Хаххаххах, геота Ама и Седеф каква е со тоа марулата на глава ццц Неџла тешка глупача, она е светица нели....?
За се' ова го обвинувам само Али РизЛа. Мечката уште сака да го молат. Друг може да прости, само тој не. На Неџла и го прости тоа што избега со мажот на другата ќерка, на Шефкет му прости крадење. А Лејла што направи толку страшно? Се знае дека е ментална и тој кога дозна наместо да фати да ја размлати убаво, тој ја остави со него. Онаа па Фикретка се по татко и, и да е крив и да не е, нема врска, она ко слеп за стап се фатила за него. Хајрие може алапачи многу, ама жената си е во право. И која и е поентата на Ферхунде? Не знае таа жена за доста.
ама сите како да заборавивте каква глупачка е лејла? и го зеде дечкото на другарката од факултет,со него направи несреќа во која загина човек,малку и беше тоа па и се измеша на неџла во врската.а таа кутрата не и кажа колку огус ја сака за да не ја разочара,нели тој и изјави љубов пред да се жени со лејла? и потоа сфати колку го сакала и си го врати назад,па тој беше нејзин дечко.и не се занесува како лејла кога ги понижуваше барајќи пари од нив ( демек немала ситни ),таа само со крупни работи.убаво и врати неџла,мило за драго.
aj pretty-please доста ја браните Неџла. Едно е да земеш дечко со кој и онака си немал ништо, а сосема друго маж. Разликата факт е дека постои. Лејла е наивна, секој успева да ја освои ама не е злонамерна, секад им давала пари на нејзините а Неџла госпоѓа стана и сега само оди да им се кара зашо зборат со сестра и и да ги полни со горчина а иначе ги избегава при прва прилика, ако е толку добра, шо не ги пуштеше да живеат кај нив дома или да им земат и нив стан, пошо она ни е најбогата...не не, поубаво и е во бунди да им се шета да им се прчи на нејзините кои немаат кров над глава, да не заборавам дека и го спаси животот на Неџла, а оваа неблагодарнава како и враќа. Па сестра ти е во болница шо ти е на тебе алооо...Мислам доволна е паралелава - Лејла ги замоли да се смират со Неџла демек греота била на улица да седи, а оваа се буни зашо ја посетиле у болница. Неџла си ги скара родителите еееј мислеше нешо ќе и направи татко и на Лејла, глупачка продава лажен морал. А Лејла се смири со бившиот значи, аууууууууу голем грев направила. Еве и ако е така, сега Неџла не прави грешка? Како го зјапа Огуз у секоја прилика уше у скут да му седне и тоа не е убаво...А како што реков погоре Неџла и самата на крај Spoiler ќе си ги увидува ОГРОМНИТЕ ГРЕШКИ кои ги има направено и ќе се кае како куче како шо би рекла Хајрие . Аууу колку ми е мило Ферхунде што ќе и го растури вториов брак мх мх Да ми беше Лејла сестра, ќе и простев пошо нишо не сум имала со типот и онака, ќе биде тешко, ама сестра ми е бе ќе се потрудам да ја поддржам. А да имав сестра која ќе направеше нешто толку подло како Неџла, жими се ќе ја претепав или ќе најмев неколку батки да ја “нашминкаат“ да ја видам после Мислам на Џем (добротата од човек ) кога успеа да му се качи на глава и по малку да почнува да не ја поднесува неа и нејзините постапки, шо да кажам за другите. A Ферхунде ми е најпаметното суштество во серијава и ако им е на алиризовци за она кое ги чека (клоцата и низ врата ) A за Фикрет шо да речам...“безгрешната“ учителка. со маж и како со учениче да се понаша, па кој со мажот така се понаша, многу слобода си дозволува тоа грдоно . Па мислам како нема да ја Spoiler извара
Ех сега па и ти. Чисти глупости, заради тоа што тие две се плитки во паметот некој друг им е крив! Секогаш кривецот е некој друг. Ма цела серија излезе од контрола, многу се змрсија работите. Се можеше да почне да тече по некој нормален тек, ама сапуница си е сапуница. Така лошо и ќе заврши. Се помалку и помалку гледам по некоја позитивна, весела работа. Депресии, плачики, расправии.. . Дури не ја ни гледам серијата веќе со некое посебно внимание и посебен интерес.
