1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Денес кога ја гледав епизодата, практично тие не беа сигурни дали вереникот на Фикрет наместил тендер. Тие имаа сомнеж, така им кажаа, а што ако е недоразбирање?

    И Хајрие само се фали како тоа била жена на градоначалник, ја почитувале. Не го сака Али Риза, туку била со него оти било привилегија да се биде жена на градоначалник.
     
    На Принцезичка1, Hoping, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  2. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.527
    Допаѓања:
    1.657
    Пол:
    Женски
    Денешната епизода што ја дадоа, која епизода е на турски?
     
  3. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Таа е мислам и најлошиот лик во серијата, карактерно. Цело време се нешто очекува од другите, да ја жалат а ќерките да ја помагаат.

    За Али Риза, самата вели дека не било тоа голема љубов, впрочем и вистинската љубов не постоела тоа било само во приказните. (facepalm)
    Па затоа и ги учеше ќерките најважно да се омажат финансиски добро, како нејзе.
     
    На marchi-cool, Hoping и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.211
    Пол:
    Женски
    Оваа фики со парите од чаршафи наместо да се запишеше на факултет, дом и храна секако имаше и досега ќе беше дипломирана, таа од инает појде и се омажи. И што сега, ко бајаги за жалење е. Абе мрш. Чудак. Ме плаши :worried:, има страшен поглед. Неџла барем не се двоумеше да работи на шанк за да си подмири трошоци. И со добро и се врати. Можеби Фикрет е подобра сестра и ќерка од Лејла и Неџла, но е подла. Кога Ајше и кажа за парите кои Лејла ги чува во сеф, таа не директно да ја праша од каде и се пари, одоколу се обидуваше да извлече од неа. И откако Лејла и призна, стандардно со осуди |(
     
    На Hoping, TrinityNeo и christinnn им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    А со што би се запишало дете од 18 години на факултет? Требаат пари. Плус Хајрие ја убедуваше дека ќе одела во Истанбул, па после да се враќала, па сите зависеле од неа. Без пари и без стан во друг град не можеш да студираш. Кога дојде ред за Лејла и Неџла се преселија во Истанбул. Фикрет од чаршафите зема некој скромен џепарлак, не плата. Неџла работеше во бар оти беше во тесно, и таму направи беља. Колегата ни крив ни должен си доби расекотини по лицето поради Неџла. Плус, ни тие пари не и стигнаа, за оној смрдлив бордел со проститутки, па мораше да бара пари на заем од колегата. Таа се преценува дека е многу паметна, а цела вечност и требаше да сфати дека во тој бордел девојките ги рентаат и затоа киријата е толку ниска. Хајрие и Али Риза се криви за се.
     
    На marchi-cool, cresa-jagoda и Baby Girl 3 им се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
    неџла е најголемата пропалица во серијава! Една позитивна ствар нема што да се каже за тој лик
     
    На marchi-cool, Hoping, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Реално само Шефкет се вработи од децата на Али Риза. За плата од 1.200 лири, за која рекоа Текин дека е мала, но имаа надеж дека како банкар ќе напредува. Но, тие крв му испија. Не знам дали ви текнува еднаш кога колегите го поканија со нив на ручек на пауза, а тој оти немаше пари, ги излажа дека има работа и не може да оди. Всушност, беше во агонија и од дома му ѕвонеа да ги платите сметките, да не им исклучат струја. Жално, сите други отидоа на ручек, а тој кој исто како нив работи немаше пари. Но, колегите сигурно не плаќаат трошоци за цела војска луѓе, и затоа можат да си дозволат. Тој работеше за сметки и храна. Зарем сам си ја изеде платата? Не, им плаќаше на Лејла и Неџла, па и за играорната на Ајше се грижеше, имаше грижа на совест оти не може да и даде пари. Фикрет ниту трошеше, ниту се дотеруваше. Таа везе, слугува и е роб за едно јадење кое на нос и го вадат сите до еден.
     
    На Принцезичка1, marchi-cool, Hoping и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
    никој не работаше сакаана туѓ грб да живеат
    па и 5 деца чоек
     
    На Amelia, @ceci11 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.211
    Пол:
    Женски
    Кој лик си ти, ем се треба да ти се нацрта, ем сегде те има. :rofl:

    Кога почна серијата и се доселија во Истанбул, Фикрет немаше 18 години и како да ти соопштам, ама не мора да имаш 18 за да се запишеш на факултет. Демек Хајрие еднаш и рекла нешто и тоа во камен е исклесано за сите времиња :rofl: Хајрие ко да знае што збори.

    Да била Фикрет попаметна од Неџла, немаше да заврши како домашна помошничка на Џеврие. Ако не и стигаа пари од чаршафи, можеше да најде некоја работа и да собере за студии, ама не, и таа на бато Шефкет го јадеше лебот, ништо поарна од Лејла, Неџла и жена му во тој поглед. Овие три барем посакаа да се вработат, а Фики го најде Тахсин, кого го искористи чисто да роди дете и после го напуди кај кафанска пејачка за да има алиби за развод и алиментација. Непромислено изнајми стан, па откако виде дека не и стига за кирија, се смести во тазе реновираната куќа на Огуз и јаде од неговите пари, па уште ја осудува Лејла зошто не го предала писмото во полиција. Муабетот ќе беше на место, да не живееше под негов покрив. Исто и кај Рејхан и Нуриниса се имаше вдомено претходно. Паразит како мајка Хајрие.

