1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    И Џеврие не се трпи. Жената претерува ептен. Не знам што мисли, кој е син и Таксин, принц на бел коњ? Не. Тој е вдовец со три деца, земјоделец, и во право беше Ферунде кога рече дека се облекува како селанец. Навистина постојано носи кошули и костуми кои му се големи.

    Неџла глуми некоја јака деловна жена, ептен работохолик станала. На Али намерата не му е добра, напорен е некако.
     
    На cresa-jagoda, crazylady, Baby Girl 3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    Само мене ли ме нервира осетливоста на Фикрет кон Таксин? Кон(n)нејзините колку е осетлива како трн да и се става во очи|(Митат Кара е супер само да не беше стар,оваа ме нервира Седеф ,Неџла и Феркунде ми се најубави Лејла заслужува да биде среќна конечно:shake::!:
     
    На Hoping, Аргентина * и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Всушност Фикрет многу му се секира на Таксин. Таа се зезна со него, им служеше едно три години, ја истормозија до максимум, посебно Џеврие и што и да си оди? Ќе се спаси од токсична атмосфера. Таа во афект и во момент на длабок очај се омажи за него. Не требаше.
     
    На cresa-jagoda, Baby Girl 3 и hermosa им се допаѓа ова.
  4. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Тежок карактер има Фикрет.
    Наместо да седне и отворено да разговара со Таксин, таа постојано премолчува и се намќори. А така не се решаваат проблемите.
    Секогаш молчеше за работите што ги знаеше, мислејќи дека другите ќе имаат способност да го сфатат нејзиното однесување.

    Сега самата ќе го оттргне Таксин од себе и никој нема да и е крив за тоа.

    Харјие несакам да ја коментирам, толку ми оди на нерви :@
    Ниту некогаш работела, а постојано кука и сака да биде по нејзино. :envy:
     
    На Glowy, Hoping, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    54.892
    Пол:
    Женски
    Фикрет колку што истрпи досега ретко кој би можел. Таксин ми е типичен мамин син, Џеврие цело време зборува глупости, им се меша во бракот, отворено ја нервира Фикрет а тој ништо не ѝ вели. Таа ѝ го стави црвот на Фикрет за пејачката од кафеаната. А Таксин иако не беше појден со намера да се види со неа туку со пријателот, не се ни потруди да се објасни. А Фикрет ја нема таа привилегија да излегува и да останува до доцна кога сака, на неа сите домашни обврски се плус бебето. Чудно ќе беше уште ако останеше.
     
    На cresa-jagoda, Hoping, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    И Таксин е виновен. Гледа дека му се нарушени односите со Фикрет, и уште излегува навечер и не се ни враќа дома или се враќа доцна. Самиот ја натера Фикрет да се сомнева во него. Не се средил себеси, ќе се замара со брачни проблеми на пријателот и на една пејачка што два пати ја видел во животот. Плус и се развика на Фикрет, кога се вклучи мејлито дека треба детето да го врати дома, а таа кај сака нека оди. Епа што очекува? Јасно стави до знаење дека детето му треба, а не таа. И тој е тежок сељак. Еднаш не му текна да излезат некаде насамо или да ја опомене Џеврие за нејзиното однесување.

    На Неџла веќе и се вишок „гостите“, ама не знае како да се отараси од нив. Глуми некое ниво, како цел живот да била богата. Таа е себична. Направи жртва, се омажи за човек кој не го сака, тој почина, и таа сега ќе ужива во парите на неговото семејство. За другите не и е гајле. Сака да е на раат, и никому да не дава отчет. Инаку, и таа е тотално без осет и во право се Кемал и Сузан што не ја сакаат. Неколку месеци откако остана вдовица, веќе не може да скрие дека флертува и посакува друг човек.

    Хајрие и Шефкет како што имаат бујна фантазија за пропаднати бизниси, да се фатат таа за фустани, тој за возење такси, барем некое фајде од нив ќе има. Мислам дека дури и Ајше која е мало дете е посвесна од нив во каква ситуација се наоѓаат.
     
    На cresa-jagoda, темјанушка, Hoping и 4 други им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам за Фикрет.
    Пасивно агресивни луѓе никогаш не сум сакала.
    Во моментот кажи си што ти е проблемот испцуј што се вели ако треба, ама биди насочен кон решението, не кон проблемот. Не е чудо што во тесен круг на пријатели сите ми се такви галамџии а мене непријатно ми е да пцујам. :D

    Фикрет можеби малку и ѝ љубомореше на Ферхунде, таа на времето со сите чисти сметки не се изборила за вереникот, а една разведена маж ѝ што го изварала да ѝ излезе ксмет. Посакува од животот нешта за коишто не е доволно претприемчива, а тие коишто се ѝ се виновни после.

    И не е некоја што се искина од домашни обврски, само гледа на кого да натовари, прво на Ферхунде, после на ќерката на Тахсин, повеќе кука одошто работи.

    Од Нехир се учат тактики за риболов. Кафеанџијата многу суптилно го фати и го загарантира.
    Седеф е подла ама еден период глупа. Драгоцено време потроши на рушење брак, дури во пет до 12 ѝ текна за кариера.

