нема да лежи сега Шефкет во затвор. Има време. Spoiler Ова сега го прават за да го намамат Огуз повторно да соработѕува со мафија. Кога Огуз ќе сака да се тргне ќе му се заканат дека ќе му го убијат синот и он тогаш ќе го убие мафиозото. Бидејки лејла ќе биде бремена, Шефкет ке оди во затвор си зборовите: Јас немам никој а на твоето дете му требаат двајцата родители.
А овој истиот ли е глумец на Митхад или друг е? Инаку вакви останаа кога ферхунде им ја отвори вратата. Само мислам дека таа нема да каже дека сега е жена на Митхад, нели имаше сцена како ја тепа Шевкет. Сигурно не би го правел тоа да знае. Незнам ќе видиме утре.
Леле Митхат си избричил бркче , да може да се бацне со Ферхунде хахха каков младич е без бркот се за љубав, се за Ферхунде
Погрешно си разбрала. Глумците кои ги синхронизираат гласовите на Али Риза, Шефкет и Фикрет преминале во Сител.
Боа , затоа коа прикажаа делови од утрешната епизода , други збореа . Се збунив јас ама ете тоа било Многу глупо бе , а се навикнав на гласовите па дури и на пискавиот на Седеф
Ах се подмлади Митхат за Ферхунде Ко да не е истиот... Леле а Текин-ови вакви беа сите кога ја видоа на врата.... Утре ќе биде забавно за гледање
На Сител нема да се емитува како што кажаа, само луѓето од А1 отишле во Сител. Инаку на некоја недела ќе почнат Лисјата на Хајат и јас таму ќе си ги гледам од почеток (бидејќи на А1 не ја гледав првата сезона) и плус на турски ќе си зборат како што си е оригинално.
Уста ти цутила дај Боже. Оноа одвратниот глас не можам да го слушам. Инаку што се однесува до синхронизација, на Али Риза, Хајрие и на Ферхунде ми се најпогодени гласовите, секоја чест. Повеќето од останатите пискавици само не потценуваат како гледачи
Ааааааааа неее! Шоубаво си се навикнав на гласовите , нема да биде исто. btw не очекував Ферхунде да олку далеку да стигне, која и беше целта што се омажи со Мидхад, на почетокот ми беше омилен лик ама сега почнува да ме разочарува.
неее не ги сакам овие гласови, на Џем најгрд ми е гласот иначе овој Огус нешто многу убав во оваа епизода
Не знаев дека има промена во програмата на А1 и не ја гледав целата епизода, ама најинтересното го фатив. И мене ич не ми се допаѓаат овие новиве гласови, се навикнавме на претходните. А во следната епизода Ферхунде ќе ја згази Фикрет или така ми се чини? Ќе го изгуби бебето оваа или?
и така веќе почна,требаше Шефќет убаво да и ја здрви една и на другиот образ.. што не направи, и на што уште не е спремна... Ако го изгуби Фикрет бебето ради неа....
Леле гласот на Али Риза е за никаде. Многу е одвратен. А овој Митхад како да почна да сваќа нешто, сите му зборуваат лошо за Ферхунде и се подзамисли човекот. Сега и Лејла ќе каже се во врска со неа, па ќе видиме што понатаму.