Па вака Тања, според мене тотално е погрешно претставена реалноста во една земја муслиманска како што е Турција. Далеку од тоа дека сакам да ги навредам Муслиманите, меѓутоа сепак не може никој да ме убеди дека во Турција вака слободоумно се живее... Еднава сестра, сега навистина не ги знам по имиња ќе ги препознавате по постапките, си избегала со мажот на другава, која пак претходно и го превземала како дечко на првава сестра. И ете, после некое време она пак си живее дома, мајка и и татко и ја примаат, без разлика претходно дали ја мразеле или не и ја вдомуваат пак! За еден традиционален турчин, како овој стариов во серијава, оваа постапка е не сфатлива! Нема шанси да ја прими ќерка му назад, попрво ќе ја даде на плоштад на каменување! Другава ќерка исто бега се мажи и никому не кажува! Пак и за оваа сестра традиционалното пу, пу не важи! Синов краде пари, криминалец невиден, ама му простуваат оти се покајал! И за него исто, пу пу не важи! Снаава, пали гаси во серијата! Жена во Турција без никакво име и семејство позади неа, да пали и гаси, да прави криминал и никој ништо да не и направи? Пааа и ова ми е доста сомнително! Ама они биле семејство и семејството е секогаш тука да те поддржи! Традиционално турско семејство не би рекла дека баш така ќе постапи! Знаеме сите како се живее во Турција, а серијава треба да ја претстави Турција во реално светло (нели затоа што е серија која ја прикажува реалноста во Турција). Сепак се работи за муслиманска земја и тоа е факт, а јас никаде не видов ни трошка од реалноста од Турција, значи нека не се навредуваат муслиманите, немам таква намера, друго е Македонија, друго е Турција! Поздрав и до тебе Тања
Во секоја турска серија има по една лоша снаа , Фусун, Ферхунде....ама затоа фосилите се секогаш праведни. Мака ми ја гледаше Шехерезад, дечко ми ги гледа лисјава...јас сум колатерална штета
Прво... во Турција како една од најразвиените муслимански држави одамна ги нема веќе тие традиции на каменување на плоштади и други такви девијантни појави. Второ... кој родител не би му простил на своето дете без разлика што и да направило... само оној на кој што му е поважно што ќе кажат луѓето... како и да е неможеш да бидеш како камен кон сопственото дете па би му простил се. Трето... ова е серија, Турска серија, кој ви кажал дека мора да е се реално? Зар сите серии се реални и ја покажуваат баш онака вистинската слика на животот и општеството, секако дека НЕ. Затоа не го разбирам муабетов реална била не била раеална, има многу реални ситуации, секако и многу нерални, сепак е тоа серија, како може се да биде рално. Кога би било така зашто би гледале филм на телевизија. Со ова не ја бранам серијата ниту се обидувам да натерам некој да ја гледа, ниту пак сакам да зборам кој е во право а кој не, едноставно не разбирам како може да велите дека не е реална или пак дека е сосема рална кога се работи за серија па е многу нормално во секое такво дело да има голема доза на фантазија но и реални ситуации. Мене ми е интересна серијата и различна од другиве што имаат се една иста тематика, сменети деца, слугинки, попови, невозможна љубов итн... требаше нешто различно да се прикаже и затоа ми се допаѓа серијава и ја гледам.
Јас баш за Турција, не мислам дека е така, но за тоа во некоја друга тема - за Турција! И тотално си во право, ти си ја гледаш затоа што ти е различна и затоа ти се допаѓа... Според мене не е различна, не ми е реална, пак ми е перење мозок сапуница и не ја гледам... Ете така... Сега продолжете си го муабетот за серијата, се извинувам за упадов, ама моето мислење за темава е такво
Гледам боа виста знае многу работи па ќе ја прашам за едни глупости што ги слушнав демек ќе се случеле во серијата дали се вистина...Не верувам дека е точно,ама сепак Spoiler Вистина ли е дека Ајшево и Хајрие ќе умреле,а Али Риза ќе бидел со Нехир во некоја мала куќа ќе живееле?
Не е лоша серијата али многу ме нервира синхронизацијата.Кај им ги најдоа тие гласови бре ? Посебно гласот на Седеф.Ужасно ме иритира!
