1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Зошто џабе за новиот маж? И тој нема да и се погоди? И со него ќе се и се распадне бракот? Сите деца на Али Риза се во дефект. Тотално себични, неодговорни.
     
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Ќе се разведува од неа на крај, ќе биде заинтересиран за Ферхунде. Неџла ќе му здосади и ќе се разведат додека таа е бремена. Она ладно ќе прифати развод, само ќе му каже дека ќе имаат дете и толку.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    И таа лошо ќе заврши и покрај парите.
     
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла. Да потраеше серијата, сигурно ќе најдеше и нов маж. Овој вториов лошо ќе го одбере. Ќе се сретнат во ресторан каде тој ќе ја откачува бившата и ќе ја расплаче. И Неџла со сиот ум со него.
     
    Последна измена: 3 август 2021
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Ама пропалитет е и таа. Колку пати се мажи до 30 години? Може да и парира на Ферхунде, ништо друго. Таа ниту Џем не можеше да го трпи, веднаш со торбата назад си отиде. И со пари во џеб нема мир, не е среќна. Брак со некој пропаднат чичко или дедо не е среќа.
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Зш со пропаднат и стар? Убава е. Таа ако се премажува, тоа ќе биде со некој од елитата повторно. Тие не се до толку опседнати со минатото на жената ко што е сиромаштијата. СДК, штом влезе меѓу богатите и располага со свое богатство, полесен е животот општо, а и ќе може да си дозволи подобар избор на партнери. Неџла ќе заврши подобро од Лејла или Фикрет.
     
    На TrinityNeo и Hoping им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Полесен, ама не и исполнет.Повеќе пати кажа дека немала спокој кај Џем, а тој ем ја сакаше, ем имаа пари. Значи парите олеснуваат, ама не носат спокој. Таа нема љубов. Тој со кој ќе се мажи нема да е стар? Се замараат и тоа како. Семејството на Џем не ја сакаше затоа што има лошо минато и е неморална. Лејла според мене ќе заврши многу лошо. Таа ни себе не може да се гледа, не пак детето. Фикрет не мечтае за некој раскош и таа ќе се помири со судбината дека ќе ги трпи Таксин, Џеврие, децата....
     
    На Hoping и referentka им се допаѓа ова.
  8. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.301
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Женски
    Хајрие одма почна да газдува во куќата на ќерка и дури и ќе менувала мебел. Добро што Неџла е паметна и амбициозна за разлика од брат и и нема да ја пропадне фирмата.
     
    На Hoping, Tanjamm и referentka им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Срамота.
    Толку лошо воспитување им дава на керките.
    Дури мислам дека за пола од несреќите што ги снајдоа таа е одговорна.
     
    На Hoping, Tanjamm и VDT2906 им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Хајрие нема своја куќа, па во туѓа дава наредби. Не мислам дека Неџла е амбициозна и паметна, туку за разлика од брат и кој со затвореник сакаше да биде партнер и бизнисмен ( уште и се занесоа дека ќе успеат), фирмата на Џем ја држи Кемал и еден куп други луѓе, си имаат реноме и такви фирми не пропаѓаат лесно. Неџла е само фигура која таму се прчи и троши пари. Да не и спомнуваше Џем постојано, можеби уште немаше да дипломира.
     
    На Baby Girl 3 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Да им било до толку неприфатливо, тој брак помеѓу Неџла и Џем немаше воопшто да се случи. Ама на Џем сепак не му беше грижа за моралот на идната сопруга. :) Лејла сирота не може надвор да излезе од комшиите, Неџла живее господски и никој ништо не смееше да и рече. И тоа како прават разлика парите, а и обичниот народ повеќе уништува животи со оговарање, богатите се научени на скандали. Самиот начин на живот е разликата. Родителите на Џем сакаа да го оженат со Ханде, а семејството Тунџел се бетер од Текин со таа снаата Асли, психопатка и мафијашка, и мажот и, "плејбојот" Левент. Ама дека богати, ним не им се бројат гревовите. Сиромасите Текин во земја нека пропаѓаат.

