вие тие промискуитетните сега ги нарекувате отракани испешни жени, ама Неџла е исто ниво со ферхунде, користољубиви! Лејла е само човек без среќа, да не речам нешто нее интелегетна! Единствен позитивен лик во серијава е само Џеврие
Мене ми е жал за Лејла. Направи грешки, ама знае да се кае, да толерира и да простува. А на Огуз од почеток приоритет му беше да легне нешто, сигурно бил девица пред да се вработи кај Јаман
Не те разбирам? Јас ништо позитивно не напишав за Неџла. Мислам имам пишано еднаш, само курва спие и бега со зетот. Така Лејла ги гледа работите и затоа е љубоморна и зависна. Само љубомора и завист владее помеѓу сестрите. Последно Ајше се запали за парите а Лејла се мрдна зошто детето на сестра и има татко кој е тука за него.
Се согласувам потполно, изнародиле пет деца и не можат крајот да им го најдат. Шефкет беше одговорен за сите сестри, а госпоѓиците Лејла и Неџла (глумиците се 5 год. разлика, а во серијата глумат дека се само една година разлика) се однесуваа како брат им, со една плата да е во можност да ги покрива сите нивни трошоци и да им ги задоволува големите апетити (на таа слабост Огус со двете си играше како што му беше ќеф). Фикрет ја предодреди семејството да слугува и така ја третираа, а Шефкет е личност со слаб карактер и затоа влегуваше од глупост во глупост. Ама дефинитивно, да се гордееш со титулата градоначалник, а да создадеш многудетно семејство кое не си способен да го изведеш на пат е за секоја осуда. Ајше им е родена на педестина години, кога се зрели за дедо и баба, а за родители...од што ги бидуваше затоа сите деца им прават грешки, кои скапо ги чинат во животот.
Во тоа време и на таквите места така се научени. Машките членови во семејството (татко, маж, брат) ги издржуваат сите и се глава на семејството. Затоа Хајрие никогаш не работела. Затоа на Фикрет едвај и дозволи да работи со чаршафите, да шие. Затоа Шефкет го доби главното столче на масата и беше одговорен за сите.
Лејла е лабилна, слаб карактер, неинтелигентна, но не е толку па ни добра. Во многу ситуации лажеше, цимолеше, дури не рече ништо кога Огус рече дека ќе ја прати Ајше во интернат. И се дереше на Фикрет кога таа си замина и се омажи на слепо, а потоа само и ѕвонеше, па бараше совети.
За истата серија од 2010 година ли станува збор? Не сум приметила до сега да емитуваат една иста серија два пати.
Оној дел од претходната епизода трае буквално безмалку 40 минути. Точно знам зошто точно толку треба да премотувам пред да почне новата епизода која трае не повеќе од 15тина минути. Инаку, Неџла излезе вистинска спонзоруша. Ќе се развела ако не и дал се што сака.Да немаше сопрузи какви што имаше, ќе немаше такво искуство, онакa вчерашна,штотуку излезена од амфитеатар.Брзо заборави ксква борба водеше нејзиното семејство за да скрпат крај со крај .
Остануваат уште многу малку епизоди, ама ептен ја развлекуваат. Порано продолжуваше некаде околу 16:30, сега дури во 16:50.
Кога ќе заврши ќе ми биде криво, затоа не ми пречи да ја повлечкаат, нека потрае. Мене ми одговара пократка минутажа, ми одзема помалку време. Ја гледам единствено оваа серија и Викторија на Телма. Нормално дека го одолговлекуваат крајот на серијата, Алфа немаат пари за нова серија, вработените не добиле плати и се во штрајк. Иии ако телевизијата оди под стечај пред да завршат Лисјата тоа ќе биде втор пат во историјата
И мене ми се допаѓа што ја влечкаат серијата и јас сакам да потрае , но се ближи кон крајот единствена турска серија што ја гледам по втор пат.
Па развлекување, па тегнење... кутра Алфа. Епизодава ни 30 минути не трае. Тие 30 другиот ден ги гледаш ко реприза. Во петокот беа до 170 епизода, не забележав дали после три дена стигнаа до 171.
Денеска фатив реприза. Жално беше кога Фикрет се сети како мајка и ја тера да работи, а да не оди на факултет. Хајрие најде куп изговори зошто Фикрет не требала да се запише на факултет. Никаква мајка, дури и Џеврие ќе испадне подобра од неа. Сега па дури се чуди како Седеф се мажи. Е, не, ќе го чека нејзиниот неспособен син кој гние по затвори. Ферхунде е прав клошар кој сака да живее на висока нога. До пари доаѓа само со манипулации, лаги, уцени, мажење за старци. Тотална нула.