Гледам малце оффтопик за Турција почнавте,па да се надоврзам...иако политички се прикажува како секуларна,традицијата не може да се искорени,тоа е дел од идентитетот на еден народ.Не се лажете дека е толку модерна...Бизнисмен човек,со технологија опремен,тера бизниси,доаѓа неговата жена на работа со фереџе и не само неговата жена,туку и жените на неговите колеги!Само културно се поздравуваат и тргаат поглед.Пример од секојдневниот живот,конкретно во Истамбул. Така да...серииве продаваат пуфки! Серијава ми е патетична,оној Али Риза дрекачот ми изузетно несимпатичен човек...како ли да преживеам?!Татко ми се опорави од клетвата и само се шета по куќи и коментира,претерале,претерале,ја утнале поентата,влегле во патетика! На ред е мајка ми!
Што ти требал тој луксуз да си трошиш од времето да гледаш Научно-фантастични комшиско фамилијарни фаќачко сеирски серии? Ех драга моја,после 10 год сфатија дека отруја со шпанско-аргентински-мексикански и не знам више какви не серии,луѓево се откажаа од исчекување на 4567-та епизода кога ќе се разбере дека слугинката и е братучетка на мајката на комшиката,а воедно и нејзина сестра????...така нешто,арно ама на нашиов народ нели трагач по нови ,возбудливи залудно потрошени саати никако не се откажува и зошто би?Зошто нешто паметно да се направи коа може да се џаболебари пред тв,да се шмркнува по некој мрсул и по некоја солза за јадната судбина на карактерите од филмот? Како што си се изјаснив во еден друг коментар ќе кажам и тука,жалосно а воедно и смешно е што си дозволивме мозоците да ни ги исушат со срцепарателни бајковити причи ...
Во Турција сеуште има такви случави каде жените одат во фереџе ама знаете колку се тие?Многу малку.Турција одамна е модернизирана,и иако е муслиманска земја сепак далеку од тоа ќе сретнете како таткото ќе ја каменува ќерката итн.A инаку во серијата има многу реални ситуации,јас знам пример и кога две сестра се со ист маж,дури имаат и деца од истиот така да има и полошо од оваа што им се случува на Лејла и Неџла, а и татковци како Али Риза има.Тоа се тие родители кои неможат да го прифатат модерниот начин на живот и затоа се случуваат такви работи.Значи во серијата ништо не е измислено,многу ситуации се поистоветуваат со настани од реалноста,но сепак се работи за вкус,некому му се допаѓа серијата а некому не.Мене ми е интересна,признавам гледам многу серии и знам дека повеќето се глупави сапуници кои перат мозок,но ете јас на тој начин си се одмарам,смеам,си го трошам времето.
Ако гледаш некоја серија не значи дека ќе ти се исуши мозокот.Некои луѓе ги гледаат ради забава,здосадено им е од политички препокувања па вака си го луфтираат мозокт...Не мора да значи дека ако гледаш серии или сапуници си некој глупак,или пак што паметно би направил доколку не ја гледаш сериајта?Не знам зошто доаѓате до ваков заклучок дека луѓето немат ништо паметно што да прават па гледаат глупи турски серии и шмркаат мрсули.Вкус е во прашање,на кој му се допаѓа ги гледа, на кој не му се допаѓа да не ги гледа.Секој своето слободно време го користи како сака и тоа дефинитивно не го карактеризира ниту зборува за неговата интелгенција и способност.
^^Абе Џули во претходниот пост кажуваш дека знаеш дека перат мозок ама си ги гледаш,па по неколку минути објаснуваш како не перат.Не се секирај,не те караме ако уживаш да ги гледаш. Се согласувам со тебе во едно нешто, дека е прашање на вкус,кој ужива во нив -бујрум! Јас-не! На секоја станица даваат по 5 серии и што ќе се случи ако седнеш да ги пратиш сите,навистина ли тоа за тебе е квалитетно поминато слободно време ..Што знам, мене некако не ми иде тоа у комбинација Едитiscovery,National Geographic,VH1,MTV,Fox Life....прекрасни канали за релаксирање од политички препукувања
Не се соживувам и не паѓам у траносви коа ќе умре некој во серија побогу како може да ми го перат мозокот, така што ќе верувам дека во животот може да ми се деси ко во серијата или да не ги жалам случајно пропатените ликови во серијата луѓе телевизијата е забава, се што гледам е ради забава, освен енимал и дискавери кај шо си поднаучуем нешо ако глеаш така Георгина значи секое филмче или серииче би требало да значи перење на мозок? Хммм... не, а за залудно потрошено време незнам... кога имам попаметни работи едноставно не ја гледам серијата си ја бркам работата. Секако постојат луѓе што се ептен зацапани у серии, па дури и живеат по тоа. Да не забегувам оф топик Семејна серија, среќа на сите од дома им се допаѓа, па така поминуваме некое време сите заедно смеејќи се и коментирајќи за серијата
Знам дека пишав дека перат мозок и дека повеќето се глупи сапуници, ама ако ги гледаш не значи дека ќе ти го исушат мозокот...како и да е се согласивме и двете дека се работи за вкус,јас си признавам дека сум зависник од филмови и серии и пораногледав многу повеќе одколку сега.Точно дека многу е ако гледаш 5 серии едно подруго но ете има и луѓе кои уживаат во тоа.
Џули никој не негираше дека Турција е модернизирана,прашањето е како се модернизираат навиките под присила на традицијата?!Не,не се малку жените што носат фереџиња,можда не праат хареми,ама религијата си ја почитуваат и те како.Не се као од ептен затуцаните муслимански земји,но се далеку од претставата што ја продаваат сериите и воопшто телевизијата. Серијава е глупава,факт!Толку контрадикторна,толку смешна...го сфатив тоа од гледани 3 епизоди и слушање на веселиот џагор по куќи во предвидениот термин,а јас у десета соба,а башка што страшно ме сопнаа што ја ставија репризата попладне,па ако се деси да бидам дома,баба ми сака да гледа на голем,рамен телевизор и додека гледа да си раскажува шо се десило пред 10 епизоди,мислејќи дека ми е занимливо!Не можам,веќе...ова не е хумано.Изгубив значителна количина на сива маса од мозоков! И да,арно ви вика Георгина,гледајте Травел,Да винчи,Дискаври,па дури и Риалити зоун...со исклучок на Vh1,MTV,од такви канали ни збрлавеа малите и Џастин Бибер е прва симпатија,Лејди Гага е идол,а Кејти Пери ги буни со изгледот,машко ли е,женско ли е?! Мене лисјава не ме забавуваат, ме неривраат зошто се нерални тупаџии.
Едитiscovery,National Geographic,VH1,MTV,Fox Life....прекрасни канали за релаксирање од политички препукувања [/quote] Имам време и за тие канали,ги следам и нив па и на Фокс има серии кои ги следам...ти реков дека сум зависник,само тв дај ми и мирна сум Но ако иам нешто друго работа никако не седам пред тв,излегувам, си ја бркам другата работа,ги сакам сериите но не се опседнувам со нив...и доста офтопик,кој сака си го гледа Али Риза кој не-немора
Џули, имаш 22год а си опседната со серии и тв? Ова е повеќе занимање на бабите А инаку серијава ја гледам, само неа и тоа почнав пред 2 месеци, а никогаш не би гледала индиски филмови или некои сапуници. Едноставно неможам да поднесам такви ефтини глуми и однапред познати перипетии. А инаку се мислам дали да продолжам да ја гледам серијава, некако не ми се губат 2 саати, досадна стана ептен
Леле Сеси ако сакам да гледам серии, филмови не значи дека сум како баба,зборот ми беше дека сакам да гледам,некогаш се случува да гледам некоја серија по цела вечер,не знам,едноставно навлечена сум на тоа,турски гледам само 2,индиските не ги сакам,ама затоа еве Анатомијата ја гледам отпочеток...Ете може да се каже дека тоа ми е хоби. И да потенцирам не сум толку опседнта заради серија да не излезам или слично.
Добро бе луѓеее, серијава е правена според роман , кој е пишуван спред вистинска приказна! Значи тоа биле реални настани, реални сцени што се случувале... Така што муабетите околу тоа колку било реално вакво нешто за едно турско семесјтво не држат вода.. дај не генерализијате све... Не сакам никој да навредам со коментаров ама стварно мислам дека нема потреба од филозофирање околу таа работа (реално или не и слични муабети ) ... Тие што си ја гледаме серијата ќе си коментираме и прераскажуваме сцени, или ако сме виделе или слушнале нешто за епизодите што доаѓаат Тие што не ја гледате не мора да коментирате ништо . Spoiler Мислам дека на никој не му се читаат 5 страни од темава за тоа што било реално што не било, како требало да се понаша еден Турчин , а како се понашал и така натака