    На Али Риза проблем му е што на овие две Кезбанки шо се понашаат ко да не виделе муж многу брзо им простуваше. Имаше еден куп ред флегс коишто ги изигнорира. Лејла со настанот со сообраќајката пример, многу лесно си помина.На Неџла ѝ ведне глава оти му спушта за пари, а кога таа од пансионот сакаше да ја пушти у промет заборави дека тие никаквите сиромавите нејзини родители ги молеше.

    Осудите им се на погрешна адреса. Кога Ферхунде рече за тој разведениот дека ја меркал Фикрет Хајрие пред неа, иако знае дека и самата е разведена рече нешто во стил да бе што ќе ѝ е некој разведен па уште и со багаж. Кога збориш пред рука, тоа е. На тие двете најодвратни сестри на свет, разводите им беа најчистиот и најневиниот дел.
     
    На Hoping, crazylady и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.211
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за она што им се случило во животот на Ферхунде и на нејзината мајка. Ферхунде поради тоа ни на 30-тина години не може да се опамети, го мрази целиот свет.

    Огуз се вплеткува во толкави проблеми затоа што е избувлив, пати од мачо-мен синдром да се докаже дека тој е најјак и никој ништо не му може. Ако веќе решил да работи за мафијата, со кој памет им се понаша дрско таму. Со Лејла се погодија овој пат зашто таа е прилагодлива и грижлива, касно сфати дека таква бараше, да седи дома дотерана и да го чека со подготвено јадење, а тој да носи пари. Неџла е самобендисана и дигната за да остане послушна домаќинка. А вака отстрана гледано, тој не личи на бараба, делува некако тивко, резервирано и се облекува ко господин, па тоа ги намами и сестриве. Изгледот лаже.
     
    На Hoping и tessie им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    На Ферхунде и треба лекар дефинитивно. Таа е психопатка. Нејзе ништо не и се посреќи, а и не ни може со тој памет и карактер. Тоа што го најде Шефкет, и седеше во заедница со еден куп луѓе, не е некоја среќа. Стариот Исмет и здосади, и тоа е тоа, си налета на Шефкет. Кому и да се закачи, ако не оди по нејзино, таа сака да го уништи и го смета за смртен непријател. Шефкет се сили на зборови, а е тотално непособен. Седеф џабе потроши време чекајќи да се разведе и конечно да ја зебележи неа. Дури и да е 10 пати по крш Седеф од тоа што реално е, таа само се спаси оти се откажа од Шефкет. Што ќе правеше сега со него да беше? Ќе одеа во куќата на Неџла како питачи или дома ќе го носи? Ќе требаше и пари да му дава, оти тој дефинитивно не умее со пари.

    За Неир и кафанџијата јас немам лошо мислење, колку и да дремат на прозор и да озборуваат. Тие ништо не излажаа, туку ја кажуваат вистината, и тоа во тесен круг, со тие што доаѓаат на чај кај Ахмет. Кога Митат реши да го подари мебелот, Ахмет најде човек кому навистина му треба, а тоа е млад човек кој е сиромашен и штотуку се оженил. Му носеа лекови и јадење на Митат, иако не мораа. Тие се луѓе кои помагаат без некаков пресметан интерес.

    Глупаво беше што Неџла го искара Али Риза за одењето кај касапот. Како да направил смртен грев човекот, демек ја обрукал, а што да се каже за неа. Ајше го сожали и го гушна татко и. Девојчето е свесно во каква каша се.
     
    На темјанушка, Hoping, Baby Girl 3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Неџла, Пепелашка која од беда и сиромаштија, успеа да влезе во највисоките кругови благодарение на бракот со Џем. Се омажи да го обели образот, иако Огус не може да го исфрли од мислите и затоа долго време и беше лута на сестра и Лејла (откако Лејла му даде втора шанса на Огус). Неџла како богата вдовица, по неколку месеци од смртта на Џем, флертува со Али. Родителите, оние двајца морализатори, не смеат уста да отворат, оти ги прибра кај неа дома. Иако Али и се бендисува, не е одлучна само поради една и единствена причина. А тоа не е љубовта кон Џем, туку стравот од нејзините свекор и свекрва. Сепак млада е, учи и не и одговара свекорот и свекрвата, да ја омаловажат пред бизнис заедницата. Неа и беше битно, Али пред свекорот да се прикаже како бизнис - партнер, за да се оправдаат за букетот. Факт е дека Неџла немаше чувства кон Џем и затоа не и е проблем да флертува, а понатаму и да се забавува со Џем, кој пред неа се расправаше со сопругата (првиот пат кога седеа во ист ресторан, ама на различни маси и уште не се познаваа).
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Дали ќе се смират Таксин и Фикрет?
     
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.211
    Пол:
    Женски
    На Џеврие од што е без обврски и беше досадно, си бараше занимација и сега плаче што направи. Ама не е таа виновна во случајов, на Тахсин му фати око пејачката, само се преправа поштен. Хаха ама мн е забавно прикажано како Џеврие и децата реагираат, иако во рл вакви ситуации не се воопшто комични.
    Сега да, но потоа Фикрет повторно ќе замине.
     