    Хахах каков стар, во 30-ти години ќе биде вториот маж на Неџла. Не знам зошто ти си помисли дека ќе е некој дедо хахах.

    Инаку, Неџла не го сакаше Џем, со него се омажи за парите и за да си го обели образот, ама не беше вљубена и затоа се туфкаше цело време. Мислам дека и се допадна физички кога прв пат го виде, но карактерно не се совпаднаа, тој беше скромен за нејзин вкус, не и носеше скапи поклони да ја финансира, а и Ферхунде ја зафркаваше дека е ист како татко и, со што Џем на Неџла и стана одбивен. Знаејќи ја како лик, мислам дека и по трет пат ќе се омажеше да не завршеше серијата, не гледам зошто би и било проблем. Она не постар, туку со парите и помлад ќе може да си купи :lol: И Неџла и Ферхунде подобро ќе завршат од манастирскиот глушец Фикрет и од Лејла.

    Искрено, жал ми е што така ќе завршат Огуз и Лејла. Барем се труди да и надомести за се, додека сите ја отфрлаат само тој ја тинтра и до последната епизода ќе и угодува. Требаше да ги остават заедно на крајот, ама не би било трагедија ко што е обмислено во тој случај.
     
    На christinnn, Hoping и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Женски
    Оваа Хајрие премногу ме изиритира :@
    Како може така бе кога зетот починал, таа да се смее од 6ка до 6ка?! :@ Па уште и ќе ја донира на сиромасите неговата облека?!! :@ Ја гледав на турски епизодата кога ќе дојде во куќата мајката на Џем каде што живее Хајрие и останатите и ќе ѝ кажува нешто, па потоа Хајрие нешто ѝ кажува и после на вратата ѝ покажа... Јас не знам зошто таа Сузан косата не ѝ ја искуба после. :@
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Седеф и Шефкет колку се само исти. Кога Шефкет беше оженет, Седеф подло не се одлепи од него, сега малку ја изнервира и "чао, заминав за Милано". А тој пак дури беше со Ферхунде оваа ја чуваше како резерва, сега плаче по неа. Скроз си одговараат, не ми се верува дека не завршија заедно. Да не зборам дека се тотално антипатични.
     
    На hermosa, Hoping и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Седеф и Шефкет досадни.Монотони.
    Па и гласот на Седеф, она налудничавото смеење :@

    Хајрие е непостојана и не стабилна.
    Еднаш ја брка сосетката, еднаш ја вика ,,сестро,,
    Керките не ги третира подеднакво.
    Постојано крие нешта од маж и.
    Ги подбуцнува Лејла и Неџла да се омажат за богат маж.

    Почна да шие, па се ,,прекрши,, од работа(facepalm), нон стоп тоа го збореше -како е уморна
     
    На Hoping и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Хајрие сега се залета за парите на Неџла, ама па и Неџла е доволно себична за да не им даде ништо. Таа не поднесува никој, си го гледа својот ќеф. Жал ми е за Лејла, ако нема пари, не се снајде добро да се омажи, значи дека секој може да ја шутира. И Али Риза веќе не морализира, батали некако. Самите се криви за се.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Лејла нема интелигенција и не е психички здрава за да брка некој богат, да лаже и да манипулира и да се напика некаде како Неџла. Фикрет е уништена одамна, таа поради раскината веридба се чувствува како да е осакатена и се задоволува да биде со вдовец. Таа нема волја да брка богаташи оти не се движи во такви кругови, седи само дома, готви, чисти, и е тотално друг тип. Неџла и Ферхунде изгледа дека подобро ќе завршат, ама и тие се тотално дно. Ферхунде се курва со кој ќе стигне. Сакаше да остане трудна, кога остана, сфати дека сама нема да може да гледа дете. Неспособна е и нестабилна. И таа не знае што сака. Еве ја сега како пак сака да се врати кај Шефкет. Многу удари доживеа, само што глуми дека не е и гајле. Таа е тотално разорена карактерно. Неџла си ги има парите, убавината и тоа е се.
     
