1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    6.484
    Пол:
    Женски
    Нема
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Шефкет е како мало дете. Мисли дека може од секого да бара пари на заем и дека сите треба да му помагаат. Неџла која е полна со пари, за кои патем не се мачеше, туку ги наследи, не може да носи туѓ товар, ама Фикрет ќе ја зема Ајше да живее со нив. Хајрие па дури се согласува да биде така, иако знае дека Фикрет живее со многу лоша свекрва. Хајрие е нула, тотално неодговорна мајка, а на Али Риза конците одамна му избегаа од раце.
     
    На Amelia и Baby Girl 3 им се допаѓа ова.
  3. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Али Риза и Хајрие се школски пример, како не треба да се однесуваат родителите кон децата. Шефкет е привилегиран и за неговите неуспешни бизниси сите мораат да плаќаат и да страдаат. Родителите затоа што е машко го разгалуваат и сите грешки му ги толерираат. Откако си ги упропастија сите деца им преостана уште Ајше, која живее во токсична средина и нема нити едно другарче, освен децата на Таксин кои повеќе ја исмејуваат и растажуваат.
     
    На hermosa, Tanjamm, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Дали помина сцената кога Лејла отиде кај Хајрие додека Али Риза беше отсутен, во тоалетот го заборави прстенот миејќи ги рацете и подоцна Неџла го виде прстенот и намерно го остави за татко и да забележи дека Лејла била кај нив?

    Мене кај Неџла единствено не ми се допаѓа како се однесува со Лејла, божем којзнае што и сторила, а обратно беше. Лејла неколку пати се понижи пред неа и беше подготвена да се смират, иако Неџла не заслужи. Се сеќавам кога ја вратија Неџла дома, ја виде Лејла како излегува од автомобилот на адвокатот и ја гледаше со потсмев, тоа беше многу злобно! Исто се изнасмеа кога Ајше ја имитираше Лејла како била луда. Со болна девојка така се подбива, срамота, и тоа со сестра која поради неа се разболе. Лејла навистина е луда што сакаше да ги среди работите со неа.

    Тоа што се смири со Огуз, го разбирам. И го лекува егото кое и беше повредено. Сите ја гледаат Лејла како љубовницата, а се работи за нејзиниот поранешен сопруг кој додека беа во брак ја изневеруваше со Џејда, која сега испадна "жртва". Навистина нелогично.

    Неџла ја направи најдолната постапка во серијата, се уште не ми е јасно како може мантилот да биде оправдување? Зошто не и рече тогаш да не и ги фрла работите така и решен проблем. Ја напрај големата. И Али Риза и Фикрет гледаа како да се случило нешто трагично.... Чудно семејство. Единствено Хајрие не виде ништо лошо во тоа, беше зафатена гледајќи во бундата.
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Masha5

    Masha5 Нов член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Не знам зошто ги даваат серииве со синхронизација...Алфа тешка утка,пола македонски,пола турски што убаво да е долу со превод...:|
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Серијата треба да заврши најдоцна за месец и половина. Ова е единствената тр серија која ја гледам и мислам дека кастингот е идеален и психолошки е одлично продрено во ликовите, а настаните задржуваат внимание. Само малку ми е досадно во домот на Тахсин, три сезони истото.
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    На крајот сепак самите се криви за она што им се случи. Шефкет со таа зградата, како буре без дно. Тој навистина требаше да се помири дека нема веќе да биде банкар, туку таксист и крај на приказната и преценувањето. Не знам зошто цело време дреме на зградата, кога тој не гради, не носи малтер, па да седи таму. Можеше да си работи било што додека зградата се гради. Се прецени навистина, а нема капацитет. Сега Ајше е највеќе за жалење. Заборавија дека девојчето постои. Никој не е и посветува внимание. Самото дете е свесно на кое дереџе паднаа, и плачеше додека беше кај Фикрет. Девојчето е посвесно од нив дека во зградата не ги сакаат и дека немаат каде да одат, а немаат ни пари. Возрасните со глава во облаци. Можеа да бидат скромно, среќно семејство, ама сами си урнаа се.
     
