1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Шефкет осуден криминалец, за финансиски криминал, неспособен за бизнис, до гуша во долгови, ќе најдел 40 како Седеф. Седеф не е како Ферхунде, да прави кариера спиејќи со шефовите (како Ферхунде што спиеше со Левент), ниту како Неџла да успее во животот со парите и презимето на Џем, ниту како Лејла, која сирота само седи дома и не превзема ништо, чекајќи на милоста на Огус. Седеф работи, чесно и поштено, пример е како млада девојка треба да прави кариера. Несреќно е вљубена во Шефкет, ама таков човек не и' е потребен во животот. Господинот Шефкет сега ќе и' се осветува на Ферхунде, а неа пак многу и' е гајле за маж и' Митат.
     
    На hermosa, VDT2906 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Седеф се спаси од неспособниот и нестабилен Шефкет. Си направи добро што замина во Италија. Шефкет крадеше и од нејзините пари без срам, па кога дојдоа ненајавени со мајка и да ја затворат сметката и да ги повлечат парите, тој украде од друг клиент за да и ги даде парите. Шефкет сега е бездомник кој се мисли дека ќе стане бизнисмен. Тој нејзе не може ништо да и понуди. Почнаа и киријата да не можат да ја плаќаат. Последен пат Лејла им плати со парите на Огус. Претходно со месеци живееја кај Митат. Пред тоа две рати за кредит им плати Џем.
     
    На Baby Girl 3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Хајрие беше комедии со прстенот хахах, ја памтев таа сцена од пред години. Најсмешна е жената. Онаа пак Џеврие е жив ѓавол, кога рошкаше во собата на Дениз, најде прилика да ја намести Фикрет. И трудна во ризична бременост ја замара. Баба од пеколот, ужас.
    Седеф е еден од најподлите ликови во серииве, не знам зошто ја браниш. Кога Шефкет беше во брак му направи 300 проблеми со жена му, сите ја научија дека го сака и не и беше срам да му се лепи и покрај тоа што чувствата не и беа возвратени со иста мера, ама сега од нигде никаде и проработе гордоста, дури со дечко ќе се врати од Италија. Изгледа Хајрие беше во право дека Седеф се одмаздува. Да не заборавиме како ја запозна Неџла со Огуз. Шефкет не е многу подобар, прво не беше закнтересиран, си ја најде Ферхунде, дури откако Седеф му се исповеда дека го сака почна да биде близок другар со неа, сакаше да си има резерва, му се дуеше егото.
    Исти си се, сродни души.
    Мислам дека ќе ја нападне и Седеф. И таа сводничката на Неџла ја искуба :rofl:
     
    На S.W.A.G и Hoping им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Седеф го сакаше, но не му беше љубовница на Шефкет. Таа ако беше подла ќе правеше пакости на сите. Јас не ја доживеав како таква. Никого не навреди, ама баш никого дури и го убедуваше Шефкет да не бега, што ќе правела Ферхунде без него. Таа е мирна, повлечена, си работи, си молчи. Хајрие е таа која цело време трчаше кај нив и тие си беа во контакт како семејства. Седеф не ја натера на никој начин Неџла да бега со зетот, на такво нешто никој никого не може да натера. Неџла е џган, а ти некако неа ја браниш, убава била. Пред две епизоди вратија назад како се запозна таа со Џем. Откако дозна дека е богат, ја натера Ипек да ја запознае со него. За мене има голема разлика меѓу децата на Али Риза и Седеф. Ако беше подла, Седеф ќе се курваше каде и да е. Таа само работеше на себе, на својот талент, едукација, ништо друго.

    Седеф на една од сестрите и велеше дека ако веќе се гледал со сестра и тој не е за неа и не и треба. Тие си тераа по свое. Ферхунде беше таа која на Лејла и велеше дека Огус неа ја сака, а на Неџла дека неа ја сака истиот и дека треба да бидат современи, слободоумни. На едната од нив велеше „ти гледај си за тебе, што ти е гајле за сестра ти“, иако знаеше дека тој е љубовник на Џејда.

    Точно дека Седеф требаше да се дистанцира, ама ако било кој се заљуби во било кого и ако тој ти живее од карши, и мајка ми секој ден ти се тупнува дома, не значи дека треба од градот да се иселиш. Семсјството Текин само добро виде од Седеф, Неир и бато Ахмет, ама Текин не знаат ништо да ценат и секој втор ден се брукаат. Кај новите комшии не им упали, никој не ги сака. Дури и газдите на станот, сакаат што поскоро да си одат.

    Зошто Фикрет не доби дел од куќата која ја продадоа?
     
