Ферхунде ми е многу срцкаст лик и мило ми е што им се насмевна среќата нејзе и на мајка и на крај. Она да беше во срж покварена, како што ја замразија немаше ни да ги погледне, но нејзе ја гризеше совест и се истури од плачење за нив, и црнина облече за Али Риза. Конечно ја виде куќата реновирана во модерен стил, каква што сакаше да биде, но сфати дека џабе и беше, без семејството во неа. За Текини ми е жал, бидејќи не беа злобни, само смотани и се изгубија негде по пат во трката по пари. Серијата како и романот е критика на животот во големиот град и на капитализмот, но и на традиционалното патријархално воспитување кое продуцира некои сфаќања што само ги отежнуваат животите на поединците. Вие што пратите турски серии, дали знаете друга слична на Лисјата и на Браќата, која содржи психологија на ликовите и некоја порака во склоп со секојдневното живеење? Знам дека двете серии се во иста режија и од иста продукција, штом ја завршиле Лисјата, почнале да работат на Браќата. Овие двете се стварно добри, а реално повеќето тр серии џабе е да ги гледа човек.
Фикрет нема да ја убие Џеврие. Го има целиот филм на јутјуб и ја нема таа сцена. Инаку мислата ми беше дека овој филм ја отсликува нашата реалност. Кога ќе умрат родителите децата секогаш се разбегуваат секој на своја страна, па и не зборуваат меѓу себе. Еве кога почина баба ми, ни еднаш не се собравме сите на маса, двајцата вујковци скарани со години. Пред една недела вујко ми имаше срцев удар, јас сум поблиска со другиот вујко се слушнав со него на телефон и му кажав да му се јави (иако мајка ми се лутеше зошто се мешам сакав да ги смирам). После ми кажа мајка ми дека се слушнале на телефон зборувале конечно.
Jaс не знам зошто Шефкет се разочара од фактот дека Седеф се омажи, кога тој никогаш не ја сакаше, и не ни беше заинтересиран за неа. Дали мислеше дека вечно ќе му биде „златна резерва“?
Леле, Величествениот Можев да претпоставам, а не ја сакав таа, полна е со глупости. И трае 100 год. Ништо, чао алфа.
Сериозно? Од толку стари добри серии најдоа за Султан Сулејман да ја даваат. Ќе зафаќа термин до 2024 сигурно.
денес почнаа со нова серија. Некако имам впечаток како да ги земаат сите материјали од пропаднатата А1 телевизија.
Најдобро нека ги земат шпанските. Јас се уште се надевам дека повторно ќе ги вратат шпанските серии. Инаку од Величествениот мислам само Малечката невеста е подолга. Колку години траеше султанот дали се сеќава некој?
Добрата вест е дека на алфа оди турска серија без синхронизација, лошата - таа серија е Величествениот Гугл вели дека султанчето има 139 епизоди. Тоа е помалку од Лисјата, но епизодите биле подолги, по час и половина или два траела една, за разлика од Лисјата (45 мин). Јас пак си мислев оти не дадат некоја американска серија, постара ако е за поевтино, ама ете мора да биде турска... Абе шо сакаат нека даваат, приватна куќа е, никој не ме тера да ги гледам. Инаку, не се надевајте дека ќе ги вратат теленовелите, Латинска Америка е исто така преплавена од турски серии, поемитувани и погледани се од нивните домашни. И таму ги синхронизираат, на шпански, се разбира.
Лисјата оргинал имаа 192 епизоди, од по скоро 2 часа. Баш вчера и ја пуштав на мајка ми последната на едн страна со српски превод, 192ра беше. Е сеа колку ќе ја кратат на алфа, нивно си е тоа.
Тогаш можно е да постои некоја скратена меѓународна верзија, зашто 174 епизода е последна и јас баш забележав уште од првата епизода на алфа, дека на отприлика 45 мин. се појавуваа имињата на турските актери. Сега ја проверив на Со превод и навистина беше така. Не им се знае редот на тр серии, една што ја гледав на нет оригинал на турски, понекогаш епизодата траеше час и 10 мин, а понекогаш 2.00.20.
Lisjata imaat original 174 epizodi , a tamu kaj sto ste gledale imam gledano I jas I imast ispusteno nekoi sceni od originalnite epizodi
Ја изгледав последната епизода и го исплакав Али Риза. И порано кога ја емитуваа плачев за него кога умре, ама тогаш сум била млада и зелена, па поинаку гледав на работите. Го жалев семејството, си мислев леле сироти, не им тргна откако дојдоа во Истанбул, како да градот е виновен за нешто. Реално само се закопуваа цело време. Серијата ни покажува дека грешките на крајот сепак скапо се плаќаат. Животот не простува.