  17. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Лејла не е помалку интелигентна од Неџла, ниту од било кој друг. Нормална е како и сите. Дури мислам има поголема емоционална интелигенција од Неџла. Повеќе сочуствува со другите, по жалостлива е, повеќе ги разбира чувствувта на другите. Додека пак Неџла не знае што е тоа да ги разбира чувствувата на другите.
    Сестра и избега со маж и па сепак многу и беше тешко кога заврши во болница и го спаси животот на Неџла и многу плачеше за неа. Исто и беше многу тешко и за зетот кога почина. Додека пак, Лејла кога имаше операција, Неџла ладнокрвно изреагира како ич ни малку чувства да нема дури и урлаше на цел глас на мајка и зошто и е жал за ќерка и.
    Сега Неџла и за татко и нема да има никакви чувства кога ќе се парализира.
    Кај Лејла е проблем ептен ниската самодоверба, што е оставена сама на себе а е лабилен карактер, како изгубена, не може да се пронајде себе си во овој свет, немаше соодветна помош и поддршка. Мисли не може сама ништо па затоа очајно се приврзува за Огуз по не знам кој пат, како мало дете што за родителите е приврзано. Ја лечеа од депресија ама сепак згрешија многу со неа.
    Ферхунде има еден проблем за кој очигледно не е свесна ни малку. Покрај злобата, покрај желбата да ги гледа несреќни сите оти она самата е несреќна, покрај сето тоа, многу е наивна. Левент се гледа од далеку каков е, а она наивно веруваше дека ќе ја земе. Таа со цел памет мислеше дека лик како него ќе се ожени со некоја вработена во неговата фирма која одма легнала со него. Сега исто и со Шефкет е пак наивна. Мисли он добар и глупав е па милион пати ќе го повредува и ќе му наштетува и дека тоа ќе нема крај. Па и на најдобриот човек може да му се смачи па да побудали на крај.
     
    На Аргентина *, BlackNight, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Се согласувам. Неџла е сто пати посебична од Лејла. И Ферхунде е никаква. Не знам зошто претходно тука некој ја величеше дека нејзе и требал јак маж, со пари итн. Нејзе и треба лечење. Таа преживува и живее мажејќи се со старци и од изнуда. Првиот маж Исмет беше чиче за неа, потоа му се залепи на Шефкет, и со лаги се омажи за него, демек била измачувана и малтретирана. Видете колку е болно љубоморна на Седеф. За неа рече „Види ја ти, џуџето навистина има талент, добро и оди работата“. Седеф си вложува во знаење, не легнува со газди. Јас не ја сметам дека е нешто подобра или посреќна од Лејла или од Фикрет, туку само е дрска и напакостува и затоа така изгледа. Прво, дури и осамениот чичко Митат по една недела се поколеба затоа што се ожени со неа. И него почна да го јаде црвот каква е всушност жената и дали има задни намери. Тој се покаја што им нанесе болка на семејството Текин.
     
  19. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Хајрие ја тепаше Неџла, па ја тепаше Ферхунде, па сега и Лејла ја истепа. А на Седеф само стигна да и се закани дека ќе и ги искрши нозете, не стигна да ја истепа и неа.
    Само Фикрет не ја истепа. За Ајше не знаеме..
    (facepalm)
     
    На Аргентина *, Tanjamm и TrinityNeo им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Хајрие е вечито оптимист и тоа од мака. Шефкет ќе најдел 40 како Седеф, ич да не се секира. Прво ќе и кршеше нозе, па потоа стана злато, па сега ќе најдел како неа.
     
    На hermosa, Baby Girl 3 и Hoping им се допаѓа ова.