостите кои ги прават возрасните.
Џеврие не е нормална затоа што сака Рејхан да ја намести на Митат. Прво мислев дека Џеврие го сака за себе, кога зборуваше дека бил културен, убав како глумец, ама кога кажа дека Рејхан ќе биде многу среќна со него, умрев од смеење.
Добро е што барем се откачи од син и. Едно вееме се правеше да го спои Тахсин со Рејхан, а он во брак.
Неџла ми беше смешна со торба кога си дојде дома. Виде не виде, се вработи, не дека немала каде да оди, ама куќата и била нејзин дом. За домот и е, не за Џем. И нему му е јасно сега се, ама касно му е.
Ах, двојни аршини, па и семејството на Лејла. Лејла и го растурила бракот на Џејда, а Џејда не и го растури бракот на Лејла со истиот човек, на некој начин. Да, Неџла беше тригерот, но од Џејда почна се. Џејда општеше со женет човек и поради нејзината врска со Огуз Лејла пометна.Јас да бев на местото на родителите на Лејла ќе ја исфрлев надвор.
Да, бе, се мисли којзнае која е, а не вреди ништо. Таква ништожничка само мутавиот Џем може да трпи. Па какви ривали се со сестра и, ооо, а тие која од која поглупава. Дури и факултетот го батали од радост за новата куќа.
И така е ама и не е така. Али Риза и Хајрие многу пати вака постапиле погрешно да речам ама и они не знаат како да се носат со се тоа. Замисли кој шок им е за нив во тоа време со такви размислувања. И сега нив ги боли тоа што сакаа да и помогнат на Лејла а она ги повреди со тоа што му се врати на Огуз.
Да, ама да ја слушам Џејда која со Огуз го вараше сопругот и гола се истопори пред трудната Лејла која пометна при тоа и продолжи и натаму... НЕ. Лејла греши но греши од мака и наивност. Неџла греши од префриганост, ама нејзе и се простува, на Лејла не.
Во право си. Истото мислење го имам и јас за Лејла и Неџла. Несфатливо ми е зошто за се и попуштат на Неџла, а на Лејла не. Ама не сум за обвинување на другите кога самите не сме прави. И плус кига Џејда се истопори пред Лејла.. Огуз тогаш не беше ни во врска со Лејла а камоли пак во брак. Само за секс ја користеше.
Лејла, нема среќа девојката. Ама мислам дека на Али Риза таа му е помила, затоа му е потешко да и прости. На почетокот од серијата постојано и го грешеше името на Неџла, ја нарекуваше Лејла. Неџла и се јавува на Лејла, и вика "будала, манијачка", Лејла и вели "многу си елоквентна откако стана снаа на Кемал"