По логика накај 50. 40 и нешто ваљда. Дениз има 17. Инаку сега после неколку години од почетокот има Фикрет 30 и 2-3. Нели еднаш Лејла спомна, кога дојдовме во Истанбул пред 5 години.
Kaкви беа тие долгови за кои му стигна писмо на Шефкет, а истото го зема Ферхунде. Сигурно за градежни материјали.
Забележавте ли колку висока жена е Џеврие? И наведната со бастун е како топола над другите жени во серијата. Дали се сеќавате кога во интервју откри дека татко и бил исселеник од источна Македонија? Беше дојдена во Мк со актерките кои ги глумеа Фикрет и Хајрие и кажа дека корените и се од тука.
Да, да, се среќавам дека има потекло од Македонија. Не само таа и онаа што глумеше Нигер Калфа во Султан Сулејман имала мајка што живее во Чаир, и девојката знаела македонски.
Она е македонска државјанка, Филиз Ахмет, во Турција замина кога доби улога во Величествениот, инаку во Скопје е родена и си живее(ше), сега не знам каде е.
Шефкет нели економист е по професија, банкар работеше не ми е јасно како не знае да направи пресметки за трошоците кој ги има со зградата. Туку не ми текнува кој маж на Неџла почина? Џем или другиот со кој ќе и биде втор брак?
Па како што гледав на крајот на серијата кога ги испраќаа назат во родниот град како и Џем да беше таму со нив.
Koj не цени нема ни да има ништо. Џем го вади од кал засега, ама ќе си потоне. Влезот од зградата беше затрупан со смет. Доцнат со изградба. Митхат и покрај се покажа човечност. Семејството Текин не се нешто човечни. Види ја Хајрие, пак спремна да се кара и оди кај Неир. Што се не кажа за Седеф, а до вчера навиваше и вршеше притисок да се венчаат. Многу ми беше жал за Лејла. Хајрие со парите кои Лејла и ги даде, а тие пари се на Огус, сакаше да купи подарок за Неџла. Лејла ја третираат како ѓубре. Тие ја туркаат во уште поголеми проблеми. Минатиот пат Хајрие речиси ја избрка, кога Лејла со полу мокра коса си го зема куферот и сакаше да си оди. Баш жално. Ги форсираат ѓубрињата Шефкет и Неџла, првиот зашто е машко, а оваа зашто е убава и се упика кај богати, а другите деца не ги ни земаат в предвид.
Нема врска што е убава па затоа ја форсираат. Туку, зетот е богат па затоа. Не трошат пари за неа а и има со што да се фалат пред комшиите. Колку убаво мислење имав за нив на почетокот од серијата.
Моментот беше сценски многу убаво доловен, и да не си во тек, ќе сфатиш за што се работи. Нели Лејла трудна ќе беше од Огуз?
Да, таа со убавина се избори да влезе во богата фамилија. Навистина, како одминува времето семејството се повеќе се покажува какво е.
Многу се расипани. Како одминува серијата се повеќе ги мразам. Семејството Текин не заслужија пријатели какви што се Неир и кафанџијата Ахмет. Толку поделени, завидуваат еден на друг, толку неодговорни, себични. Тие биле семејство, толку тоа го нагласуваат. Тие се семејство кое се уништи.
Кога Али Риза ќе легне болен, Неџла нема да оди ни да го види и ќе ја користи Лејла како изговор, но всушност ќе е незаинтересирана и ќе се занимава со новиот маж кој ќе биде ист ко неа, ладен, плус брзо ќе му здосадуваат работите. Таа на работа ќе се дотерува премногу за него, ќе оди во миничи, ама џабе. Знаевте ли дека Џем приватно е во брак со актерката која глуми негова сестра? Мислам дека се сретнале во Лисјата и со години се заедно. Ја личи кога и се нафрла на Неџла хаха