Јас мислам дека Неџла не го ни сака Џем какво лице му прави алал да и е... Вика дека не дека немала каде да оди туку едноставно сакала да биде со него.. Да не и ги отвореа очите нејзините и да не и покажеа која е нејзината реалност без Џем уште ке си беше храбра и немаше да му се врати...
Лејла и Неџла не се трпат веќе. Ни едната ни другата во ниту едно нешто не постапија правилно. Ех до која мера значи може да оди алчноста и љубомората. Ова е од премногу строго што ги држеја сега кога се опуштија незнаеја на каде тераат како бесни кобили. Лејла нависта најмногу претрпи но тоа не и даде поука во животот. Она што двете го направија остави дамка во нивните животи и не се бриши тоа на секаде ги прогонува. Неџла наместо да се сврти кон сопругот и да си го одржи бракот опседната е со Лејла и Огус.Уште кога ја доби пораката со сликата ако толку е заљубена во Џем намаше онака да реагира како неа да и е многу гајле па за семејството. Онака изгледа како со Џем да е од што нема со кого да биди бидејќи никој нема да ја сака кога ќе ја дознае вистината што си направиле со Лејла и најманогу од финсиски аспект бидејќи онаков раскош лесно не и се напушта. Лејла исто така кој би ја зел за жена со онакво минато освен Огус кој си поигрува пак со неа. А онаа Седеф пак што незнае да си ја затни устата само проблеми прави. Таа е виновна што Огус и Неџла се запознаа, сега пак на Лејла и кажа за роденденот. Може несвесно го прави тоа но ме нервира што секаде се пика. А Фикрет незнам зошто ја напаѓате, таа неможе да крене глава од проблемите дома. Бидејќи не сакаше да биде сведок на сите настани се омажи со Таксин мисејќи дека ќе најде спокој, но од Џеврие нема спас. Од онолку проблеми ќе незнаеш главата каде тие ќе се спобудалиш. Уште тоа и фали Таксин да ја изневерува покрај онакви проблеми. Луѓе хаос е филмов
Истото мислење го делиме со миличка19.Ептен се смени текот на филмот.Само од проблем во проблем влегуваат.
Ја пратам серијава не велам не, но некако ми станува досадна. Истите караници, Лејла Неџла, Џеврие Фикрет...истите проблеми ги имаат, никако да ги решат. Но сепак, Кога лисјата паѓаат го отсликуваат секојдневието, животот на обичниот човек, со сите негови проблеми. Беа вистинско семејство кое се раздели. Веќе ретко кој е искрен во серијата. Сепак ќе ја изгледам до крај, сакам убаво да ги испратам сите случувања, иако го знам крајоот!
Цццццц оваа Лејла што и направи на Неџла еллеле бре сестри се како можат тоа една на друга да си го прават особено Лејла... Но сепак ќе го гледам морам да видам што ќе се случи понатаму
да го сака...па јас маж ми да го мразам па нема така да му правам. И доста ја правдате Неџла, ќе видите на крај како таа самата Spoiler ќе се кае за се што направила, ќе сфати каков маж имала итн
Aбе а кој може да и забрани ќе си излегува кај сака...шо ем Неџла со маж и избега па уше оваа да и се тресе. Инаку мене и двеве не ми се тачни еееејјј сестри очи ќе си ископаат. И ај Неџла нека не се опседнува со Огуз и Лејла туку нека си го гледа Џем ако е толку фина. Инаку приметив дека филмов ептен ме набива со негативна енергија во последно време, ама ради маж ми мора да го гледам т.е. слушам
Како мислиш, ќе сфати каков маж имала? Што ќе се случи, баш ме инетересира? И уште нешто, како се вика вистински Левент?
Nihat Alptug Altinkaya е вистинското име на Левент а да, да инаку Неџла Spoiler ќе се мажи после смртта на Џем со еден Али од когo ќе остане и трудна на крај баш дознава пред разводот со него. Тој ќе се сплетка со Ферхунде и никад нема да и биде ко шо и беше со Џем и само ќе му оди на гробот и ќе цмиздри
Туу бре цела епизода чекав и на крај го дадоа само на 10 секунди Ај у понеделник А зашто на крај на епизодава рекоа во вторник ќе гледате... Заштоо во вторник? знае некој?? Што ќе има во понеделник? Или грешно да не ми се слушнало?
Ептен ми беше смешно кога Ферхунде зборуваше со Мидхад на телефон а Левент влезе на свадбата Мидхад е нејзината реалност и иднина а каков пастув пропушти лелеееее Инаку гледав неколку епизоди на јутуб и баш сакам да знам што ке биде со Ферхунде и Мидхад зошто Spoiler на крајот Ферхунде беше сама во куќата, цела испразнета и плачеше.. да не умрел и Мидхад па куќата на неа останала???