Кога беше здрав и сите зависеа од него Хајрие го нарекуваше господин, господине Али Риза, а сега како го понижува пред други и лошо се однесува со него. Како можел човек како Али Риза цел живот да помине со таква жена како неа. Таа не е човек, нема збор за неа. Сега докажа дека ни малку не си го сака сопругот, сите години наназад било само глумење затоа што зависеше од него, цел живот ја издржуваше, годпоѓа беше она, не можела да работи.
Велат дека во лоши денови се гледа кој е вистински пријател, а во овој случај се гледа вистински човек.
Значи, Неџла не е возможна, со татко и кој е парализиран не сака да поседи. Девојкава стана психопат. А колку мила и ведра делуваше на почетокот.
Хајрие во неколку наврати со гордост кажуваше дека е жена на градоначалник. Таа сакаше да и завидуваат и да се фали. Инаку, тоа што Фикрет раскажува мене не ми се допаѓа од апсект дека премногу филозофски е текстот, и подобро да не го чита. Претпоставувам оти е најстарата ќерка, па раскажува како се распаднаа.
Фикрет е наратор затоа што така e во книгата. Ама со оглед на тоа што многу работи од романот се променети во серијата, немало потреба ни од тоа. Секогаш едни исти ги напаѓа, други ги брани. Според мене, секој член на семејството требаше да чита во различна епизода. А таа Фикрет оти е секогаш блиска со Неџла, без оглед на глупостите кои Неџла ги прави?
Сега Али Риза и Ферхунде ќе станат тим Spoiler таа ќе го начека сам во дворот и ќе му вети дека ќе ја расветли невиноста на Шефкет. Али Риза ќе се смири со Ферхунде, таа ќе му стане единствена надеж. Ама Огуз и Хајрие кога ќе видат дека контактира со неа, ќе го испратат во приватна клиника сам да лежи таму . После ќе го вратат. Хајрие за неколку епизоди ќе наследи куќа во Трабзон и ќе се орасположи ептен. Тогаш Огуз ќе избега оти ќе сфати дека не ќе може повеќе да ја држи устата на Лејла затворена под закана дека ќе останат бездомници ако тој оди во затвор. Лејла навистина ќе го пријави, ќе го ранат и тој ќе биде во кома. Кога ќе се разбуди, Џејда ќе се вртка околу него, ама нема да разговара со неа, ќе ги затвора очите намерно за да не ја гледа. Лејла кога ќе му отиде во посета, дури тогаш ќе прозбори и ќе дојде при себе. По неколку дена, сам ќе го признае убиството и така ќе го пуштат Шефкет. На денот на венчавката на Седеф и смртта на Али Риза.
Али не знам како ја трпе Неџла..Феркунде барем се освести а Хајрије упорно му префрлува на Али Риза за пропаста на Шефкет и на останатите деца.Фикрет барем се бори сама со мало дете а Џеврие лицемерна сега кога и е тешко оти останаа сами ја брани Фикрет и го кара стално Таксин. ,но барем Али Риза не е против Лејла повеќе.Шефкет е стварно баксуз никако да биде со Седef
Во нарацијата на Фикрет, таа цело време говори како некој нив да ги зезнал, како да се случило нешто непредвидено надвор од нивна контрола, а во суштина сами си ги направија сите проблеми. Фикрет е психички појака од Лејла. Лејла е најлабилна, и Шефкет е исто лабилен.
Ајше е за греота. Ѝ го уништија детството, па уште лошо се однесуваа со неа само затоа што сакаше татко ѝ да го тргни од куќата. Неџла многу грда личност испадна, Ферхунде повеќе се грижи сега за семејството отколку неа. А и на Фикрет како да не ѝ е гајле веќе, приоритет и е само нејзиниот живот, слично како Неџла ама не е толку сурова. За Хајрие па да не правам муабет, се изживува врз Али Риза. Најсреќен крај од сите дефинитивно ќе има Седеф, и тоа само заради што се тргна од Шефкет навреме.
Фикрет се разочара од потонати бродови, па реши да е гледа себеси и детето. Таа дури и премногу се грижеше за сите, а за неа никој.
Тахсин ко пред сто века, од ваков човек подалеку. Не е битно станот да ти одговара, на крајот и соседите да се нормални луѓе, ама битно ерген да не седи во близина. Мајко мила! Неџла ќе изврши криминал за пари, да сум на местото на сопругот би и рекол аут по ова. Да не и беше Џемче, ќе сонуваше за јака фирма, ќе си стажираше и ќе си го градеше патот кроце по кроце ко секој архитект почетник. Малку нереално, вчерашна, а одеднаш вклучена во некои големи проекти. Во реалноста одамна ќе си ја добиеше клоцата од семејството на Џем по неговата смрт, а не да се петели колку е паметна.
Денес гледав епизода. Зошто Митат има коса, тоест перика? Жал ми е за Ајше. Неџла го откачи Митат, не сака да слуша за болниот татко. Митат се покаја што воопшто и се јави да бара помош за Али Риза.
Хајрие сепак не се согласи да го испратат Али Риза во установа, а и Лејла ја поддржа. Огуз ја користи секоја прилика да ја убеди Хајрие дека така ќе и биде полесно нејзе пред се, таа му рече дека ќе размисли. Хајрие му ја тргна таблата на Али Риза за да не го провоцира повеќе Огуз. Братот на Сејфи се запозна со Ферхунде, таа почна да му раскажува се за Огуз. Мајката на Ферхунде отиде кај Нехир во гости, да и земела мерка за костум. Тогаш Седеф ја донесе расплаканата Ајше и таа им раскажа дека Огуз сака татко и да го смести во болница, а неа во интернат. После Нурдан на Ферхунде и пренесе дека Али Риза на таблата пишал Огуз е убиец. Неџла и се јави на Хајрие да и вика зошто преку Митхат и испраќа пораки, Хајрие нели немаше поим дека Митхат зборувал со Неџла, и се налути на Неџла зошто и префрлува и реши ни таа повеќе да не разговара со неа. Вториот пат кога Неџла ја побара, Хајрие и исклучи. Неџла кон крајот на денот се чувствуваше осамено зошто и мајка и и маж и ја избегнуваат. Џеврие ја оговараше Неџла кога дозна дека таа и пуштила камион и носачи на Фикрет во станот, демек пуштила срце скржавата. Тахсин плачеше по Фикрет, а Џеврие го тешеше. Дениз не сака да оди во Истанбул поради дечко и и им се лути на сите.
Митат, пред неколку епизоди (на почетокот на петтата сезона), потенцираше дека во Германија му предложиле да си купи перика и оттогаш решил да ја носи.
Што ќе се случи со Неџла и Али? Мислам пребрзо стапија во брак не се ден за друг. Посебно Неџла не е за Али
Spoiler Мене ми е чудно како Неџла ќе остане трудна од Али кога тие ни муабет не сакаат да прават Ама добро, муабет не е неопходен, шо е право.