Вчера кога Неџла се врати дома со торбата, Али Риза и вели „што ти направи човекот, дали те лаже, дали те изневерува, дали те малтретретира, те понижува ли или не може да ги толерира твоите грешки“, додека Хајрие веднаш се фаќа за материјалното „таму живееш во палата, имате помошнички, ние ќе живееме во мали станче, како ќе живееш со нас, и по два дена ќе се жалиш дека џабе ти е спокојот“. Али Риза го цени човекот по воспитувањето и вредностите, а Хајрие по парите. Плус, Али Риза има осет и знае да се засрами, а Хајрие кај шута и сака да се боде. Пример, кога отидоа на гости кај Неџла, Сузан им спушти муабет, и Али Риза пропадна в земја, а Хајрие стана да ја разгледува куќата, да се чуди, да се врти. Беше смешна. Тоа е убаво, ама ќерка и не заслужи да живее во таква убавина. Штом Џем ќе ја погледне криво, веднаш го уценува дека ќе се разведе од него.
Епа и кога беше сама и оставена и кога ја прибраа дома, Хајрие и го пикна црвот на Џем.И збореше како би било добро пак да му се упика оти бил фино дете. Хајрие и сега без никој да знае се сретнува со Лејла. Дете и е, жал и е, ама ако дома сте се договориле да нема контакти со Лејла-нека нема.
Да, ама сепак имаа нешто, а Џејда беше свесна за тоа. Освен тоа, Џејда самата си го изневеруваше сопругот и таа апсолутно нема основ да предава морал и етика Освен тоа, нејзиниот брак со Огуз на ништо не личеше, тој како мртво пувало се однесуваше и со неа, а не беше баш и присутен во животот на детето како татко. Џејда добиваше повеќе од него кога и беше швалер, отколку сега.
Не знам, јас не гледам така на работите. Имале нешто... Големо чудо ако имале дур пред се од личноста која е дел од тоа не е признато и не е официјално. И не е важно во случајов каков им бил односот на Огуз и Цејда пред и во брак. Законски сега се во брак. А од друга страна ја разбирам Џејда за постапката оти сите ќе се браниме и штитиме себе и своето. Некој на правилен, некој на погрешен начин (како Џејда) ама скроз нормално ми е.
Џејда е парољубец. Каде има пари и кој дава пари, таа таму е залепена. Единствено што е за ,,благодарам,, кај неа е тоа што го чекаше Огуз додека беше во затвор, ама пак немаше ни друга опција- со бебе кај ќе оди и кој ќе ја сака. Дури незнам ни дали беше заљубена во Огуз кога беше во брак или сакаше богат маж а секси швалер
На Али Риза премногу му е жал за Џем и затоа ја прима Неџла назад дома. Убаво ја праша, Џем не може повеќе да ги толерира твоите глупости.
Идејата на Шефкет за бизнис со згради е толку без врска. Како си мислеше дека ќе успее? Многу е наивен. Навистина не го бива за ништо. Требаше да си вози такси и да молчи кога веќе си ја уништи банкарската кариера.
Идејата не е безврска. Он самиот е безврска. Прво воопшто не се живее од "мислевме" а камоли пак бизнис така да почнеш.
Toa сакав да кажам. Како мало дете е. И што и да се случи „ не му кажувај на тато“. Сите го велат истото. Ако лажат и кријат, демек ќе решат нешто. Џем тотално олади и не ја ферма Неџла. Мислам дека се покаја што воопшто стапи во брак со неа.
Канал 5 има најдобра синхронизација, а Алфа импровизира. Музиката е таа што ја прави серијава најпосебна, а од телевизијава ја намалуваат ништо да не се слуша освен гласовите на македонски, не знам дали забележавте. Нека ја пуштаат нормално да си бидам носталгична на раат.
Таа сигурно мислеше дека со Левент ќе завршат во кревет. Глуми дека не е заинтересирана, а пак сака да биде со него. Впрочем, таа си ја искешира својата афера и што сака сега? Не се сакале со Асли, а неа демек ја сака? Левент си поигра со неа, а и таа си ги откри намерите кога кажа дека ќе се врати во фирмата, ама само како негова сопруга. Тој не е мало дете, сфаќа дека лаже за своето минато и дека е од интерес. Таксин имаше право вчера со муабетот дека Али Риза многу греши, со тоа што разговара со Неџла, а не и со Лејла, и дека му даде пак пари на Шефкет, а при тоа не мисли на Ајше, и парите кои беа за неа ги даде на синот. Навистина Али Риза си ги дели децата. Ги тинтра тие што најмалку се за тинтрање.
Али Риза, живее по некои свои принципи, кои ги наследил од татко му, но не е свесен дека со тие негови принципи ги уништи сите три ќерки. Фикрет, заради татко и, се откажува од вереникот и завршува како слугинка на лудата Џеврие. Лејла и Неџла, живеат и растат во страв дека за секоја грешка ќе бидат сурово казнети и исфрлени од домот. Токму тоа им се случува, грешат, казнети се и пак си тераат по свое, секако кога Огуз е во прашање. Најмалата ќерка Ајше се уште е дете, за да се вплетка во некои поголеми проблеми, но самото растење во таква токсична средина е доволно да ја вознемирува и растажува. А, Шефкет е татиниот син, на кој се може да му се прости и да му се прогледа низ прсти. Али Риза, заради него го изгуби домот, му дозволи да се занимава со сомнителни бизниси, кои тој ги финансира со делот од парите наменети за Ајше. Шефкет и во затвор отиде, а Али Риза премина и преку тоа, за разлика од ќерките кои кога грешат, скапо плаќаат за своите грешки и глупости.
