Хајрие кога откри дека Али е богат и по три дена познанство ќе ја ожени Неџла, веднаш го бендиса, оти таа сака само богати зетовци. Фикрет доживеа нервен слом, оти и неа слично на Лејла (првиот пат кога беше со Огус во брак и ја малтретираше), Хајрие и рече дека местото и е покрај мажот и нема што да бара помош од неа и Али Риза. Неџла, сега си признава дека не и е гајле за никого и ќе прави што сака, исто како со Огус кога имаше пари и сакаа да одат за Германија. Ајше нема ниту една другарка, оти живее со проблемите на цела фамилија. А Шефкет, уништувачот на Текини, ме интересира која следна глупост ќе ја направи типична за него.
Шефкет е несериозен. Само што почна да работи кај Митат, кај кого реално не би требало да работи, оти и се тепаа еднаш со човекот, имаше направено некоја грешка во работењето и го кажа тоа. Мајка му ја повреди ногата, овој денови зема. Тотален губитник. Седеф веќе го заборави и сфати каков е. Било која жена само може да губи со него. Како мало дете е. Кога крадеше од банката и лажеше дека добил бонус, потоа ги носеше Текин во скап ресторан. На крај и без куќата останаа поради него.
Текин на секоја нивна несреќа Ферхунде ја обвинуваат, а они се најмногу криви за ситуацијата во која се најмногу Али Риза и Хајрие кој децава ги одгледувале како да живеат во некоја планина па кога се симнаа во цивилизација не знаеа кај тераат. Кога стигнаа во Инстамбул се однесуваа како од Марс паднати, имаа таму имот и никогаш не отишле да го видат. Шефкет прича за себе го мразеше Огус сега од дома не му излага. Ептен глупав човек златна професија си изгуби од алчност.
Toj бил градоначалник, ама па имаат големо семејство, многу деца и затоа живееле скромно. Навистина кога дојдоа во Истанбул се виде дека се непрошетани, прости, се вртеа на сите страни по луѓето, гледаа кој како е облечен. Неџла и Лејла посебно. Само Фикрет не загледуваше материјални добра. И невоспитани беа. Кога се симнаа од возот една од девојките Лејла, или Неџла и се обрати на Фикрет со зборовите „Селанке“. Лејла и Неџла отсекогаш се гледаа како ривали, беа љубоморни една на друга, како да се натпреваруваа. Се вкупно се мрзливи. Се чудеа како Али Риза, човек во пензија никој не го вработува. А зошто да го вработат кога тој и така е во пензија? И зошто децата не се растрчаа да работат, туку го тераа Али Риза. Мене другово семејство ми е пример, и тотален контраст со нив. Неир, бато Ахмет и Седеф како се средија и си живеат убаво и мирно. Тие имаа чесен и искрен однос меѓу себе, без задни намери, за разлика од Текин кои цело време се лажат меѓу себе и велат „не му кажувај на тато“. Кај Седеф ми се допаѓа тоа што полека и сигурно си работеше на кариерата. Во ниту еден момент немаше конфликт со колеги и колешки, за разлика од Ферхунде на пример, кој по неколку дена легна со газдата, им се прчеше на сите на работа, не сакаше да се вози во автобус со другите работници и сите ја мразеа и веднаш ја прочитаа која и е намерата. Сега самата Фендунде вели „зошто јас немам никој, зошто не успеав, а толку се трудам“. Ниту се труди, ниту работи, туку се курва и уценува и тоа е се. Дури и Јаман го уценуваше.
Шо напраја Огуз со претходната куќа која беше на име на Лејла? Пропуштив една епизода кога се вселуваа, а немам време да ја барам.
Неџла им изнајмила стан на Текини и моментално таму се сместени. Тоа и го спомна на Хајрие, кога и префрлуваше дека им нашла стан и им купила книжарница, а Хајрие била неблагодарна и контактирала со Лејла. Главната причина што Неџла се вознемирува кога ќе се спомне Лејла, покрај двата брака, таа нема расчистено самата со себе во врска со нејзините чувства кон Огус.
Каква идиотштина, сите на венчавката на Неџла со исклучок на сестра и. Срамота! Уште не ми е јасно од кои причини Неџла толку крвнички ја одбива сестра си. Во неа го гледа она што и пречи кај себе си, со исклучок на фактот што сестра и и го зема Огуз и има дете со него, нејзината прва и најголема љубовна страст која ја нема преболено. Лејла како да проси љубов од нејзините, парче по парче, односно саде трошки. Подалеку од прагот не смее да пројде, Хајрие ја гледа на пет минути од пусти страв од Али Риза.Тоа во стомакот, ним внуче нели им е? Ама Лејла нели и фрла на мама по некое париче, толку може, додека госпожа Неџла им ги оствари соништата за сопствен дом и книжара. Таков материјализам на мегдан и кај чесниот и горделив Али Риза. Ах!!!
Лејла сите психички ја уништија, ама најмногу Неџла. Мајка и ја откачи кога и требаше најмногу, знаеше да и притрча накратко и да и собере по некоја лира, татко и исто ја отпиша од живите, ама од сите деца Лејла, покрај Фикрет, најмногу го сакаше татко и, и најмногу се грижеше за него, дури и за сопствената ќерка како старател ќе го запиши Али Риза, ептен почит му покажа во неговите болни денови.
Од турскиве серии сешто научив е дека треба да купам нов модел стаклени чаши како оние oд кои Ѓулсен пиеше таблета против главоболка (или како и да се викаше актерката од ,,Кога лисјата паѓаат") и ете ги ми стојат во висечи за украс.
Епа Али е доказ колку машките можат да бидат глупи Неџла е промискуитетна во серијава ама нема да може ниту еден маж да задржи, на исто ниво ми се со ферхунде,мислам и Џем беше глуп што и опрости, а лејла ми е поим за човек без среќа Овој али риза и опрости на неџла за срамот на векот ама на лејла не и простува Фикрет ми е мн селска жена, слугинка ништо посебно Џеврие е црн хумор Шефкет ти е типично балканско синче Хајрие зината за пари, за пари чедо би продала Ферхунде е типична спонзоруша што на крај останува со таквото во раце(спонзорушите нека си гледаат како ке завршат) Сметам дека серијава е една од најдобрите турски серии
Многу неквалитетни луѓе се сите деца на Али Риза. Баталив деновиве, не можам да стигнам да ги гледам епизодите. Фикрет е селска, да, ама па Лејла е тотално лабилна. Двете со црна судбина, само што Фикрет има капацитет да трпи, а Лејла паѓа во очај многу лесно. Неџла навистина нема расчистено со своите емоции, и иако го навредува Огус, таа е љубоморна што Лејла е со него, а таа не. Таа потсвесно сака да биде со тој гад.
Потполно се согласувам со тебе.Да имаш едно дете и да не ти се погоди ајде, ама да имаш пет деца и ниедно да не ти се погоди, а притоа имајќи татко како Али Риза.И за Неџла си во право, таа можеби само Огуз и го сакаше.