1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Aјше е за греота. Еднаш кога плачеше само Фикрет се изнервира и лом ги направи сите да внимаваат како се однесуваат додека во куќата имаат дете. Лејла и Неџла ич уво не ги боли за Ајше. Шефкет исто. Фикрет на моменти се однесува како да им е мајка на сите деца на Али Риза и со тоа си го запоставила својот живот. таа им собираше чевли, пишуваше со Ајше, готвеше, одеше да купува намирници, а другите секој своја работа си бркаше. Замислете ги Лејла или не дај боже Неџла со свекрва како Џеврие.
     
    На SnowWhite8 и Hoping им се допаѓа ова.
  2. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Каде имаа избор да отидат вечерта кога беа избркани?
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Со месеци бараат стан и никако да најдат. Во хостел можеа да отидат. Родителите на Џем се во право што се лутат. Убаво си рекоа, тие го користат Џем. Со негови пари плаќаа рати за долговите, две рати мислам платија, па потоа и Али Риза го вработија, па што уште не, и сега на Шефкет да му помагаат. Шефкет требаше да си остане во такси станицата, работно место кое инаку не го најде сам, туку кафанџијата Ахмет молеше за него да го вработат и да не се занесува. Не го бива за ништо.
     
    На SnowWhite8 и Baby Girl 3 им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.567
    Допаѓања:
    78.852
    Пол:
    Женски
    Што ќе биде сега со Ферхунде и Митхат? Како ќе се однесува таа? Целта веќе ја постигна.
     
  5. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Тоа што со месеци одолговлекуваа и без срам седеа во туѓа куќа е друго. Не се во право за тоа. Ама вечерта кога беа избркани немаа каде да одат. И при ќерка им да идат во хотел ми нема смисла.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    ОК
    Ок да отидат, ама не да седат до кога сакаат. Ај што со месеци седат во продадена куќа, како не го нарекуваа Митат, посебно Хајрие.
     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Шефкет ќе ја намести Ферхунде, ќе ја заведе за да ја разведе од Митхат и ќе успее. Митхат ќе ја истера Ферхунде од куќата и таа повторно ќе остане сама.
     
    На Hoping и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    И Ферхунде е невиден пропалитет, а и мајка и не е подобра од неа, само што остарела. Веднаш Нурдан се всели во куќата. Ферхунде па колку беше смешна додека се расправаше со Шефкет и Седеф, а мажот од прозор полугол ја вика да дојде. Ужасна е.
     
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Ова како типично македонче да опишуваш.
     
    На christinnn, Tanjamm и Hoping им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Да, баш ме посетуваат на навиките на Македонците.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Фикрет 28 години? Ја во јануари ќе полнам 28, таа во серијата беше стара мома (еднаш еден братучед ми дофрли дека сум стара мома) ама јас не се чуствувам таква, а кога ја гледав серијата пред десет години и јас ја сматрав за стара мома.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Кога се снимала серијата Фикрет во реален живот, Бену Јилдирмлар имала 36 години.
    А во серијава, баш во прва сезона, зимото пред да се омажи го прослави својот 28-ми роденден. Со оглед на тоа дека дејството се прикажува по роман од пред повеќе од 100 години, стара мома била. :)
     
    На Tanjamm и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Актерката е постара од ликот кој го толкува. Лејла во серијата глуми лик кој има некаде 22,23 години, не повеќе, оти нели после средно сакаше да се запише на факултет, а не успеа, а актерката според мене има некаде 28 или 30 години. Убава е, ама веќе се наѕираат првите брчки и се гледа дека нема 22 години. Така и Фикрет, глуми дека има 28 години, а изгледа како на 38.
     
    На SnowWhite8 и Hoping им се допаѓа ова.
  14. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Изгледа намерно ја одбрале Бену за да го глуми ликот на Фикрет за да се совпаѓа со облеката и однесувањето.
    А Ѓокче за ликот на Лејла, нели таа е постара од Неџла.
    Супер се одбрани сите освен новиот Шефкет. Мислам него го утнале. Му одговара фацата што е таков мутав ама ич никаква врска нема со првиот што го глумеше и тоа што работеше во банка и со Ферхунде. Првиот си одговараше со неа, овој не.
     
