1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Си се нашле двајцата Фикрет и Тахисн, таман се. Не е за жалење Фикрет. :)
    Возрасен човек да ги обвинува родителите за својот живот ми е ништо друго освен неспособност сам да се снаоѓаш и да си го средиш животот.
     
    На _beautyy_, Ivanna23. и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.395
    Да си се нашле. Нему му требаше жена, а неа маж. И таа имаше потреба од секс и тој, и тука се најдоа. Не велам дека таа нема вина, ама и родителите ја затупеле. Таа можеше да си седи дома, и да си тера нејзина работа, а другите што сакаат нека прават кога немаат памет.
     
  3. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Лејла, ако паметите на Неџла животот и го спаси кога имаше труење со гас. Ама затоа Неџла нема ни тронка совест и вели дека ништо не и е на Лејла, оти срцето не и е оперирано. Шефкет, во комуникација со Неџла, за Лејла вели ,,онаа". Фикрет, како и секогаш има најголемо разбирање и ја жали Лејла, толку млада, а жолчната кеса оперирана. А Али Риза, заборава дека му е Лејла ќерка и нема милост кон неа, дури и во моментите кога има најмногу потреба од љубов, подршка и емпатија.
     
    На SnowWhite8, christinnn, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.969
    Допаѓања:
    54.913
    Пол:
    Женски
    Во право беше Лејла кога рече дека Али Риза веднаш му прости на Шефкет. Веднаш заборави што стори тој, па и во затвор редовно го посетуваше. Не дека Лејла не направи глупост, ама очигледно различни деца добиваат различен третман. Плус на Лејла и треба помош, не е скроз психички здрава, Шефкет сосема свесно го направи "неговиот грев".
    На Али Риза сепак му е најбитна неговата чест и да не го озборуваат луѓето. |(
     
    На SnowWhite8, S.W.A.G, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  5. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    5.505
    Пол:
    Женски
    Да ми е дете во болница и да не одам да го видам? Хајрие очигледно повеќе се грижи за Али Риза што ќе рече, отколку да оди и да ја види ќерка си. Али Риза секако нема да ја избрка и на улица да ја остави, ако тоа го стори и дознае за истото.Ми личи на оние пијавици што им се пикаат на децата и им делат памет што да правата со парите, патем кои тие не ги поседуваат, но нивните богати сопружници, и чекаат од нив финансирање. Сега очекува од Неџла поради Џем, како Џем да е одговорен да плаќа за нивните ексурзии и егзибиции, конкретно таа на Шефќет.
    И напразно фрла по Митхат, кој е прав господин за нив. За се го напаѓа напразно, како тој да им го нарушил мирот, а не тие него. Во нормални околности имате рок за ислеување, нареден доаѓа извршител и гитла. Митхат е сопственик, не се тие и Митхад ги толерира и трпи. Многу ми е негативен лик, многу.
     
    На Tanjamm, _beautyy_ и Hoping им се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Ферхунде душичка, вели "Митхат Кара дозна која сум, сега и тој нема да ме сака." :D
     
    На stilas7, Tanjamm, _beautyy_ и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    На глас сум се смеела, на оваа изјава на Ферхунде. Ама Ферхунде е опасна лисица и Митхат стручно ќе го обработи.
     
    На SnowWhite8, stilas7, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Ауу Денис колку е првртлива и подмолна. Инаку е фина и љубезна со Фикрет оти има корист од неа. Дојдоа баба и дедо и на гости и одма и се понаша не ли слушаш телефонот звони, а на само дада Факрит и вели. И плус кафе не и свари намерно само на неа. Никакво воспитување ни култура нема ни она ни браќата нејзини.
     
    На Аргентина *, Tanjamm и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.395
    Навистина не знам и јас што толку ја нервира Митат, оти реално тие нему му пречат, не може да си реновира на раат, му се врткаат по катови, се нешто не им чини. Син им станови гради, а тие немаат покрив над глава и не можат да си најдат. Човекот им излезе во пресрет максимално. Дури ниту пари за сметки не сакаше да им земе, и сега им вели да останат. Искрено, да не го наговореше него Огус, прашање дали некој ќе ја купеше куќата и за колку пари. Фикрет како и секогаш има разбирање и ги жали другите, а нејзе никој не ја жали.
     
    На BlackNight, tinka-mace, темјанушка и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.395
    Ужас. Фикрет можеше да го наговори Таксин да ја истепа кога таа бегаше од школо со тој никаков дечко, кој инаку е возрасен маж за неа. Во таа ситуација Фикрет постапи како вистинска мајка. Ја опомена два три пати, па кога виде не се разбира, ја кажа на Таксин, но не дозволи да ја тепа. Тешко на Фикрет. Таа заглави со будали во Ада Пазари кои ја понижуваат и свесно од злоба, и несвесно од глупавост.
     
    На SnowWhite8, BlackNight, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Не е до неа. Тој се затреска и верува во тоа што "му одговара".
     
