да работеше тогас во бар ама попосле пак ќе работи во некоја кафана,гледав на youtube како она ќе работи на шанк и во тој момент ќе влезат хаирие и лејла и ќе ја видат неџла
Другарка ми ја има и во училиште баш го читавме крајот. Spoiler Нема везе дека Фикрет ќе заврши во затвор. На крајот од книгата се зборува како Али Риза е во болница и Хајрие ќе го навреди многу со зборовите "Ти си виновен за се што се случи во семејството). И го молеше Лејла да се врати дома зш она и била најмила и најдобра ќерка. И Алириза ќе си замине од куќата и ке оди кај Фикрет. Фикрет ке му биде слугинка на Таксин, и со нив живее со сестрата на Таксин која во филмот ја нема, и со Џеврие. Потоа Али Риза се враќа дома и ги гледа Хајрие и Лејла во скапи облеки, живеат во апартманот на Лејла кој очигледно ќе и го купи адвокатот.
таксин кје ја вара фикрет..алириза кје онеми (ваљда така се пишува)..лејла пак кје биде со огус..седеф кје стане позната..а ферхунде мислам дека кје се омажи за левент,но асли цело време кје се обдува да им го расипе бракот.
Романот со серијата нема везе, серијата е малце сменета.. Мислам како може Фикрет да му биде слугинка на Таксин , сега жена по два месеци слугинка.. хаха секако НЕ... Читајте си ја книгата, ама не очекувајте крајот на серијата да е ист со книгата * А иначе, многу ми е смешна Џеврие кога и раскажува на Нуниш .... И кога и рече вчера (кога ја искраќаше) : - Ајјј Нуниш срцка... ќе се помочав од смеење
Аххх оваа Хајрије како ме изнервира денес... Гордост па гордост...Па човекот си има гордост многу нормално и прави се за семејството..Се гледа само колку му е тешко!Па и тој смотан си замина во другата соба..Аххх Хајрије ќе те замразам! Него му доаѓа тешко,неможе фамилијата да ја гледа,да зема пари од синот... Шефкет срцка!Колку ми е само мил...Дали нешто ќе се деси меѓу него и Седеф,знае некој?? Ајде што ќе бидне Лејла и тој (како ли се викаше ) Намзии???
Мимс, изгледа девојката е од Струмица, таму така велат А на темава, не знам што ќе се случува понатаму, сите имаат различни верзии
Ја ко што знам нема да се земат Ферхунде и Левент, он ќе дознае нешо каква е пред да се земат и она ќе биде со еден дебел стар после мажена
Ова ако го прочита Ози ќе има ќотек за мене! ^^ Дај боже така да е ,да не се земат Левент и Ферхунде,ич не сакам да се заедно,таа не заслужува да е среќна!!Сплеткарош невиден е !
како што јас знам Шефкет ќе останал со Седеф, Лејла со Огуз, Џем ќе умре, Ферхунде со Јан но ќе видиме, сите имаме различни верзии инаку оваа Хајрие почна многу да не нервира А пред 2-3 дена на А1 ексклузив даваа дека Ферхунде и Али Риза во приватниот живот биле често заедно, оделе на вечери си пееле увце на увце и се мисли дека има нешто помеѓу нив И кажаа баш дека во Турција ќе завршела серијата пред нова година (ако не се лажам) а кај нас подоцна-Јануари, Февруари
Јас знам дека Лејла и Назми ќе се верат ама ќе се дознае за минатото на Лејла (мислам и Ферхунде некако ќе придонесе за тоа ) и родителиве од Назми нема да го дозволат неговиот брак со Лејла. Таа ќе остане со Огуз (ќе се смират откако ќе дознае дека тој и помогнал за работава сеа шо ќе ја има) Ферхунде ќе ги види заедно и ќе ги слика на моб и ќе и ја прати сликата на Неџла и пак ќе се скараат со Лејла, иначе Лејла ќе му роди дете на Огуз ама при крај на серијата ќе го застрела некој и ќе умре. Шефкет ќе биде едно време со Седеф ама таа друг ќе си најде и ќе замине Италија на студии мислам. Со други зборови убаво ќе го зезне. Тој ќе сака да и предложи брак ама ќе ја види со овој новиов и ќе се откаже. Иначе и мене почна оваа Хајрие на нерви да ми оди уффф да сум ја на местото од Али Риза нема да сум толку љубезна ако некој знае уше нешо нека пише
не само затоа туку и затоа што ќе ја купи куќава од овие пошо пак ќе заглават и ќе мора да ја продадат и оваа на некој начин ќе ги избрка од куќата демек ќе им се одмазди.
Таа ќе си најде друг??? После толку цмиздрење и лигавење таа ќе си најде друг!?!?Боже мили нека замине уште сега да не ја гледам.Цццц а што се му прави,па порака,па бега како мало дете!!!