    На Baby Girl 3 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ena16

    Ena16 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Таксин со таа од таверната ли ќе ја изневерува Фикрет? Како ќе завршат они?
     
  9. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    6.484
    Пол:
    Женски
    Со неа, многу глупаво ќе испадне, помеѓу нив ќе нема ништо, ама Џеврие ќе ја боцка на Фикрет и сплетот на околности ќе е таков, Фикрет ќе се налути, тек откако ќе замине и ќе се налути ќе ја изневери. Фикрет ќе се пресели во Истанбул со детето во еден стан, Тахсин за да ја врати и тој ќе се пресели, така ќе останат недоречени некако нема ни да се смирени ни скарани.
     
    На Hoping и Ena16 им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Оние душкала од соседи како ме нервираа, требаше Ферхунде и нивната зграда да ја запали :rofl: Барем ќе имаа повод да се лутат. |( Можеби Текин немаше воопшто да им пречат, самите да не ги прислушуваа и следеа цело време.

    А и онаа Нехир во другото маало, залепена за пенџере.

    Митхат Кара е добар човек, да беше и убав, немаше да му се случува ништо од ова хахаха

    Неџла штом слушне за Огуз се блокира целата, почнува да зјапа како манијак :rofl: сори ама со сестра и некако повеќе си одговараат, поубав пар се.
     
    На hermosa, TrinityNeo и Hoping им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Хм.... не знам зошто не се сеќавав каква пироманка била Ферхунде. Тоа беше епик. Откачена е скроз. Сега на Огуз ќе му се всели во комшии, ќе го израдува. Ферхунде е еден од најјаките негативци во серии, поточно сите ликови од Лисјата се за паметење.
     
    На hermosa и Hoping им се допаѓа ова.
  12. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Што ќе биде со Таксин и Фикрет? Знам она сама ќе се врати со бебето и баш таа ноќ кога ќе се врати Таксин ќе ја изневери. Понатаму? Ќе дознае Фикрет за тоа? Каков ќе им биде односот?
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Всушност пејачката ќе им се залепи, таа ќе си уврти филм дека Тахсин ќе се ожени со неа и ќе ја спаси од тој живот. На Џеврие ќе и дојде умот, ќе се исплаши Тахсин да не и донесе певаљка дома и ќе ја моли Фикрет да се врати, ќе оди по неа и потполно ќе го смени односот. На пејачката ќе и се заканува, мислам дека таа ќе ја избрка од нивните животи. Џеврие ќе ги засака Фикрет и нејзиното семејство и на крајот ќе жали за нив. Заедно со Тахсин и децата ќе се преселат во Истанбул за да бидат блиску. Фикрет до самиот крај ќе одлучува што да прави. Мислам ќе му рече на Тахсин дека нема да бидат веќе заљубен пар, само поради детето формално да останат заедно. Ама со Џеврие веќе ќе нема мака зашто ќе се зближат, ќе ја вика мамо.
     
    Последна измена: 4 септември 2021
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    И Хајрие ме невира, ама па и онаа Нурдан не знам што се замислува. Глуми некоја дама, глуми култура, а таа е исто така подмолна. Не чекаше два збора да и се кажат, се всели во куќата каде живееја нејзините бивши сватови. Сега па и за алиштата отиде да ги земе. Бесрамна. Па и се лути за озборувањата на соседите. Сигурно мисли дека сите треба да паѓаат во несвест од неа, која е убиец, и од ќерка и која е дно.

    Сердар убаво ја опомена Ѓулшен да не се дружи со Ферхунде. Па дури и благ беше. Каков проблем треба да имаш за да се плеткаш и спријателува со такви луѓе, кои секаде носат само зло, лаги, измами, секаде прават проблеми.
     