    На Hoping и crazylady им се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.211
    Пол:
    Женски
    Се изнасмеав заедно со Ферхунде кога Нехир испаничи штом ја виде на прозорецот.
    Иако е за плашење, може ако и текне да ги запали. :|

    Ама ќеф ми се напрај кога пред цело маало и се развика "што ме гледаш ма ти, знам со кого се среќава ќерка ти во Милано, си најдовте богата жртва" :rofl: Нека ја скенира пак, ако и се може.

    Разбирам зошто Ферхунде мрази комшии и сл и не сака блискост. Нејзе делумно поради оговарачи и бил уништен животот, нели мајка и на суд не сакала да ја каже причината зошто го извршила убиството, за да го заштити угледот на ќерка и. Да кажела, сигурно немало да отслужи толкава казна. Се поради она затуцаното "што ќе кажат луѓето". А луѓето се сурови кога зборат.
     
    Последна измена: 12 септември 2021
    На tessie, eliesaab и Hoping им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Убедливо најлоша синхронизација досега е на Алфа, поубаво да ја давале со превод текстуален.
     
    На eliesaab и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.211
    Пол:
    Женски
    Roditelive na Cem realno sega dzabe se nerviraat, trebashe porano da mislat kogo primaat vo familija i da ne popushtaat na sinot. Ovaa izbega so zetot i go navredi Dzem, brat I beshe vo zatvor, a sestrite koja od koja vo poochajna situacija i tie pak se posvatija so niv. Da go ostaeja Dzem bez lira, Nedzla odma kje se trgneshe od nego.

    A Nedzla kolku lesno zaljubliva ccc
    ama vo parite. Taa i Lejla nitu ednash ne se zagledaa vo momche so poniski primanja. Lejla mu se vrati na Oguz zashto ne mozheshe da podnese da gi gleda stanovite koi gi razgleduvaa so nejzinite. Oguz misleshe kje gi zafrkava sestrive, a na kraj tie go izvozea nego, ni ednata ni drugata ne go sakashe, od korist im beshe.
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно тоа е школа на Хајрие, богато да ги омажи ќерките и да не му ја мисли понатаму...Фикрет решена е да ја врати дома да слугува и да биде понижувана. Али Риза толкав пат помина да ја среди со Таксин работата, ама зетов ја бара Фикрет - слугинката и затоа таа не се враќа. Таму само Ајше е за жалење, со мајка Хајрие, која ја интересира само зетовите да имаат пари и да ги симне ќерките од врат.
     
    На Rama, темјанушка, Hoping и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.211
    Пол:
    Женски
    Хајрие веќе ги презеде работите во свои раце и нема играње играчки :rofl:
    Да им ги имаше годините на ќерките, како ќе си го средеше животот, никој не ќе можеше да и се испречи на патот, одма коси кубење и шамари.

    Старициве опасни, Џеврие сега ќе пукне од мака што на неа остана да работи дома.

    Уствари серијава реално прикажува до кај е стигнато човештвово и како тој циркус изгледа во поконзервативни средини.
     
    На Glowy, темјанушка, Hoping и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Хајрие ја наговори Фикрет да се врати, само да не им е товар, оти тие можат да седат кај Неџла, ама па и Фикрет, да не е многу, да не додеваат. На Фикрет мислам дека и се смачи ама буквално од се, и од Таксин, и од Џеврие, па и децата се невоспитани. Нејзе и е преку глава од сите понижувања. И Таксин сам си направи проблеми. Ич да не ја сака Фикрет, има дете со неа, а не се покажа нешто посветен околу детето, ама затоа е посветен на пријателот и пејачката да им дава совети и да ги теши.
     
    На Rama, hermosa и Baby Girl 3 им се допаѓа ова.
  19. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Таксин со Фикрет доби слугинка за него, мајка му и неговите деца. Иако Фикрет му роди дете, воопшто не се вознемири кога замина за Истанбул со бебе во рацете. Фикрет е свесна што ја чека кога ќе се врати, ама Хајрие цело време и врши ужасен притисок, за да се врати дома и да им слугува на сите. Односот на Таксин со пејачката, укажува дека тој потсвесно е загреан за пејачката, а таа свесна е за тој момент. И покрај сите циркузи, кавги и расправии во врска со пејачката Таксин продолжува да се плетка околу неа.
     
    На Rama, Hoping, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Затоа велам сам си е крив. Ако веќе толку му се излегува навечер, нека ја земе и Фикрет. Тој неколку пати го нема дома, или доцна доаѓа или излегува со некаков изговор, и уште мисли дека треба да испадне чист во нечии очи. Можеше да се дистанцира кога виде дека таа сака да разговара со него пред училиштето. Се сеќаваш дека пред да го роди детето, тој и рече на Фикрет да не чекаат, да имаат и друго дете по ова. И тој нема никакво однесување и почит, само што не е криминалец како Огус. Мислам дека на Фикрет се и се собра, и веќе сфати дека џабе се труди и голта кнедли кога глупаците не се разбираат од збор. И децата многу пати беа лоши со неа.
     
    На Rama и Baby Girl 3 им се допаѓа ова.