Еве, јас ќе продолжам. Spoiler Значи, Шефкет ја виде Седеф како разговара со оној братот на невестата кај што беше Седеф на свадба. Тој и даде подарок и Седеф беше целата среќна и насмеана. Тоа го разочара Шефкет. Инаку, тој за подарок и имаше купено прстен, ама не и го даде. Разочаран си отиде дома и се согласи да оди кај Неџла на прослава. Додека се спремаше Хајрие влезе кај него в соба за да открие зошто не излегува со Седеф на роденден. Тогаш случајно го наоѓа прстенот и така завршува. Таксин и Фикрет гледаа соба за бебето, ама им се гледаа скапи, па решија да земат порачана. И тоа беше отприлика.
Леле аман веќе овој Шефкет глупав,глупав човек , поглупав нема на светов! ми се плаче од нервоза оти е толку глупав!
Утре ќе умре Џем, колку беше жално само тоа што го прикажаа на шпицата што ќе гледаме утре. Јас за утре ќе си купам еден куп марамчиња бидејќи ептем ќе биде тажна епизодата.
Леле баш тоа не го видов( Што ќе гледаме утре) ммм не сакам да умре Џем, леле да го избркам маж ми од дома додека е Лисјата бидејки и јас сум голема плачка
Леле утре ќе е жално Spoiler А Неџла како што гледав ќе живее со на Џем мајка му и татко му и има една сцена што гледав на интернет Неџла е со Али тој ја испраќа и ќе се банат пред куќата и тато му на Џем ќе ги види А знач оној шутракот Шефќет неможам да го поднесам
колку ми беше жално како што сфатив Џем ќе биде во болница, во кома или така нешто??? Хајрие неможам да ја поднесам леле луѓе колку е проста!!
убаво и го спушти мидхат на ферхунде.. и покажа кај и е местото .. мислеше со него ќе може како сака.. а фустанчињата што ги имаше купено ферхунде преубави беа инаку за џем ми е мн жал..