    На Baby Girl 3, Hoping и stilas7 им се допаѓа ова.
  15. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Хајрие е жена, која откако ќе ги омажи ќерките не сака да им помогне да ги решат своите проблеми. Лејла, првиот пат кога беше мажена за Огус и плачеше кај Хајрие, таа и рече оти само мртва дома може да се врати. Неџла кога сакаше да замине од кај Џем, оти тој ја "прочита", зошто е со него, Хајрие ладно и кажа оти дома кај нив нема пари, слугинки и раскош и да се врати кај Џем. Сега Фихрет и плаче и кука, во каков пекол живее, а Хајрие и вели стегни ќерко заби. Единствен проблем на Хајрие е, да ги промажи ќерките и да се куртули од нив. Џеврие знаејќи како е кај Фикрет дома, на Таксин му вели дека таква како Фикрет нема да најде да и служи неа и на децата. Од друга страна Фикрет е таа која што и дава совет на Рејхан да не се мажи со Емир бидејќи има мајка како Џеврие, а таквите свекрви не се менуваат, туку стануваат полоши во иднина.
     
    На twilight123, hermosa, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Мислам дека Ферхунде требаше да разговара со психолог откако Асли и испрати силувач. Таа веќе била злоставувана како мала, и повторното проживување на истото се гледа дека се одрази, почна ептен непресметливо да постапува. Оттогаш се омажи со Митхат само за да влезе во куќата, па го насамари човекот и сакаше да бега со Шефкет, па запали зграда, сега пак си ја бара белјата доаѓајќи да живее карши Огуз и следно ќе проба да се самоубие....

    Ама ќе се соземе до крајот сама. Силна е, има поминато низ сито и решето.

    Ќе биде тажно кога Али Риза ќе се шлогира токму во рацете на Ферхунде и таа ќе бара помош. После таа ќе биде убедена дека Шефкет е невин и дека Огуз треба да оди во затвор, не ќе може да ја остави работата така.
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Ја гледав епизодата каде што Фикрет си заминуваше не првиот пат, туку конечно кога реши да се пресели сама со бебето во Истанбул. Пред да се качи во колата на Рејхан кога му подаде рака на Таксин за да се поздрави за последно. Исто како кога му подаде рака кога се запознаа првиот пат во живо.
    Тоа толку ми изгледаше не знам како да го опишам ама како да и беше намерно и како да беше среќна што си оди демек еве му враќа за се. Кога се омажи со него и беше само за да избега од дома и тоа отворено го кажуваше а сега демек има ете дете цврста жена е, не е повеќе сама има син па ќе го батали Таксин и децата негови и мајка му. Не знам јас таков впечаток имам.
     
    На hermosa, anas, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Таа е чудна жена. Од една страна милозвучен, толерантен глас, од друга страна таков антипатичен намќор и подмолна насмевка. Што сакала да постигне режијата не знам.... дали е до глумицата, или ликот треба да биде таков, или намерно е избрана актерката таква.... не знам што да мислам....
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    На оној Али Сарпер татко му умре, тој гледа убава женска да ќари (facepalm) и тоа млада вдовица од 20 и нешто год. да искористи. Не знам како може во тој период да размислува за романтики и такви ствари. Многу језиво.
     
    На twilight123, темјанушка, Принцезичка1 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Еве тука како се однесуваше Фикрет со Ферхунде уште пред венчавката, не ја ни отпоздравуваше на куќниот праг:

    Ниту Али Риза не ја сакаше ама тој барем имаше култура да разговара со неа, а и Хајрие исто. Оваа Фикрет не знае што прави, има проблем во главата. Ја мрази Ферхунде а на брат и никогаш не му пререче зошто ја одбрал неа, тој и остана цаканиот батичко и прва го поддржа во врската....ама затоа Лејла постојано ја прави бербат за Огуз....дури дома им отиде среде ноќ да им се дере, Огуз требаше да ја избрка тогаш. Мизогината Фикрет, искомплексирана в крај.

    Патем, вториов Шефкет барем е смешен :rofl: тој првиот ме депримираше.
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.