Вчера исто брат ми ми вика и ова ќе го заебе сигурно искрено не ми текнувљ пред 10 години ја гледав серијава баш ќе видиме.
И јас имам многу заборавено од серијава, а многу ја сакав плачев кога беше последната епизода. Предпоставувам ќе зезне работа со оглед што на крај се враќаат во родниот крај.
Неџла после неколку месеци од смртта на Џем заврши во прегратките на Али, оти со умрениот не се умирало...ама барем малку да покажеше респект кон Џем, кој ја ожени и покрај сите грешки што ги направи. Родителите на Џем се во право кога и префрлаат дека е безобразна и воопшто не покажува почит кон починатиот сопруг. Неџла, која не смееше да се врати дома, после сиот хаос што го предизвика откако избега со Огус, сега кога е многу богата, ја построи цела фамилија и ги научи каде им е местото. Али Риза како и секогаш бега пред проблемите, Хајрие со тупаници ги "решава" проблемите, Шефкет мудрува, а неспособен е да си го среди својот живот и цела фамилија ја турна во провалија, ама затоа знае да и морализира на Неџла. А Неџла нема ни тронка емпатија ни кон Фикрет која единствена ја подржа во врска со Али. Фикрет заради татко и раскина веридба, заради семејството се врати во пеколниот брак, ама кога и кажа на Неџла дека се вратила кај Таксин, Неџла се израдува и делуваше како камен да и паднал од срцето, оти веќе нема да ја рани Фикрет, нити навечер ќе го слуша Умут кога ќе плаче.
Немаше никој да и замери на Неџла ако бар малце не почекаше по смрта на Џем, туку одма најде друг. Млада е сигурно нема да и каже никој да се зацрни и да остане вечно вдовица, ама бар да го испочитуваше некое време Џем.
Spoiler Митхат мислам едно време ќе го нема и ќе се врати во следната сезона. Не се сеќавам дали Шефкет ја зезна работата кај Митхат, или Митхат си замина привремено во Германија, или Огуз го намами Шефкет во неговата работа, а Шефкет тргна по повеќе пари. Шефкет ќе почне да соработува со Огуз, ама кога ќе сфати дека се криминалци ќе се дистанцира. Огуз ќе го убие газдата зашто го замара и Шефкет ќе ја преземе вината, за внучето да растело со татко му, а он (Шефкет) и така бил неспособен, немало од затвор да им биде товар. Мислам дека Ферхунде тука ќе се вмеша и Али Риза ќе влијае врз Лејла, таа ќе го пријави Огуз во полиција. Шефкет ќе го пуштат на денот кога Али Риза ќе умре, Огуз ќе го фатат и тој нема да се лути туку ќе се кае за се што направил. На бебето ќе му остави пари во кеш доволно да ја обезбеди.
Навистина ми се згади од Неџла, од ликот, па нека е најубава на свет, ѓубре е ѓубре. По 4 месеци од смртта на Џем, кого го искористи, таа во кревет со друг маж. И порано ќе легнеше со него, ама и беше страв да не остане без „кариера“ ако забележи Кемал што се случува. Сега кога Кемал ја избрка, зошто да се грижи кој што ќе мисли за неа. Како ќе заврши со овој Али? Мислам дека и со него ќе се разидат. И тој не е некој чесен и добар, туку начека млада вдовица која ептен и се сака, па ајде да искористи, таква прилика не се пропушта. Кој што жнеел, тоа ќе срка. Жално за Али Риза. Нема каде да оди, па спие како скитник во кафеаната на Ахмет. Од друга страна, Ахмет, Неир и Седеф си уживаат во Италија. Неир откако се омажи со Ахмет, што не батали работа, па нели имаат доволно пари за живот? Ама жената не е како Хајрие, два дена работи, три дена се жали. Таа сериозно го сфатила животот. Дури и прв пат кога се сретнаа, кога дојдоа Хеир и Седеф да им бришат прозорци, да им донесат колачи, кога Неир кажа дека живее сама со ќерка си, Хајрие се зачуди, како така може да живее сама жена со девојчето. Некако Текин многу лесно се наведуваат, многу сакаат некој да ги цени. Кога Ахмет се обидуваше да му помогне на Али Риза, да му најде учесници за да држи часови, му рече дека сите бараат помлади, подобро се разбирале во работа со компјутери, што не е навреда, туку е вистина, и Али Риза ја обеси фацата, си остана без зборови.
Алфа доколку сакаат да ја одржат гледаноста после Лисјата, нека ја откупат серијата со Бихтер и Белул, или пак Езел. Шо е до мене, подобро права за некоја од јаките фудбалски лиги да откупат , ама за тоа се потребни повеќе пари.... кои да ги имале, не би прикажувале стари серии.
Неџла сепак се исплаши од заканата дека Ферхунде може да му каже на Али што правела со зетот. Таксин претерува. Тој ако сакаше да си ги среди односите со Фикрет, можеше да биде пољубезен, и да не ја погледне онаа пејачката. Дури и да каже дека спиеја во магацинот, тој може да негира и крај. Џеврие ми е смешна, не ја личи да биде фина. Фикрет правела најубави јадења, кој не јадел, тој губел. За Седеф се мислев со Италијанец ќе се врати дома, а таа во Италија си најде Турчин.
Spoiler На крај ќе се разведат со Али, и оваа од што е горда и занесена нема да му каже дека е бремена се до разводот, демек да не го врзува сосила. Претходно и Ферхунде ќе им се меша, ќе се врти околу Али.
А која ќе биде причината за развод? Инаку, кога Лејла и Шефкет си правеа муабет, се потсетија дека Хајрие не ни сакала да ја роди Ајше. Кутрото девојче. Како да не постои. Никој не ја гледа. Хајрие се секира дали Шефкет ќе има работа, а Ајше што останува без кров над глава поради Шефкет, тоа не е важно.
Многу ми беше тешка за гледање, не би повторно да ја гледам. Инаку е ептен добра. Баш би сакала да ги вратат шпанските серии, беше уживање да се гледаат.
Јас таа на нет ја гледав само поради јазикот и ни до пола не стасав, имаше наивни моменти ала мексичка сапуница, немав време за такви сентименталности и ја баталив. Притаени страсти ( Ask i memnu) нека ја откупат, зашто и покрај тоа што ретко ја гледав кога одеше на канал 5, секоја сцена што ќе ја фатев ми задржуваше внимание. И од она што пуштив на јутуб се приметува дека по квалитет е од рангот на Лисјата. Музиката на пример е доста добра и од истиот композитор.
Хајрие ја претерува секоја граница. Несака да си оди од кај Неџла. Се одомаќини во куќата, вистинска газдарица е.
Хајрие ти е „гладна кокошка просо сонува“. Ја прашува Неџла што ќе прави со куќата, а таа и кажува дека или ќе ја продаде или ќе ја издава. Што ли мислеше? Дека вечно ќе седат кај неа, како што седеа кај Митат со месеци? И џабе ја прашува се и сешто, кога и така Неџла нема да ги слуша, а и едвај ги трпи. Фикрет плаче оти Таксин и мајка му нит се водат, нит се тераат. Тој па го нападна пријателот, му растурил брак. Како да не. Пријателот не го натера да ја води пејачката во магацинот.