Zначи поентата ми беше да кажам дека во денешно време не се почитуваат традиционалните вредности,тие се губат во модерниот начин на живот,па реков бидејќи е традиционален човекот и многу добар му се растри семејството,неможејќи да се справи со модерното време.и реков дека тоа и фали на младите, строгост, а за жал ја нема,па така тешко е покрај мнозинството модерни фамилии да опстанат помалиот број.нема ништо контрадикторно!
Е па ете човекот од што беше толку строг, што направи??? Децата од што беа неизживеани, од што невиделе ништо во животот на првата пречка се сопнаа...
Dобро за оваа донекаде имаш право и јас имам замерка дека сепак ако не друго можеше да ги пушта да илегуваат,ама и тоа не оправдување за таквото понашање,така да и тоа што другите деца се премногу преизживеани прават секакви глупости,дури се и бетер,така да јас сум сепак за по строго воспитување отколку за полиберално,сепак треба да се има граници во животот.верувај зборувам од искуство,се ќе му дадеш на детето а тоа ќе те уништи.добра е серијата,дете ќе те подигне ама дете и ќе те закопа!
За серијава имаше цели две страни во весникот Шпиц пишуваше дека е најгледана серија во Турција и дури кога имало некое првенство во фудбал никој не го гледал сите со нетрпение ја очекувале серијата до тогаш такво нешто не случило во Турција, филмот да биде поважен од фудбалот. Се смета за една од најдобрите турски серии и далеку поубава од Шеќерезад и некоја друга турска серија Бисер, како едни од најгледаните серии во Турција. Колку што ми остана во меморија пишуваше дека Фикрет ќе се омажи за вдовец со три деца и тоа нели се случи и ќе роди дете негово, Ферхунде ќе го намести Шефкет да ограби банка и тој ќе оди во затвор, Џејда е трудна од Огуст, за Неџла пишуваше дека ќе и умре мажот но кој маж ќе биде тоа не беше наведено повеќето пишуваше општо за серијата колку награди добила кои ликови добиле награди како што и кажуваат на А1 и имаше дека серијата е правена според истоимениот роман но романот е далеку поразличен тука таткото не е главна улога како сега во филмот столбот на семејството и повеќето од турскиот народ не биле задоволни што серијата е различна од романот. Филмот е прекрасен премногу убав и многу поучен и несреќите на семејството нема да завршат се додека не падне и последниот лист сигурно се мисли тоа на Ајше многу сакам да знам што ќе се случи понатаму ако некој знае нешто нека раскаже сигурно има некој што ја има гледано
Ај да ве прашам вас фановите на серијата како да ја најдам насловната песна на филмов. Има едно музиче што иде за време на филмов и мислам дека е од насловната, ама не сум баш сигурна Не сум гледала ни една епизода, ама тоа музичето ми влезе во глава и не можам да го најдам.
^Би требало некоја од овие две да бараш http://www.youtube.com/watch?v=O0TC8PnyQ5Q http://www.youtube.com/watch?v=9eXdgGPgfjk
Таткото само сакаше подобро за своите деца да му овозможи услови да се школуваат и нормално да живеат но децата тоа го злоупотребија сепак Истамбул е голем град ризично е да се живее во таков метеж. Алириза премногу го штитеше своето семејство затоа такви нешта се случија децата не беа подготвени да се соочат со реалноста не е тоа до неизживеани или преголемата строгоност на таткото тоа беше голем предизвик за нив промена на средина и нов живот е тука е она модерното што денешната младина подобрата иднина ја гледа во богатството и сонот за подобар живот огуст за сестрите е принцот на белиот коњ како секоја девојка што сонува убав богат шармантен знае како да ти влезе под кожа а уствари незнаеш што се крие зад таков човек ако ја следите серијата убаво љубомората е на прво место меѓу децата особено меѓу Неџла и Лејла и исто така ако ја гледавте епизодата кога Алириза појде во фирмата на Огуст да го предупреди за Лејла му го кажа ова јас премногу го штитев моето семејство од вакви како тебе и не успеав да го заштитам јас и сум татко на Лејла таа е моја керќа внимавај да не ја повредиш е тука е поради тоа што премногу ги штител и не ги научил дека такви луѓе како Огуст се штетни за околината се случи она тоа што најмногу го мразиш на главата ти иде а сето тоа пак се случи од отсуство на блискот помеѓу родители и децата иако филмот изгледа модернизиран сепак присутни се елементи на некогашниот живот во Турција и нивната култура и традиција е тоа го прави филмот да биде интересен таткото е најмалку тој што треба да се осуди тој го сака најдоброто за нив беше строг во нивна корист но тие не знаеа тоа да го ценат
Можете да ја гледате на http://www.vbox7.com ја има на бугарски синхронизирана ги има сите епизоди уствари секој ден прикачуваат нови пишете во полето трси ЛИСТОПАД и ќе излезат клиповите. поздрав
Јас ја гледам серијава, кога имам време, но гледам да не ја пропуштам бидејќи е навистина поучна и интересна серија. Посебно ми се допаѓа музиката. Инаку не знам дали смее, но сепак јас ќе си одговорам за мојата грешка, еве линк, доколку сакате да ја симнете музиката од серијата. Spoiler http://www.megaupload.com/?d=RR0NSBYN
И јас редовно ја гледам,преубава е и многу поучна и интересна Многу ми се допаѓа кога ја гледам домашната атмосфера во едно традиционално семејство.Ама многу касно завршува,дури 11 и нешто,понекогаш и во пол,па затоа немам време домашно да напишам