    Сестриве демек "поглупи" од неа, ама они од богати мажи извлекоа доста пари и финансиски помогнаа дома, а таа земјоделец најде да молзи. И не е точно дека којзнае колку работи во домот, кога Хајрие, Ферхунде, Лејла и Неџла чистеа за викенди, оваа се затвоpaше во соба, а сега Дениз ја споделува работата со неа, т.е. Дениз да не беше ученичка, сигурно сета работа ќе останеше на неа. Фикрет има многу неубав карактер, сите ги третира саркастично, буквално не се знае кои мушички ќе и дојдат и не е свесна што прави во животот, додека другите трчаа по пари и поубав живот, она сакаше само бебе.

    И не ми текнува зошто кога Лејла пометна, Фикрет не им кажа дома дека Огуз ја имаше силувано Лејла пред таа доброволнo да продолжи со него. Сигурно да знаеја, не ќе дозволеа брак.
     
    На Glowy и christinnn им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Сите се криви. И

    Али риза направил дете и го тупнал Фикрет да го чува. Совршениот Али Риза. И не требаше да се мажи со Таксин на таков глупав начин. Сама се закопа. Со смешните пари од чаршафите јас не видов да купила некој луксуз, мислам дека ги трошеше за храна.
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Инаку тоа тешко наоѓање работа и малите плати и пензии, кои ги има во серијава ме потсетија на животот во Македонија. Дури и конзулот, иако бил конзул, немаше пари кога жена му се поболе, па бараше заем. Ипек ја препорача Неџла да работи во кафулето, кажа дека дневницата е добра, ама нејзините не дозволуваат да работи во кафуле ( веројатно се смета дека е непристојно една девојка да работи во бар ноќе, да служи алкохол, и препоставувам дека ја сметаат професијата за неподобна за женско). После тоа Али Риза ја одведе Неџла во издавачката куќа, а таа му ветуваше ќе работи и за викенди, и со полно работно време, само да му помогне да го платат долгот и да не им отиде куќата. Ништо од тоа не се случи. Лејла се вработи со помош на Ферхунде, оти таа го замоли Јаман и не можеше да ја одбие. По втор пат за работа и среди Огус, иако таа не ни сакаше да оди на интервјуто и кажа дека не ни знае англиски, па нема да им биде од корист. Али Риза со дебело ЦВ се скапа од одење по станови, агенции, и каде не, и човекот преведуваше и држеше часови за ситна пара. Фикрет освен продавачка и чистачка не знам што би работела, и како би собрала пари, и би студирала кога нив со доаѓањето во Истанбул ги зафати бродолом од проблеми, и морални, материјални, секакви. Немаа мир. И да работеше, ко што е солидарна ќе ја одрпаа оти се „семејство“. Зошто таа не зема пари како дел од куќата? За Таксин, не знам кој кого искористи, дали таа него или тој нејзе. Тотална глупост. И нека е Фикрет старомодна, проста, глупава, направи лош избор, а каков избор направија Фернунде, Неџла, со три, односно два брака зад себе и Лејла која како слеп за стап се фати за Огус? Каков е тој совршен татко Али Риза кој на првото дете му скрати право на брак и образование, на трите следни им простори се, на Ајше и скрати многу, премногу.
     
    На SnowWhite8, темјанушка и Baby Girl 3 им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.211
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    |( |-)
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.211
    Пол:
    Женски
    Во петокот почна претпоследната епизода, така што, оваа недела треба да заврши серијата. Освен ако не е подолга последната епизода, нез, не ми се верува дека можат да ја завлечкаат и наредната седмица.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Aлфа вчера имаа вести без да ги чита презентер во студио, и без новинари да ги подготват прилозите. Спикерот си исчита само технички вести. Недела беше, ама обично не е така. Ништо чудно ако се пред пропаѓање.
     
  15. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Се надевам дека ќе ја истераат до крај, пред да ја затворат телевизијата. (fingers)
    Новинарите штрајкуваат веќе неколку недели поради неколку неисплатени плати, пред некој ден прочитав дека имало нов упад од финансиската полиција. Веќе некое време сите емисии се укинати постојано даваат народни приказни и српски шоуа, единствено серијава им остана. :P
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Уште епизода или две и серијата ќе заврши. Денес гледав, колку само ја должеа. Скоро целата мината епизода ја дадоа. Седеф ќе има среќен крај. Колку беше убаво се што кај неа се случуваше.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.211
    Пол:
    Женски
    Денес започна последната епизода, утре-задутре завршува серијата. Можи некое проклетство има врз неа и уништува телевизии. :devil:
     
    На Принцезичка1, cresa-jagoda, TrinityNeo и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
    :D:D:D:DКако ти текна :rofl: И А1 се затвори додека се емитуваше серијава
     
    На cresa-jagoda, Pea и Аргентина * им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Имаше повици за поддршка на новинарите од Алфа. Се ширеа по социјалните мрежи. Значи големи се шансите да се затворат. Инаку, какви професионални. Си одработуваа за вмро.
     
  20. Rioers

    Rioers Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.730
    Пол:
    Машки
    Али Риза ;(
     
    На Rama, Tanjamm, темјанушка и 1 друга личност им се допаѓа ова.