Сега испадна дека Али Риза и Фикрет биле во право што беа против врската со Огуз и што се откажаа од Лејла. Беше чудно како може татко и да не и простува оти сепак и е татко ама на крај се испостави бил во право. Лејла колку расипана испадна, ја нема веќе онаа несреќна девојка од почетокот, онаа која беше со намалена самодоверба. Многу е злобна без никакви чувства. Толку е злобна што и забрани на сестра и да го посетува татко и. Бранејќи го Огуз направи нечовек од себе. Заслужува се најлошо.
https://www.google.com/url?sa=t&sou...kQFnoECBMQAQ&usg=AOvVaw2RRtN6uTv9FgerK1JnmzEa. Оваа жена иста како во филмот бре,прво го презеде Огуз на сестра и ,а сега и во приватниот живот со свекорот?И дали некој знае зошто Фикрет раскажува за животот на семејството во серијата,имаше многу гласини дека од затвор раскажувала,од лудница ...
Wikipedia za svekorot Kemal Sunal veli deka pochinal vo 2000 god, a ovie se zedoa vo 2011 taka shto, nishto ne mi e jasno, so mrtovec li se muvala Mozhe nekoj si igral majtap so lazhni vesti ili samo ja klevetat tipkata.
Џеврие одамна сакаше да ги спои Рејхан и Митхат, така што ќе и се исполни желбата и тие ќе бидат заедно.
Рејхан и Митхат се "најдоа" затоа што и двајцата се добри. Баш си одговараат карактерно. Хајрие како се исплаши кога разбра дека го нема Огуз . Што ли очекувала од таков "човек".
Што и е на оваа Неџла бе, што и пречи нејзе Митхат? Човекот реално не требаше ни да ги погледне после се, но тој ги цени и не ги заборава. Сака да има пријатели и нив ги одбра, ништо лошо не прави. Кога Шефкет работеше за него, таа не го ни познаваше, а даваше лоши коментари, секако го нарекуваше. Одвратно се однесува, од пубертет не е излезена со паметот Сега маж и не ја есапи и начека прилика повторно да се вовлекува кај нејзините за да има со кого да прави муабет. Мене она ми е најнегативен лик во серијата. А таа сценаристката изгледа има нешто против убави жени штом вака го искасапила ликот на Неџла.
Хајрие е многу смешна. "Синко" брзо стана "скапано куче" Епа и се расипа одморот, таа мислеше ќе ужива во хотелските удобности. Бтв требаше Џеврие да ја поврзат со ликовите во Истанбул. Тахсин и Фикрет ми се досадни, со нив нејзиниот потенцијал е неискажан.
Ако добро памтам прво беше синко, па ѓубре, па пак синко и на крај скапано куче. Тахсин колку подмолен Не сакаше Ајше да ја врати во Истанбул, демек имал многу работа, а можеше дури до Трабзон да отиде за баба му, што е многу далеку. Ама тоа го направи само за корист, мислејќи дека со таа постапка ќе му се смири Фикрет. Епа се излажал.
Nedzla izgleda samo sebesi se saka , Ali se trudese da go zadrzi brakot eve pokloni , prsten , cvekje a taa nisto najdobro kje bide za nejze da ostane sama bidejkji ne znae da saka samo gji povreduva lugjeto sto ja sakaat.
Неџла единствен човек кого го сакаше, беше криминалецот Огус. Поради него сакаше да побегне во Германија, напуштајќи го Џем и бегајќи од целото свое семејство. Со сестра и Лејла, освен Огус, на ниту еден друг маж не сакаа да му дадат шанса (во ниту еден не беа заљубени како во Огус), иако Лејла од почетокот кога дојде во Истанбул се плеткаше со погрешни луѓе и на крајот и попуштија нервите. Разликата меѓу нив двете е во тоа што Неџла е опасна материјалистка, а Лејла е слаб карактер, лесно се разочарува и паѓа во депресија. Заедничка особина им е слепата вљубеност во Огус, која од нив две направи лути ривалки, непријателки и сопернички кои заборавија дека се сестри.
Ни Огуз не го сакаше. И беше интересен оти и беше забранет и имаше пари. Да го сакаше немаше туку така да му раскине и да и рече на Лејла слободно иди со него.