Aли Риза ја има унаказено Фикрет според мене. Таа можела да има подобра иднина. Не се запишала на факултет затоа што работела по дома додека Хајрие имала ризична бременост, а потоа ја чувала Ајше. Кога виде дека никој не ја прашува ниту „како си“, а цело време или чисти, готви, оди на пазараење, и добива навреди од типот „љубоморна си“, „дрска е кој ќе ја земе“, се реши на радикален чекор. Таа виде дека за нив доаѓаат тешки денови и сфати дека и да отиде кај непознат човек, и да седи дома, исто е, само сакаше да се тргне од дома. Кога Ферхунде и гледаше на кафе на Хајрие, и рече дека „Фикрет ќе се мажи“ 9 таа инаку ја слушна на телефон и знаеше), Али Риза лом ја направи, да не била дрска, да не се подбивала. Зошто, таа нема право на брак, нив ќе им служи довека затоа што и ја растуриле веридбата оти се многу чесни? Лејла и Неџла сакаат пари, и тоа се виде при првото доаѓање во Истанбул. Е сега, не им се работи, не имс е учи и тоа се виде. Тие сакаат што полесно да дојдат до пари, а тоа на нос им излезе. Мутави се и двете, со таа разлика што Лејла паѓа психички, а Неџла манипулира. Шефкет е плачко, слабак, неспособен.
Од цела серија има да влечеш поуки, не биди како Лејла која е наивна и нестабилна, има ниска самодоверба затоа се врати кај Огуз.Неџла најголем материјалист и најбезобразна е од сите, не го сака Џем, заради неа сестра и полуде и пак и беше простено, а таа ги сили родителите да не зборуваат со Лејла. Шефкет наивен и лесен, во се верува и сите го лажат уште кога се ожени со Ферхунде, а не ја познаваше доволно, си ја упропасти кариерата поради Ферхунде, беше во затвор , а сега пак ќе заглави со зградите, епа тоа е кога не размислува човек ...Али Риза поим за родител каков не смееш да бидиш, баш кога ќе речат за децата ги чуваат дома како затвор и потоа кога ќе пораснат се испуштени како од синџири.Лејла и Неџла беа баш такви уште кога дојдоја во Истанбул, како прв пат да гледаат живот, дружење , а тоа е толку жално... Хаирие мајка која сака само да и се мажат ќерките во богати фамилии друго ништо, постојано нешто крие од сопругот и се понаша како мало дете. Фикрет да беше барем малку посебична ќе успееше во животот, доказ дека некогаш во животот треба да си себичен и да не гледаш никој дури ниту домашните ако се работи за твојот живот.Мене ми е жал за неа колку е вредна и паметна, а на крај работи како слугинка и се мажи без љубов,дури и на крај ќе биде изневерена и оставена сама со дете.Таа е пример за некој кој не го искористил својот потенцијал туку цел живот исполнувала туѓи очекувања, во случајот на татко и. Ферхунде типична спонзоруша, сака лесни пари и со заведување,измами доаѓа до нив наместо да работи како другарка и Ѓулшен.Уште кога се мажи со Шефкет престана да работи и не знам од кои причини, а бараше да и се обезбеди луксуз,затоа пак Ѓулшен за мене е во ред, барем остана пристојна, работеше цело време, не бркаше мажи за пари и сега си најде супер партнер...Седеф и мајка и ми се пример за нормални и примерни, мајка и самохрана ја воспита ќерка си многу подобро од останатите, само да не беше толку наивна ама на крај среќно ќе заврши таа. Огуз е манипулатор, бара жртви, уствари вакви гледаме многу и во секојдневниот живот. Најтажно е што и останатите ликови ги гледаме во реалниот живот
Прочитав неколку мислења погоре и ќе се сложам. Родителите беа најмногу криви, ете зошто не треба да се биде толку строг родител. Сакаа сé по нивно да биде, како тие да им управуваат со животот на децата. За Фикрет најмногу ми беше жал, што се можеше да стори, ама како врзана беше дома.
Ама Али Риза за себе мисли дека е совршен родител, а не е. И се срами кога ќе му кажат дека куќата е стара. дотрајана. Епа тоа е реалноста. Тој не може да се соочи дека не успеал да обезбеди пристоен живот за децата, а тие не се малку, 5 се.
И јас се согласувам со вас за улогите на ликовите. Секако дека се виновни родителите за многу работи, ама сепак возрасен човек да ги обвинува родителите за својот живот ми е многу погрешно. Фикрет здрава, права можеше да запише факултет па и на 28 години, да бара работа, да бара стан или соба. Ехее колку ги има така девојки кои се снашле. Ама она бркаше вдовци за да се смести некаде. Не и се учеше ни работеше. И тоа не го криеше отворено му кажуваше на Тахсин дека кај него нашла да се смести за да ја издржува, храни, облекува. Само за Лејла ми е жал многу бидејќи не е со здрав разум очигледно. А Огуз ја користи и манипулира.
Ама па таа си заработува од везење на чаршафи. Можеби не многу, ама за себе заработува. И тоа што Таксин бараше жена да му ги чува децата, е некако нехумано. Нека плати слугинка, а не венчај некоја жена и за едно јадење да ти го одржува домот и да ги чува децата. И неговиот гест е многу примитивен. Друго, кога знае каква мајка има и таа ја малтретирала неговата прва жена, па и децата не сакаа маќеа, требаше да размисли добро што ќе прави. Родителите ја затуцаа Фикрет до максимум. И во реалниот живот знам девојки кои имаа по 25 години, и се чувствуваа како престарени, и само чекаа кога ќе се омажат, за да некој ги издржува. Родителите ги затупуваат дека така треба. За работа дали бара вели „не“, и се чуди што ќе и е.