Миличка не е досаден туку читаме овде во темава што се случува и што ќе се случи и не е интересно да гледаме зошто знаеме се
Огус нема повторно да работи во фирмата на Јаман, само ќе отиде да му го врати долгот и таму ќе ја сретне Лејла. Spoiler Инаку Огус ќе се занимава со продажба на недвижности, Лејла ќе ја напушти работата кај Јаман и Огус ќе и најде работа, ама таа нема да знае. Лејла ќе треба да се омажи за еден Назми, пријател на Џем, доктор, ама ќе го сокрие минатото од него. Поселе Ферхунде ќе му ја каже на Назми целата историја за семејството и ќе почнат да му вршат притисок од дома да ја остави Лејла. Назми ќе се раздели со Лејла, и после некое време Лејла ќе се смири со Огус. Назми нема да умре, ама ќе прави сообраќајка кога ќе дознае дека Лејла се вратила со Огус.
Да во право си знаеме се пред време и затоа така но сепак не го гледам со иста желба како порано кога со нетрпение чекав да почни. Најитиресно ми беше кога Неџла избега со Огус и кога се се дозна, тие епизоди неколку, но сега наваму мие многу досаден многу ги влечат настаните и многу работи ќе се мешаат, посебно тоа што Лејла ќе биде пак со Огус. Сакаат нешто да прикажат поинакво од сите филмови, да избегаат од она класичното Happy end како на сите филмови но мене не ме биндисува искрено крајот, а и поголем дел од гледачите исто така не се согласуваат. Можеби затоа што не сме навикнати на такви серии со тажен крај. Во глобала е добра содржината не за џабе постигнала голем успех но сепак можело и подобро да биде да нема толку испреплетувања. Но сепак е филм, многу е поучен, многу ситуации се присутни и во реалниот живот има доста убави нешта што треба да се видат и да се извлече некоја солидна поука од тоа.
Девојки, не ја гледав епизодата во петокот и денес ја фатив ама малце, скроз на крај кога никој не сакаше да и збори на Ферхунде и кога Хајрие ја виде како влегува во колата на Левент и ја испокуба ... Ме интересира зашто и беа сите лути на Ферхунде, што дознаа сега? може некој да ми каже што се случи?
дознаа се за ферхунде ,дека зела пари од огус(неџла ја покажа сметката) и дека сигурно има љубовник и затоа не и зборуваа демек да не и викаат ништо за шефкет да не се нервира
Мноооооооооооогу ме интересира како ќе се смират Лејла и Огус! Да не знае некој подетално?Што се случило,како?
Епа вака Spoiler Огус ќе излезе од затвор и ќе почне да работи со продажба на куќи и недвижности, ќе сака да се смени и да почне да води подобар живот.Ќе отиде кај Јаман за да му го врати долгот и таму ќе ја види Лејла. Од тогаш се почесто ќе мисли на Лејла и на тоа колку и згрешил. Во меѓувреме Лејла ќе се запознае со еден доктор, пријател на Џем и ќе треба да се омажи со него, ама нема да се омажат. Огус ќе дознае дека Лејла бара работа и ќе и помогне да се вработи, но таа нема да знае за тоа. Потоа Огус ќе најде купувач за куќата на Али Риза, исто така без нивно знаење. Еден ден Лејла ќе дознае дека Огус и помогнал за да се вработи и ќе отиде кај него во канцеларија и така ќе почнат да се зближуваат и ќе се смират. Ќе отидат заедно и на патување, но кога ќе се вратат ќе ги види Али Риза и ќе добие мозочен удар, но бргу ќе се опорави. Од тогаш Лејла ќе се всели кај Огус(тој ќе ја купи куќата во која тие живееле додека биле во брак). Битно Огус многу ќе се промени и ќе биде многу добар со Лејла.
Me interesira kukata sto ke ja kupi ogus kade sto zivejale alirizovci dali ke bide renovirana bidejki gledam na slikite deka istata kuka e ama e renovirana pa prasuvam dali e istata ili taka mi se cini ??
Ах во претходната епизода видовте..Џеврие се пресели кај Таксин..хаха оваа жена ми е се повеќе и повеќе интересна..
хаха абе Џеврие, во нејзин стил е тоа. Ајде да видиме оваа епизода што ке се случи, ке си замине ли Ферхунде.
