Сигурно е девица,не грешете душа А за Огус хмммм не да е убав,заради него почнав да ја гледам серијата
Уууфф ни јас глеј бе фацата каква и е,на лицето и се гледа колку е љубоморна.Какво фаци прави.На Џан кога му посакуваше се најубаво и се познаваше по фацата дека и е криво.И потоа на Ферхунде и вели дека се помирила со минатото,а всушност воопшто не се помирила.И пак лаже дома,упорно и упорно,и потоа се некој друг и е крив
Да и ги јадат ушите на Фикрет, Али Риза и Хајрие ја оставија стара мома, па после и ја омажија за вдовец со три деца па и свекрвата и се погоди. Според Фикрет, таа треба да има 27 години, а изгледа многу повозрасно, а и не знае да се насмее. Хајрие и Али Риза изгледаат многу стари за да се родители на Ајше. Иако ликовите на Али Риза и Фикрет се правени за да бидат најсакани, мене ич не ми се свиѓаат. Преозбилни се, многу принципиелни (а и лошо ке завршат и двата) Хајрие е неблагодарна кучка, упропасти цела фамилија (Лејла и Неџла највеќе) Шевкет е многу наивен (засега) а Ферхунде е царица, иако и мене ме нервира кога се закача си сите, ама капа и симнувам на итроста. Нехир и Седеф, досадните комшивки што секогаш знаат кој каде оди. Инаку ликот на Седеф е направен за публиката да ја сака заради платонската љубов кон Шевкет, да биде спротивното на Ферхунде, но сепак поголемиот дел ја мразат (оправдано) Таксин уште од сега ми е одвратен, Фикрет никогаш не треба да му опрости за изневерувањето. Огуз е лошкото во серијата, но со една негова насмевка заборавам се
Абе остајте ја Хајрие да си гледа Шехерзад, дајте и го далечинското и замолчете! Ахх колку беше смешно со тоа молитвата што ја прави со каишите каков викаше, откачете се... откачете се... леле хахахха Исто многу ми е смешно гласот на Седеф кога се смее, леле кој ја чита, кај го нашле тој глас
Исто така имам приметено кога седеа дома тој адвокатот Џан,ќерка му Јагмур и жената Оја на Џан му ѕвонеше телефонот и кога виде дека е Лејла го остави да си ѕвони и ќерка му му се врти и го прашува Тато зошто не МИ одговараш? (Преводот уствари требаше да биде зошто не одговараш на повикот или зошто не се јавуваш...со која логика му вика не ми одговараш кога ништо не го ни праша )
Дали знае некој чиј е гласот на Седеф? Многу ужасно ја имитира смеата...Нежен е гласот онака,ама смеата...
кој кого синхронизира? некои ги знам, но некои не. ако знае некој, нека ги пише нашите глумци кои синхронизираат.
Шефкет уште некоја епизода и ќе го тргнат од серијата зошто во приватен живот имал сериозен проблем со дрогата. Доаѓал на снимања дрогиран, не можеле да снимаат од него, а се случувало и до болница да го носат од што било толку сериозно. Новиов актер што ќе го замени и е дечко на актерката Ферхунде што ја глуми (љубовта на снимањето се родила)
Гледам сте коментирале за гласовите, па ајде и јас да си кажам. Мене стварно не ми се допаѓа гласот на Неџла, некако многу лигаво ми звучи.
Ајде феминки да се собереме да идеме кај Лејла на мекици,роди женско дете.. Иначе серијата ќе има само уште 8 епизоди,на 29 декември KРАЈ