    Последна измена: 13 август 2021
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Значи според тебе, сексот е тоа што ја прави жената зла? Таа нека си изјавува љубов на оженет, битно е што немале секс? :D Двојни аршини. Ферхунде е каква што е затоа што израснала во никакви услови. Седеф и да сакаше, не можеше да прави глупости затоа што мајка и е многу приврзана за неа и постојано и виси над глава. Иначе Седеф делуваше како особа без самопочит, ама се покажува дека по оженетиот трчала поради его, да докаже дека може да го има. :) Во првите епизоди, Огуз и се пушташе на Седеф, Седеф на Огуз му се претстави како Неџла, за да не наебе пред Нехир и комшиите во случај да дојде во маалото да ја бара. Потоа и го даде бројот од Огуз на Неџла, инсистираше таа да го земе и така ги запозна. Хајрие подоцна кога дозна, и се налути и и рече ќе и ги скрши нозете ако се плетка околу нив. А Седеф дома ја излажа мајка и, не и кажа се точно како се случи и ја претстави Хајрие како таа да лаже.
    Седеф и мајка и од епизода 1 висат на пенџере и ги шпионираат Текин, тоа ако е нормално не знам, да беше нормално, немаше да се кријат. Нехир и со баење се занимава. Тој стариот со кој ќе се мажеше, го умре од неизвесност. Ахмет е добар, само мана му е љубопитноста и што многу зборува, ама не е веќе без осет како на почетокот, научи манири за Али Риза да не му се лути. Новите соседи на Али Риза се дно. Ѕиркаат од врата и се мрштат кој и да помине, ко песој обележале територија.
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Ако Седеф немала секс, не се ни бакнала со него додека тој беше во брак, како тоа му направила проблеми? Таа и сега немаше скоро ништо со него. Ако држење за рака и две бакнувања се некаква врска, ууффф. Шефкет знаеше дека таа безрезервно го сака и ја имаше како втора опција. Текин не заслужија апсолутно ништо. Комшиите спречија да им се запали куќата. Неир и помогна на Хајрие да шие кога и требаа пари на Хајрие. Можеше и да ја одбие? Зошто да ги дели парите со неа? Впрочем Хајрие не е нешто способна за работа и затоа видовме колку беше упорна и колку шиеше. Бато Ахмет молеше да го примат Шефкет во такси станицата и плус им позајмуваше пари. Тоа што живеела Ферхунде во дом не е оправдување да биде психопат и да сака да ги уништи сите околу себе. Таа не може ни мајка си да си ја поднесе. Не може со никого да функционира. И мајката на Ферхунде не знам што глуми дама кога таа прво е убиец, а и живеела со педофил кој и го силувал детето. Очигледно била нешто слично на Ферхунде во млади години. Неир не сакаше да се мажи, но кога виде дека бато Ахмет е фин, упорен, едноставно реши да го сподели животот со него. Не знам што е лошо во тоа што почекаа да се запознаат. Зарем требаше една вдовица да скока в кревет со кој ќе стигне? Седеф, Ахмет и Неир се многу пристојни, толерантни, фини, а нивна грешка е што премногу се трудеа да помогнат.

    Во сите турски серии луѓето дремат на тераси и гледаат што прават комшиите.

    Текин од што беа „ниво“ паднаа толку ниско да одат во некое сиромашно маало, каде луѓето не ги сакаат од што брзо сфатија дека се проблематични. Да се тепаат и дерат по влезови, да глумат богаташи како што ги лаже Хајрие, а при тоа не можат ни кирија да си платат, па кој ќе ги сака?
     
    На Baby Girl 3 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Не е поентата во тоа дали биле интимни. Туку тоа што он беше женет а она како манјак трчаше по него.
     
    На Аргентина * и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Па требаше да се дистанцира, одамна. Но, без него ќе и биде подобро. Тој не може ништо да и понуди.
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Зборувам за тој стариот Ихсан кој умре додека оваа се премислуваше дали ќе се омажи за него или не. Ја гледаше воопшто првата сезона од серијава, или слабо?
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394

    Aa извини, не знам кој е тој. Јас мислев за Ахмет зборуваш. Сум гледала одамна, ама сега не се сеќавам. Сега кога ги гледам епизодите ми се освежува сеќавањето.
     
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Неџла е убава ко ангел, актерката е најубава меѓу турските глумици. То не е бранење, туку факт.

    Ахмет кафеџијата својот карактер го поправи покрај Али Риза. Сакаше Али Риза да го прифати како пријател и не е ова истиот Ахмет од почетокот кој беше зајадлив и озборувач. Он сега помага затоа што гледаше како Али Риза на почетокот им помагаше на сите.

    Нехир и Седеф немаа ни пријатели во маалото пред Текин да се доселат, едвај дочекаа некој ко Хајрие да има Нехир со кого да дрдори. А откако се всели Ахмет кај нив не гледам да скенираат веќе од прозорци, страв им е што ли ќе си помисли.

