Сега се покажа колку лош брак имаат, колку немаат близина меѓу себе, колку немаат вистинска љубов еден кон друг. Премногу вештачка беше љубовта меѓу Таксин и Фикрет, тоа повеќе беше меѓусебно искористување и нормално дека вака ќе се заврши. Фали Ѓулшен со фаците што ги прави кога збори со/за Ферхунде.
Џеврие сега ја бара Фикрет, затоа што знае дека друга жена нема шанси да трпи такво малтретирање, да им готви, чисти. Не само дома, и кога одеа на гости, Џеврие спушташе муабети и ја понижуваше Фикрет.
Spoiler Од бракот на Фикрет и Таксин не бидува ништо, Фикрет до крај ќе ја јаде црвот, во последната епизода ќе се заклучи во тоалет и ќе пребарува во мобилниот на Таксин дали ја изневерува сеуште. Али Риза кога ја испраќаше Фикрет на железничка станица кога се омажи, ептен жално ми беше како ги држеа двајцата рацете на прозорец додека да тргне возот, претходно Фикрет му рече дека секогаш ќе се грижи за него како за дете иако и е татко, и така и бидна, освен Фикрет и Лејла никој не се грижеше за Али Риза и никој од децата не го сакаше колку нив две.
Ама и самиот Али Риза е виновен до некаде за она што им се случи. Не требаше да го покрива долгот на Шефкет. Не требаше да дозволи да останат без кров над главата. Парите на Ајше исто отидоа во ветер. Нели Шефкет беше задолжен кога ќе почне да заработува, да купи стан и да ја обезбеди Ајше.
Мене ми е жал за Фикрет сирота се кае што не му верувала на маж и, а овој навистина ја изневери. Тој па муфљуз едвај најде некоја да му слугува и да ја трпи мајка му па уште и ја вара. Ич не ја цени.
Фикрет ич не е за жалење. На 28 години кога веќе нели е возрасна а не дете, истрча да се омажи со првиот кој прифати и тоа не знаеше ништо повеќе за него од неговото име и во кој град живее. Зарем очекувала совршен брак да има кога се омажла за некој кој е странец за неа. Се лутеше кога разбра дека за стално ќе живее Џеврие со нив. Се лутеше што Таксин ја бранеше мајка му. Па не знам какви очекувања има од маж на кој отворено му кажа се омажив за тебе за да избегам од дома, немам каде. Не дека го оправдувам Таксин ама Фикрет сама си е крива, преголеми очекувања имеше.
Шефкет најде да збори за веднење глави, бог да чува. Крај краева Неџла е воздрасна и може да прави што сака, слободна е.
Истото дојдов да го кажам. Најде на Неџла да ѝ се сили, а тој е најмногу виновен за ситуацијата во која се наоѓаат. Сѐ почна откако ја донесе Ферхунде во животот на сите и почна да ја кради банката. Можеби и Неџла не е најдобрата личност на светот ама возрасна е и има право да го живее животот и покрај тоа што Џем умре.
Шефкет е приказна за себе, крадеше зашто толку му сече, но и затоа што Лејла се разболе поради Неџла и немаа пари за нејзиното лекување. Неџла цела серија прави што ќе посака, откако ќе поттикне хаос, се претставува како жртва, а таа секогаш си се снаоѓа на крај и вината ја префрлува на другите. Со последниве постапки на сите им покажува дека никогаш не го сакала покојниот. Нема ни 25 год, не оти цел живот ќе го поминеше сама ако оставеше малку на времето, не мораше да тргне по првиот богаташ кој и кажува лаги. Ама богаташ е клучниот збор. Али нема да ја сака откако ќе стапат во брак (не дека таа него го сака).
Али ќе се заинтересира за Ферхунде, ќе стане близок со неа, а Ферхунде мудро ќе го навлекува некое време. Со Неџла ќе се разведуваат на крај додека Неџла ќе биде бремена. Ако добро се сеќавам, нему ќе му биде малку криво кога ќе дознае за бременоста иако нема да каже, а Неџла ќе стои на одлуката за развод. Ќе имаат тивка разделба бидејќи и двајцата не се многу комуникативни.
Фикрет многу се понижи со тоа што се извинуваше на пејачката. Саџиде па едвај чека да се тупне кај некој маж. Како само му симнуваше ѕвезди, добар бил, многу си ја ценел жената, а таа му избегала, па совршен бил. Абе глупости. Го виде дека е мутав и дека нејзе која едвај ја знае и раскажува брачни проблеми, па сака да му се утрапи. И Таксин е тотална нула. Татко на 4 деца, кој прво децата не си го воспитал, и погледнал ко што треба, дојде ред да се занимава со кафанска пејачка. Неџла сега го начека моментот да се отараси од семејството. Убаво и направи Кемал нејзе. Нејзината деловна кариера заврши пред да почне, а толку работеше сиротата таа и беше влезена во филм. Шефкет ја нема ни зрелоста на Ајше, не па да зборува за нешто повеќе.
Неџла е безобразна. И она не го ни сакала Џем за месец дена нов маж со најде. Шефкет е ужасен човек се што ќе фати ќе расипе едноставно неспособен Хајрие ме нервира напорна е многу Лејла е добра ама глупа е Фикрет не знае кај тера Али Риза стварно на мравка не гази. Таков човек а што има у куќа... Ферхунде е најпаметна и океј ми е Поука од серијава:Што помалце деца помалце проблеми
Али Риза да имал две деца би имал посмирен живот и би живееле поубаво. Вака тој издржувал 5 деца и жена, и нормално дека нема да им стигаат парите. Али Риза и како пензионер преведуваше и држеше часови по француски за да заработи, а децата една работа не додржаа.