Aуу оваа Ферхунде како и мајка и ја исполажа Штета што ваквите луѓе ѓи има се почесто Лејла ја спаси Неџла и изгледа ке се спростат
Денеска прв пат официјално решив да изгледам една епизода од серијата „Кога лисјата паѓаат“... Затвори, сестри скарани, смирени, љубовници, лажги со опашки, крадци, богаташи, сиромашни, расплакани, пред умирање и пак оживеани... На кратко УЖАС! Глума може да пројде како за сапуница, сценарио ајде да кажеме, за широка маса на луѓе прилагодено, режија, уфффф ноу комент, ама СИНХРОНИЗАЦИЈА, Боже ме сачувај! Можеби, само можеби и серијава некако би прошла на некоја локална телевизија како на пример МТМ или Амазон во ударен термин, па некој да си ја гледа по желба... На една од најгледаните телевизии, во 20:00 часот кога сите се дома, епизода која заедно со рекламите трае 2 саати, ноу тенк ју! Ама, ете, господин Хеди одлучил дека така треба да биде! За жал и не згрешил! Цела Македонија е шашардисана по една турска сапуница, која тотално грешно ја претставува реалноста... Можеби е крив оној старион што фамилијата му се распаѓа, ама сепак јас како што гледам најлошите во серијава најдобро си проаѓаат... Како и да е, прв пат ја гледав серијава и сигурно за последен пат! Едноставно, не успевам да најдам уживање во неа...
Морам да ти кажам дека не се согласувам со тебе.. Според мене серијава е баш реална на секој може да му се случи тоа што им се случува ним, за сихронизацијата имаш право, но веќе ја навикнавме.
Bokicka, па добро, не критикувај толку, серијата е поприлично реална, наспрема многу други серии кои сум ги гледала. Па и не може баш да се процени една серија ако почнеш да ја гледаш од средина. Инаку како и во секој филм има претерувања но сепак многу од работите се слика од секојдневниот живот, особено на овие простори.
Јас пак напротив... сметам дека синхронизацијата е одлична. Толку добро е доловена вистинската состојба на ликовите... има и додавано некои работи... мене синхронизацијата ми делува многу реално, и уште подобро ги доловува ликовите. Подобро синхронизација него да ги слушам као мрмљаат на турски а да не го разбирам јазикот и да ме иритираат.
мене ми е баш супер серијата!незнам бокичке зашо толку ја испонапага серијава ја направи катастрофа.мене баш ми е реална,и се преставени работите баш реално онака како шо се дешаваат во вистинскиот живот.во сечиј живот има успони и падови,баш како што има успони и падови во животот на ова семејство.и во реалниот живот знаат некогаш да ни налетаат такви турбулентни периоди како што е периодот во кој се наога ова семејство во серијава моментално.периоди кога не знаеме на кај да се свртиме кога ни се случуваат повеке лоши работи една по друга и човек не знае на каде да погледне,и каде да побара помош...а семејството е она што е секогаш тука за нас,макар ги подржувало или не ги подржувало нашите одлуки..ликовите се сосема реално преставени нема поделба црно- бели ликови.никој не е сосема добар или сосема лош.ги прикажуваат и со нивните добри страни,но и со нивните мани.грешат и се кајат за своите грешки.некогаш подлегнуваат на искушенијата,некогаш не.сметам дека серијава си го заслужува местото на а 1 тв.ај да кажеш за бандини дека е нереална тука би се сложила,дека стварно нерелано се преставени карактерите,некои настани се невозможни итн ама за лисјата пагаат да кажеш дека е нереална и бедна серија тука воопшто не би се сложила никогаш. само ме интересира пошто велиш дека е тотално грешна преставена реалноста,каде го согледуваш тоа?што е тоа толку тотално грешно преставено? поздравче
Серијава е и повеќе од јадна и бедна, според мене. Јас гледав малку но се откажав. Јас разбирам да има успони и падови, но во серијава јас видов само падови, а ниту еден успон. Значи секаде се дешаваат среќи и несреќи во реалноста а на оваа семејство ниту една убава работа не му се случи. Ниту еден од ликовите не е среќен во ниту еден момент. И каде се видело кај сестри да се случи ваква ситуација - прво Неџла оди со Огус, па Лејла се мажи со него, па Неџла бега со Огус, па после тоа Лејла пак со него живее Катастрофа невидена е серијата и не го заслужува ударниот термин на а1 Поздравче
e kако нема у реалноста такви случаеви со сестри,ако не веруваш пребарај во категорија љубов на сајтов имам читано за неколку проблеми шо бараат совет девојчиња од типот"сестрами излегуваше(или се муваше)со еден дечко порано а мене тој сега ми се пушта а многу ми се допага незнам што да правам".. така да не би рекла дека е нешо нереално и измислено,секакви случаеви има по светот. а шо се однесува до тоа дека само падови имаат,овие настани се случуваат во краток период.нели цело време кажуваат дека пред да дојдат во истанбул имале многу мирен живот,биле сложно семејство.откако се преселуваат тука им започињаат проблемите.зарем кај вас никогаш не се случило да ви се десат во семејството повеке лоши работи одеднаш.обично во животот многу често така иде,коа ке тргне на арно се е на арно,ама кога ке тгрне на лошо па све на лошо иде.и лошото и арното не идат сами. а и впрочем да ги даваат во период кога се им е убаво,кога немале проблеми,таква серија не би била интересна да се гледа нели,без заплети и расплети би завршила во една епизода-и сите срекно си живееја..