Да бе, се прави светица-лигавица пред сите а оп-троп у кола му се пикна на огуз. абе пешки ќе одам цел ден боље...мене да ми понуди некој превоз, па ја ќе се помочам од страв
неџла барем не уби човек како сестра и.и таа им го плаќаше долгот кон банката,за разлика од оваа глупавава шо ги мамеше со ситници од париз.и сама призна дека е со огуз за да и се одмазди на неџла.така да можеби и неџла не е светица ама оваа е стварно глупава.да одиш со некој што те силувал само за да се одмаздиш? па 2 грама мозок нема.
Лелеее бре ме изнасмеавте Освен глупачка, во постовите ништо друго не забележав Ха, Неџла глупачка...а онаа Лејла пак уште поголема глупачка.... Глупачка.... Е да сте ми здрави и живи, во ваков депресивен период ме изнасмеавте. И да не бидам офф, морам да кажам дека овој Али Риза е глупак (ама најозбилно), волкав дибек како некој забеган е, само морал, морал, морал... а ништо добро не видоа сите од неговиот наводен морал. Одма се навредува, некој да се искашла он ќе ги натопи очите, ќе си поголтне и ќе се навреди, во краен случај и ќе си замине со куферчето.
Ни Лејла, ни Неџла... Ферхунде е без конкуренција, не може никој на малото прсте да и` се фати... Амбициозна, горда, бескомпромисна... Ако нешто науми, тогаш порано или подоцна ќе го оствари тоа... Е тоа ти е жена, а не овие двете што очи си вадат една со друга...
Лејла е навистина во право, таа сака да си ги среди работите со единствениот маж во нејзиниот живот и нејзина љубов, кој иако многу ја повреди тој и ќе ја излечи. Убаво си кажа Лејла, со Огуз е барем зашто го сака, а не како сестра и Неџла која од километар се приметува дека не го сака Џем, само плука по сестра си и Огуз, а во суштина и е криво што се заедно, и што Огуз веќе не паѓа на нејзе, место да биде среќна што ја прибраа и Лејла што и прости една толку непростива работа, простете ама така е, ставете се на место на Лејла. Ќе се поткачат малку со Џем, ајде куферчињата и да ја нема, ќе си одела жената, сака некој да ја преколнува да не си оди, ама и Џем веќе не паѓа на нејзе.
Лејла го сака Огус????????? Ахахахахахахахаххахах, ова е нешто најсмешно што го прочитав досега. Па таа е со него заради одмазда и самата го кажа тоа
Лејла и Огуз се сакаат, имаат интерес и двјацата со тоа што се заедно, сакаат да се одмаздат но на крај се сакаат и тоа се гледа. Оноа Али Риза телебатисот стварно неможам да го смислам. Мада Spoiler жал ми е што ке умре. Нејсе, сите забегаа во серијава. Неџла сакам да ја претепам(таа е жив доказ дека парите навистина го менуваат човек) се дигнала госпоЖата па уште се дрзнува да и суди и да и се понаша на мајка и што оваа си отишла кај болната ќерка. Абе ајде... А заборави дека заради Лејла се врати дома. Глупача! А она Шефкетон леле и него сакам да го тепам. (нема да навлагам во коментирање на неговиот лик и дело зошто го делам мислењето со сите тука за него ) Најслатки ми се Нехир и мужето и А за Хајрие многу ми е жал, ја пукнаа жената сите се попаметни од неа, сите и судат а таа кутрата само трча по секое пропаднато нејзино дете и по Али Риза што е само кинисан некаде со тоа куферчето. Леле не ми се верува дека ме напна серија, па се распишував на долго и широко најдобро ми е да прекинам.
Ми текна на моментот, кога Таксин кажа дека Фикрет е трудна...и погледот на Алириза искрено мислев ќе рече...Ќерко..па ти се ****.... и пак ќе паднеше во депресија...како тоа може неговата ќерка да спие со сопствениот маж У секој случај...добро изреагира г-дин Висок морал (алириза )