    На SnowWhite8 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека одлично се одбрани ликовите за своите улоги. Фикрет можно е намерно да е одбрана десетина години постара од улогата што ја толкува, оти има девојки на 28 години што изгледаат како 20 годишни. Лејла одлично е одбрана за да глуми наивна и девојка со психички проблеми. Неџла како убава девојка, добра е во улогата на Пепелашка што гази се пред себе, кога ќе се омажи со Џем. Шефкет - првиот актер беше погоден, а овој вториов тотално утнат лик, иако делува ретко смотан и мутав, некако не одговара за улогата. Хајрие, иако си ги има годините, и' стојат убавите црти на лицето и одлично се снаоѓа во улогата. Али Риза, не знам од која причина, глумецот лично ми е антипатичен, иако замислен е да толкува улога на принципиелен, хуман и правичен лик. Ама...нема пари, откажува работа, оти го озборувале, за себе нема, ама последните пари и' ги дава на проститутка, ја продаде куќата да ги покрие долговите на Шефкет, а тие малку пари што му останаа ги вложи во пропаднатиот бизнис на син му. Понатаму на Фикрет и' уништи златна шанса за брак, на Неџла и' прости, ама на Лејла никако, иако има ментална болест. Ајше му се раѓа на 50 години, без да размислува што ќе биде со тоа девојче кое е родено во време кога треба да стане дедо. Према Хајрие се однесува ѕверски и прави циркузи пред комшиите, оти се сретнала со Лејла, која по цел ден е сама дома и има потреба од мајка и'.
     
    На SnowWhite8, Hoping, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Фикрет можеби намерно е избрана така, да изгледа дека е веќе стара мома, како што ја сметаат во серијата. Инаку, точно дека на 28 години има жени кои одлично изгледаат и немаат ниту брчка.

    Али Риза се преценува кога мисли дека е многу добар родител. Прво не му требаат толку деца. Друго, си ги дели децата. Едни му се омилени, а други неомилени.
     
    На cresa-jagoda, SnowWhite8, Hoping и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Али Риза најмногу го сака Шефкет оти е машко. Не го признава тоа ама по постапките и однесувањето очигледно е.
    Малку викаше за Ферхунде па одма ја прифати за снаа. Триста глупости правеше снаа му ама ќутеше. Било кој од зетовите да направеше нешто нечинат, ама на снаата ќе и се ќути. Шефќет крадеше од клиентите, и тогаш Али Риза малку се налути и одма му прости. Кога бегаше од полиција исто одма му прости. Во затворот едно време кога се смири со Ферхунде, Али Риза рече не се мешаме.
    Толку лоши работи направи Шефкет ама татко му секогаш беше покрај него и му помагаше. Шефкет не го обрукал, само ќерките го брукаат.
    После Шефкет најмногу ја сака Фикрет и тоа не за друго туку оти секогаш го слушаше неговиот збор, се правеше како татко и ќе каже. Не се запиша на факултет ја чуваше Ајше. Го остави вереникот ради татко и. Дома чистеше. Нигде не излегуваше сама и не шеташе. Се омажи и не му прави проблеми, си седи до маж и мирна. Се фалат наоколу како добро е омажена ќерка им а уствари се среќни што ја дале за да не ја чуваат.
    Затоа е добра Фикрет според Али Риза.
    Кога ќе се размисли, Али Риза има многу лош карактер, без чувства, себичен и егоист.
     
    На cresa-jagoda, twilight123, Glowy и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Фикрет е добра за Али Риза оти не го невира, не му се жали, не му бара нито. Јас не ја кривам Фикрет, едноставно тие ја затрупеле. Таа настрада поради нив, живее многу тешко, ама си молчи. Тие ја направија несреќна. Хајрие па многу ме нервира затоа што сака да се фали, а реално нема со што да се пофали. Вчера кога се качи во службениот автомобил со Неџла, Хајрие се вртеше нагоре да види дали соседите ја гледаат. Што ако ја гледаат, увидоа колку е саат кога Али Риза се дереше по Лејла и ги вознемири сите. Текин потонаа поради Шефкет, Лејла и Неџла. А можеа убаво да си живеат, само да беа малку поодговорни со кого си фаќаат работа и како ги трошат парите. Вака само тонат.
     
    На cresa-jagoda, SnowWhite8 и Baby Girl 3 им се допаѓа ова.
  19. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Текин потоноа ради Али Риза и Хајрие. Колку грешки правеа децата, уште толку родителите. Децата прават грешки, родителиве уште толку надолу идеа. Кога ќе направеше грешка било кое од детето, Али Риза и Хајрие се караа пред сите, Али Риза си заминуваше од дома, ја оставаше сама, и се дереше пред сите. Самите направија сестрите и братот помеѓу себе да не се сакаат, да се караат, самите направија да тонат во немаштија, самите направија сите да им се смеат. Хајрие ама особено Али Риза правеше катастрофални грешки кои влијаеа на сите.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm, m.i.g и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.567
    Допаѓања:
    78.852
    Пол:
    Женски
    Ако Фикрет има 28 во серијава, колку има Таксин? :?: