Багуфче јас ја гледам на интернет и сеуште не се случило тоа што ти пишуваш, ама имај во предвид дека јас сум до 248 епизода, можеби понатака и тоа ќе се случи
И јас се соглсувам со тебе дека има многу вакви слични случки во реалниот живот но до толку како што е прикажано во серијава не верувам да има. Прво Неџла беше со него па Лејла па пак Неџла и паk потоа на крајот Лејла. Што е поучното во тоа? Што сите ќе испопаѓаат како лисја и што трагично ќе завршат. Искрено мене ми станува монотона серијава. Не сакам да бидам толку контрадикторна и да ви се спротиставувам на вашите мислења но не се согласувам со тоа што го потенцирате. Можеле нешто да изменат. Има доста пропусти. Фактички целиот пад на семејството е поради Огус. Тој им прави раздор и створи љубомора и омраза помеѓу сестрите па потоа Ферхунде со нејзините амбиции итн што останатите ќе приредат. Денес современо семејство не е од 5 деца туку максимум 5 члена со се родителите. Премногу љубомора се прикажува, стари навики застапени (Девојките бараат дозвола да излезат а моми за мажење што се вика , сите мора да се присутни за време на појадок, ручек, вечера ај тоа некако е пак општа култура ама секогаш неможеш навреме да стасаш си задоцнил од работа или утрото се брзаш да не задоцниш итн) и потоа како нема да тргнат по лоши патишта при толкава строгост фактички сето тоа е поради неизживеаност. Вистина незнам можете да пишете дека не сум во право да ме искритикувате но јас не го менувам мислењето. Сакаат нешто да прикажат ама и тие самите незнаат што. Нивната култура е сосем различна неможат да се вклопат со останатите па вметнуваат, нешто испреплетуваат со нивното традиционално и незнам што уште не прават. Прво ми изгледаше нешто извондредно но со тек на време се откажав од тоа дека е нај нај серија. Обична сапуница само се плачат се лигават а разликата е во тоа што е тажен крајот, а тоа е што гледачите ги превлекува мислат дека гледаат нешто сосем различно и многу реално . Има една група на ФБ: Да знаеше Гоце Делчев колку турски серии ке гледаме немаше ни со прст да мрдне за нас.
немам намера да коментирам повеке пошто не сум адвокат платен од серијава па да ја бранам толку мегутоа мене лично ми се допага серијата,а на кој не му се допага немора да ја гледа.ако некому не му изгледа за реална мене ми изгледа за реална,сепак тоа си е личен став...впрочем неможе луге мои во една серија што трае долго 200 епизоди пример,да биде се реално,мора да се додаваат некои работи за да има повеке заплети и биде интересна.едно девојче пиша погоре дека била направена според вистинита приказна,значи сепак има некоја реалност во неа.. може малце ке бидам офф топик,(следново не се однесува за серијата да не помисли некој дека сум заљубена во неа,се однесува генерално)мегутоа мене лично шо ми смета е онаа потреба на лугето од критикување на се живо и диво.дали било серија,филм,музика,дали било наше македонско производство или странско без разлика.само да се критикува и напага.изгледа лугето сметаат дека ако критикуваат ке изгледаат попаметни пред другите.пр-"го гледав филмот е катастрофа;не слушам таква музика тоа е шунд;серијата не вреди ни 5 пари;книгата не е нешто посебно"итн итн..па луге мои ако знаете подобро седнете напишете книга,направете серија,создадете музика,напишите сценарио за добар филм..еее,ама да беше така лесно нели лесно е да се критикува е тешко е да се создаде нешто. не велам јас дека се што ке се створи и создаде е добро,таман работа,ама и тоа што е добро лугето гледат само како да го оцрнат.пример колку добри македонски филмови имаме'прашина" "пред дождот" "сенки" итн,a коментарите на повекето кога ке искочи наш филм се"еј не чини филмот,нема везе,нереално е преставено"и сл.шо да не се бољи оние америчките филмови кај шо се бркаат неколку души се пукаат цело време и на крај главниот лик ке ги испотепа сите лесно е да се критикува и биде песимистичко-критички настроен кон се,ама зарем не е подобро да се препознаат и најдат и добрите работи,извлечат добрите страни од едно дело,творба.впрочем ако знаете подобро тогаш создадете нешто па чекајте критики
леле ја скратија серијата ајааа заради овие а1 глупаци ко божем гајле ми е дали имаат полиција или не
бела коса+црни веѓи+сиви мустаќи=АЛИРИЗА омг зар ја даваат репризата од некни ? ами вчерашната епизода?
Ја гледам серијава, понекогаш кога си доаѓам од тренинг изморена, па седни на фотеља, неспособна за друга работа, и коментирам. А плус и дедо ме вика Неџла, како да не гледам. Доброто е тоа што не се обрнува толку внимание на сексот, алкохолот, проституцијата, дрогата, etc, etc, како во америчките филмови. Ама...сега, се обрнува внимание на строгоста во семејството и како децата во семејството иако се полнолетни и способни за избор и одлуки, тие мора да го почитуваат зборот на татка си, како тој да знае најдобро, не дека не знае, ама... Јор виш ис мај команд, буквално. Не дека сум против тоа децата да ги слушаат родителите, ама овие во серијава се поради истата таа причина неиживеани, неспособни, инвалиди...Па и тој татко им, не им дозволува да живеат, отиди на предавање, до продавница, кажи му кај ќе одиш, и во точно 12:00 часот да се вратиш, да не те мислат. Не дека ние не ги слушаме нашите родители, и не ги почитуваме, ама ова е претерано, тој ќе почине, потоа како тие ќе се снаоѓаат во животот, кога се онеспособени? Научени друг да размислува наместо нив?? Премногу ги контролираат, и баш затоа им се случуваат такви работи, нели на кучето кога ќе му го извадиш синџирот, рипа, збеснува...Иако сето ова е само едно сценарио.
Само што дознав дека.. Spoiler Фикрет уствари целиов филм го раскажува од затвор, бидејќи несакајќи ја бутнала Џеврие - оваа умрела, па ја обвиниле Фикрет за тоа Колку е точно незнам
можеби ќе бидам оф топик но имам другарка која одеше со двајца браќа, па би рекла дека постојат и во реалноста некои слични случаеви
Ова беше во Дневник, информацијава била директно од Истанбул, и е 100% точна по се изгледа. Многу ми е жал за сите
Пред "1001ноќ" во далечната "Индија" "Кога лисјата паѓаат" "Во долината на волците" се слушаше "Плачот на виолината" и таму во "Имотот на дамата" беше заробена робинката "Бандини" која рече збогум засекогаш на "Љубовта и омразата" но дојдоа "Малечката невеста" и "Ѓумуш" и ја ослободија и таа им рече да бидат внимателни бидејќи секогаш постои "Горка љубов".
Серијава ја гледам кога можам, добра е за опуштање, интересна е. За разлика од шпанскиве и индискиве серии многу е пореална и има многу сличности со животот кај нас. Можеби е малку претерано со сите тие лоши настани што му се случуваат на семејството, ама тоа се работи кои се случуваат во реалниот живот за жал..
Fikret ke ja ubie Dzevrie?!Bas ic ne mi lici na takva,a kako ke ja ubie nesto detalno znaete za toa??