Ау не знаев дека пред затворање е алфа тв, се надевав дека ќе даваат повторно реприза од некоја играна серија, а баш мислев на "Зет Домазет"
Алфа малку ги упропастија последните сцени со лошата монтажа. Само поради Лисјата имаа гледаност, којзнае што ќе даваат од пон. Мене ми остана уште Викторија на Телма, ќе заврши за 2 недели и ќе нема серија на ТВ за мене
Како беше крајот, луѓето се менуваат како годишните времиња, некои цутат во пролет, некои паѓаат во есен. Ах, Али Риза со неговите мудрости. Знаев дека нема да дочека да се врати Шефкет. Инаку нели на крајот Фикрет од затвор раскажува, тоа го немаше.
Mногу лош крај ќе има Али Риза. Пеколен. Сите деца му се несреќни. Тој на старост стана бездбомник. Јас претходно ја имам гледано до денот кога умира Али Риза, и на крај Ферхунде беше во нивната куќа, а дека Фикрет ќе заврши во затвор, такво нешто не се сеќавам.
кој ја огласи и зошто? Каков тужан крај, сите деца несреќни и сами Од право угледно семејство, све се распадна кој ваму кој таму , пропалици сите, сепак многу тажен филм кој што бар во некоја ситуација се пронајдовме сите ќе ми недостига серијава
Oguz odluchi da ja prodade za da gi obezbedi decata, majka mu i sestra mu, site kje dobiele ednakov del od parite.
Денеска дури ја гледавме мајка ми искоментира „еее, чесно работење, среќен крај“, за Седеф. Тие се средија. Хајрие дури и завиде, оти таа ниту една од ќерките не ја омажи со сите адети, се беше некако извалкано, компромитирано, скришно кај нив. Инаку, Ферхунде и мајка и се снајдоа. Ферхунде се израдува затоа што мајка и нашла разведен дечко, со ресторан, кој патем нема деца. Колку и да глумат ниво, во суштина се дролји. За таквите секогаш се наоѓа некој, важно е да има пари. Децата на Али Риза си настрадаа од наивност, мрзливост, лакомост.
Пред девет години крајот го гледав заедно со моите во дневна, и плачев за Али Риза кога умре, ептен ме погоди, денес истата ситуација пак, само што едвај се воздржав да не заплачам сега на овие години Навистина ќе ми недостига серијата... Буквално се што беше прикажано, се е реалност. Колку само семејства се распаднале и распаѓаат поради алчност, недоверба и работење зад грб, серијава има суштински пораки и поуки, ама се плашам дека е доцна за денешните ние.... Неџла се свести на крајот да ги вреднува Џем и семејството, ама сега се е прекасно... На Огуз и Ферхунде не им вредеше ништо тоа што со години правеа гнасни сплетки за пари, на крај останаа без ништо. Седеф и мајка и, завршија најсреќно од сите. Хајрие сега плачи и го бара мажот и, ама додека беше жив не го ценеше воопшто, посебно откако се разболи. Шефкет конечно стана "татко" на семејството и ја презеде грижата за Ајше, Лејла, за внуката и мајка му, тоа беше најголема желба на Али Риза, уште на почетокот кога му го отстапи неговото место на масата, ама за жал не дочека Али Риза конечно да го види освестениот син.... Најжални сцени освен смртта на Али Риза и тоа што не дочека да види дека Шефкет излезе од затвор, беа и тоа кога Шефкет ја виде среќно омажена Седеф додека поминува покрај него без да го забележи, исто и испраќањето на железничка, посебно кога Фикрет и Неџла одеа по возот расплачени и гушнати....Лејла и Неџла се гушнаа, сестрите повторно станаа сестри, исто и кога Хајрие се сеќаваше кога доаѓаа во Истанбул и исплашена му рече на Али Риза дека се плаши од големиот град, а тој и одговори, јас не умрев... Сега кога навистина е мртов, семејството е распрснато на три дела, со надеж дека повторно ќе имаат блискост, ама не онаа истата која ја имаа додека чинарот Али Риза беше жив, а тие еден по еден како листови испаднаа.