    На Tanjamm, _beautyy_ и Hoping им се допаѓа ова.
  12. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Што ќе направи Шефкет со зградава, ќе му успее ли?
     
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    21.275
    Пол:
    Женски
    Не.
    Ќе пропадни во долгови и ќе мора да ја продаде зградата само за да се спаси од долговите.
     
    На BlackNight, Tanjamm, _beautyy_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ena16

    Ena16 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Многу ми падна мило кога Нехир и ја залепи на Неџла, она колку повеќе глупости направи и пак ја вратија дома, а сега она им ги полни главите на сите против Лејла.
     
    На BlackNight, VDT2906, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.301
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Женски
    Колку чуствителна е Фикрет бре, бре татко и не е гостин, а што е газда во куќата на маж и? Џеврие има право глава не можат да кренат од нивните проблеми. Таксин убаво се му плесна на Алириза. И Хајрие имаше право она каква таква децата и се поважни од комшиите на овој обратно.
     
    На TrinityNeo, katalina, BlackNight и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    И Фикрет не и е тоа нејзин дом и нема право на глас ама не е свесна за тоа.
     
    На VDT2906, Tanjamm и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.395
    И Фикрет претера. Колку го жали Али Риза, а тој па како мало дете, се лути на Хајрие, а не се лути на Неџла и Шефкет. И заборава дека дома има уште едно дете, Ајше. Направил деца колку што ниту може да чува, ниту да воспита. Подобро да имаш едно дете и да го изведеш на прав пат, отколку пет и сите да се уништат. Поради Шефкет, Али Риза е бездомник и уште му верува дека ќе успее. И јас да сум, да треба да купам стан, а инвеститорите да се поранешни затвореници, или да знам дека инвеститорот ја ограбил банката, нормално нема да купам стан од такви сомнителни луѓе. Неџла сега веќе изгледа како да не му е сопруга на Џем, туку како некоја просјачка која ја собрале од сожалување. Таа тоа го заслужи, па уште и се буни. Луѓето се господа за неа, во секоја смисла на зборот. Ферхунде некои тука ја величаа дека нејзе и треба ваков или таков маж, не бе, неа и треба добар ќотек да се научи да не манијачи луѓе. Таа се опседна со семејството Текин и сака да им наштети. Реално, таа освен старец како тој Исмет или Митат, не може да си најде добар маж. За Левент таа беше само играчка за секс. Такви има на секој чекор.
     
    На темјанушка, VDT2906 и Hoping им се допаѓа ова.
  18. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Али Риза ќе да си има некој психички проблем. Многу деца од кое едното малолетно, финансиски проблеми, семејни проблеми и тој наместо да седи до жена му заедно да се борат со сите проблеми, тој како мало дете ќе се лути и ќе бега од дома. Кога гледа дека децата негови сите проблеми прават тој ќе ги остави дома сами жена му и малолетната ќерка и ќе бега. Па, да, најлесно е да се бега од проблемите наместо да се преземе одговорност.
    Серија има многу поучни пораки.
    А за Неџла се чудам што сите и ќутат. Она упорно збори најлошо и најгадно за Лејла. Што не се најде некој да и рече само курва бега со зетот па да ја спушти малку на земја а не да и ќутат сите.
     
    На TrinityNeo, SnowWhite8, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.395
    Да, поучна е многу. Не треба да бидеме како ниту еден од нив. Дури не треба да бидеме ниту како Седеф која е лудо заљубена во Шефкет и во сите негови маани наоѓа нешто добро.
     
    На SnowWhite8, cresa-jagoda, Baby Girl 3 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    5.505
    Пол:
    Женски
    Али Риза кажа една реченица што упатува дека женската вредност ја оценува според тоа каков сопруг ќе земе. Според тоа, Лејла е безвредна и не заслужува почит и не треба никој не треба да комуницира со неа. Неџла е сепак во ред и изборот на тивкиот, богат Џем и ги пере сите гревови. Ме изреволира кога на Лејла и се обрати со зборовите дека и го распипала бракот на Неџла само затоа што се појавила во истиот бар каде таа славела роденден, а тоа што Лејла спиеше со сопругот на Лејла на што личеше, е тоа е расипување на брак, а не ова. Да, Лејла замина во барот тенденциозно, но овие можеа да одберат да ја игнорираат, посебно што Лејла не направи никаков скандал. И Неџла нема поголемо право да биде таму наспроти Лејла или било кој друг. Неџла заборави дека заради Лејла се врати дома и Лејла и го спаси животот, што некој претходно исто го спомена. Неџла не дозволува никој да и ги подвлече нејзините грешки, веднаш се лути, демек несфатена, а само си наоѓа оправдувања за истите. Спиела со Огуз, таа прв го видела, неа ја сакал. Ако го сакаше бе толку сестро што го одбиваше, што се фати со Џем,што не си продолжи со него?
    Ферхунде цело време повторува една голема грешка, се плетка каде не и е место и се постојано се пресметува со луѓето од минатото. Треба да ги мане, за да и тргне во сегашноста, ама никако.
     
    На SnowWhite8, Glowy, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.