Многу малку љубов има во тој триаголник помеѓу сестрите и Огуз. Неџла неколку пати го откачи Огуз и не и беше гајле, секогаш му се враќаше за инает од сестра и. Си ја имаат таа сестринска љубомора во семејството, и малоно Ајше се траскаше за Џем, а пак Фикрет на почетокот не ги поднесуваше Лејла и Неџла, ниту тие неа. Ни Лејла не го сака Огуз нешто посебно, го замрази кога го фати со Џејда и го изгуби бебето, ама од дома ја натераа да се омажи, после ја купи нејзината наклонетост со пари и подароци за таа да не зборува за аферата со Џејда. Он мислеше дека Лејла е со него од корист и се стрча по поубавата Неџла, а таа е уште покористољубива. Иначе Лејла има повеќе совест и далеку повеќе осет од Неџла и он тоа го касно го сфати, а единствено битно му беше да се плетка со ќерка на Али Риза за да му биде дел од семејството и да го нервира оти го потсеќа на неговиот татко.
Mитат се труди да го орасположи Али Риза, а Неџла превртува со очи. Неџла е најлоша од децава на Али Риза. Лејла и Шефкет не се толку лоши, колку што се мутави.
Џеврие е врв на дволичност. Купува злато за Аху, бебето на Лејла, само за да им се врати слугинката Фикрет. Денис се чувствува преморено од сите обврски што мора да ги извршува, трчајќи по семејството, а како дополнителна обврска мора да се грижи за Умут и затоа сака да најде спас во некој интернат. Но, Али Риза со самото тоа што не и дозволуваше на Фикрет да работи (едвај го измоли да продава ракотворби), ја натера да раскине веридба и со Хајрие ја претворија во бебиситерка на Ајше и ја запечатија судбината. Без школо и без работа, само може да слугува кај Таксим за парче леб, кров над глава и куп понижувања што ги трпеше. Лејла има психички проблеми, кои се манифестираат само кога не е со криминалецот Огус и не ужива во неговите валкани пари. Не можеше да се запише на факс, ама не сакаше ни да работи. Неџла, стана богата и дипломира благодарение на Џем, ама очигледно освен себе си друг не може да сака и затоа на крај ќе остане сама со бебе во стомакот. Реално сите три се производ на погрешното воспитание на родителите (иако Али Риза си мислеше дека е супер татко), а Хајрие реагира само на зетовци со пари. Шефкет е причина за пропаст на целото семејство, оти како на машко дете се му беше дозволено. А Ајше мала е, ама толку и се одразуваат семејните проблеми што нема ни другарка, ни свој детски живот, таа е осудена да живее со проблемите на Текини.
Лејла никогаш не го сакаше Огуз. Тоа нејзиното е болест, не љубов. Од љубомора и завист спрема сестра и Неџла. Неџла положи приемен испит, Лејла 2 години полагаше, не положи. Неџла се запиша на факултет и дипломираше. Лејла не успеа ни да се запише. Неџла работи и изгради некаква кариера (како ја изгради сега тоа не е важно ). Лејла успеа само кај Јаман да се вработи како секретарка дека и се сожали ама и од таму леташе. И едно време што работеше во туристичка агенција ама и таму успеа да се избламира. Неџла и покрај сите срања што ги направи Џем ја зема за жена. Умре Џем она одма си најде замена, брзо се омажи (тоа што им е несреќен бракот исто не е важно во поглед на тоа како Лејла ги гледа работите). Огуз прво не сакаше ни да се ожени со Лејла, па кога се ожени не ја ни погледнуваше, ја изневери со жената на партнерот и направи дете и згора на се избега со сестра и. После години кога конечно Огуз сакаше да е со Лејла она од љубоморна и болна завист пак со него. И затоа сега повторува цело време едно исто дека не успеала.
Али Риза мисли дека е совршен татко и дека е многу чесен, а всушност самиот е крив затоа што се најде во таква ситуација. Фикрет е поинтелигентна од Лејла, ама Али Риза ја направи слугинка. Сите дома ја третираа како да таа мора да им готви, да оди да купува храна, да чисти, пегла и да се грижи за Ајше. Лејла е тотално без капацитет. Јаман ја прими од сожалување, оти знаеше дека немаат пари, и плус Ферхунде го молеше да ја вработи Лејла. Неџла е интелигентна, ама и таа немаше да успее, да не и беше Џем, оти не се успева така лесно. Шефкет е тотален слабак. Али Риза го тераше Шефкет штом почна да заработува да делат трошоци дома, што е нефер. Практично Шефкет покриваше трошоци за сестрите. Се сеќавам еднаш ја праша Ајше колку пари ќе и требаат за да се запише на играорна во школо. Али Риза е во старт неодговорен оти направил куп деца, Ајше ја направил по старост, и ја тупнал да ја чува дада и Фикрет и да бато Шефкет да и подмирува трошоци. Фикрет требаше многу одамна да се тргне од сите тие паразити и неблагодарници.