Ne go pokazhaa toa, samo reche deka se otkazhuva od niv i Ali ja slushna i se izladi od nea, zatoa ne ja saka povekje.
Огус ги платил кириите, ги иселил и им ги платил давачките за книжарницата, затоа што Шефкет ја превзема вината за убиството и сега ужива со парите од криминалните активности. А, Неџла е врв на бесчувствителност, во најтешките моменти го откачи целото семејство, оти глупиот брат ја засрамил и не можела да премине преку такво нешто.
Хајрие одвратна жена како се однесува со Али Риза. Многу ми е жал за човекот. Идиоти што му направија. Дали се имаше десено нешто со Фикрет и комшијата или се смири она со Таксин? Стварно не ми текнува.
Ме нервира Неџла со понашањето. Таа прва почна да ги празни картичките на Шефкет на почетокот, тогаш добар и беше, а сега прва се откажа од него. И Лејла ја прави од г**** подолу, знаејќи дека е болна и бремена и се издерава редовно, како да не се сеќава дека таа бетер работи и стори нејзе. Многу е дрска, побезобразна станата од Ферхунде. Не и беше срам да се степа со Огуз пред маж и.
Се смири Фикрет со Таксин, ама не му веруваше како порано, се заклучуваше во тоалет и му го проверуваше тајно телефонот. Инаку не направи ништо таа со комшијата. И мене ми е многу жал за Али Риза, плачев ко за мој најблизок кога умре на крајот, ептен се соживеав со него, иако беше претерано строг татко и на моменти неправеден кон децата, сепак беше добар и чесен човек.
Одамна играше серијава на канал 5 мислам или на Сител. (На А1 било) Ме интересира Фикрет и Таксин дали ќе се смират
Многу ми е жал за Али Риза сепак е добар човек си има некој чудни принципи ама не е лош. Хајрие уста и се лепи од сине, сине на Огуз, а со маж и се однесува како да е ѓубре. Да беше таа на негово место Али Риза ќе ја чуваше како капка никогаш немаше да се понаша како она со него сега. Човеков буквално од мака ќе си умре.
Напишав дека не го покажаа тоа. Сезоната заврши кога Али Риза доживеа мозочен удар и веќе во наредната сезона беа вселени во вилата. Во видеото подолу, од 1:10 натаму Неџла и се јавува на Лејла за да и префрлува и да и каже дека не сака ништо повеќе со целото семејство и никој од нив да не се потпира на неа. Али влегуваше во соба за да ја теши, ама кога ја слушна како зборува, си излезе, мислам дека тогаш сфати оти Неџла е без осет.
Не знам зошто мора Фикрет да биде наратор во серијава, пристрасна е и од свој агол ги раскажува работите. Требало и другите ликови да ги читаат тие делови.
Во следнава епизода ли Огуз ќе се вози во камионче со добиток? Јас мислев ја пропуштив таа сцена, бидна кога работеше за Сејфи, ама изгледа ќе биде утре.
Инаку глумицата што ја глуми Лејла, кратко беше во брак со брат му на тој што го уби Огуз, со инспекторот. После серијата се венчаа на еден Грчки остров, ама кратко им траеше бракот
TAa е позната по скандали. Турски медиуми пренесоа дека таа била во тајна врска со познат турски актер додека била истовремено со неговиот син.