    Седеф е многу снаодлива и итрица, ако личи на мирна, многу добро знае да манипулира. Пишав веќе дека на Огуз му се претстави како Неџла за ако дојде во маалото по неа, да каже дека ја бара Неџла, а не Седеф. Па уште и го даде неговиот број на Неџла за да го спои со неа, а таа да остане настрана. А на децата на Али Риза толку им сече, секој можи како сака да ги врти. Исто во една прилика се сеќавам Ферхунде и напиша порака на Седеф од телефонот на Шефкет да се сретнат за да ја фати на лице место и да и префрли што се состанува со оженет. Седеф тогаш и се развика и и се закани да не ја задева, па отрча кај Текин да плаче и се претстави како жртва, ја награбуси Ферхунде и ја остави со подотворена уста, така да не е ич Седеф мила и мутава. Нема врска што сопругата беше Ферхунде, битно Шефкет имаше сопруга која се вознемируваше од таа блискост.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Јас не велам дека не е убава Неџла, туку ликот на Неџла е себичен, расипан, арогантен. Таа е со низок морал, што избега со зетот и се влечкаше по прчварници наречени хотели. Неџла е полоша од Лејла, Фикрет, Седеф. Се снајде оти е убава и налета на мутав човек како Џем. Додуша и тој се покаја кога сфати дека не може да го трпи и дека е за пари, ама брзо умре, така што таа му остана законска сопруга. И тој неколку пати беше ладен со неа и и спушти одвратни муабети, понижувачки. Децата на Али Риза се мутави и мрзливи навистина и затоа и заглавија до толку. Бато Ахмет беше добар откако се појави во серијата, но знаеше да истреска нешто пред Али Риза и веднаш да се каеше за тоа. Потоа се научи да биде одмерен со зборови, но сепак е добар човек, толерантен. Неир и Ахмет сто пати им се најдоа на Текин за било што. За мене Неир е подобра личност од Хајрие, затоа што и да имала некој грев на душа, пак е постабилна. Хајрие пак само туѓи пари да бута во цицки знае ( парите на Огус што Лејла и ги даваше, а нели Огус беше гад, ѓубре). Хајрие денес ја навредува Неир, утре ја нарекува „сестричке“. Тотално нестабилна жена.
     
    На Baby Girl 3, Amellie13 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Што и е на Фикрет со идиотсково однесување. Не сака да збори со сестра и оти останала бремена. Се однесува како да сестра и убила човек.
    Многу е подмолна Фикрет.
     
    На hermosa и TrinityNeo им се допаѓа ова.
  14. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    И мене ми е жал за Лејла. Како ја третираат дека забременила како да извршила некое тешко злосторство. Кога имаше операција на жолчката, Неџла ни најмалку не покажа емпатија, сега пак Фикрет муабет не и' прави...уште остана мајка и' како што е лабилна да ја истепа. Гревота Лејла, ако не е Огус, нема кој да и' обрне внимание и човечки да поразговара со неа.
     
    На hermosa и темјанушка им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Aма па и Лејла е голема лигла. Јас не знам како нема срам секој втор ден да ја остава дома Ајше, кога Ајше е дете и да лаже била ваму, била таму. Али Риза да си се откажеше од децава, нив за ништо не ги бива. Шефкет мутавиот па, имал гордост, што ако му побегнале работниците. Со таа нивна гордост аман веќе. Знаат ли што значи тој збор? И немаат обзир ни за себе, ни за родителите.
     
  16. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Ајше не е дете на Лејла за да Лејла има одговорности спрема неа. Како напиша демек ја запоставува, а и плус Ајше е дете ама не е толку мала да не може да седи сама дома. А и ако некој треба да мисли и да се грижи тоа се родителите. Сестра и треба да има свој живот.
     
    На S.W.A.G и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Али Риза и Хајрие тотално ја заборавија Ајше, како да не постои. Да, Лејла треба има свој живот, ама прво да се излечи, да најде работа, да се научи на одговорност кон самата себе, да најде работа и маж поасален од Огус. Таа ништо не прави освен што лаже и се вртка како удрена ( таа и е удрена) околу пропалитетот Огус. Поради него заврши во санаториум, а сега го сакала. Сите лажат. И Хајрие знае каде оди и што прави и што очекуваше дека ќе се случи на крај? Инаку, Турциве како да не знаат за заштита. Забележувате ли во сериите, кој со кого ќе легне в кревет, ооппп веднаш трудни.

    Лејла дава лош пример на Ајше. Детето сфаќа дека лаже. Убаво и плесна Ајше на Неџла „јас нема да бидам како вас, се сеќавам, се скаравте со сестра ми за едно палто“. Ненамерно беше, ама и го лупна и таа остана без зборови.

    Ме нервира тоа што глумат дека им е жал за Али Риза. Не им е. Тие себе не се жалат, не пак Али Риза. И Лејла сто пати ја злоупотреби Назли, со тоа што каде и да оди само кажува демек е кај Назли, а нема врска. Девојката се скапа од објаснување на работа за толку прости работни задачи, ама Лејла тешко сфаќа.
     
    На cresa-jagoda и Hoping им се допаѓа ова.
  18. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.301
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Женски
    Зошто Ферхунде не си отиде во станот туку во хотел? Што ќе биде со Ферхунде сега?
     
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам сега брзо што ќе се случува ама знам дека понатаму Ферхунде ќе проба да се самоубие, ќе оди на гребенот и ќе сака да се фрли, тогаш едно момче ќе ја спаси и ќе почнат да се гледаат, но тој ќе биде сиромашен.... Ферхунде ќе се врати во нормала до крај на серијата и ќе се смири со Али Риза, тој ќе и прости за се.
     
  20. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Што ќе се случи со Шефкет ќе ги изгради ли становите? (неверувам:bandit:)