мене ми е жал за цела фамилија поготово кога ќе ја слушнам Хајрие како кука и плаче баш ми се здожалува душата, си викам што таксират ги спотера...
Леле многу ми е жал за Џем, греота, ни крив ни должен, он ке си плати за се. Утре ке има плачење Шефкет би го давела со голи раце. А онаа Хајрие, бетер од Џеврие стана, луда жена бре! И најпосле Браво за Митхад, конечно некој да и покаже на Ѕверхунде кај и е местото!
Се откажувам веќе, не го гледам.. почна на живци да ми оди.. Па филм како филм треба да има и подеми и падови.. а што е ова само кукање, карање, плачење.. Само да ги жали човек, не можам да се насмеам... и Џеврие скоро секогаш ме нервира со тие невкусни шеги xD
Леле неможам да го поднесам уф. А Џем жален ама мислам дури петок ќе е погребот ќе го пожалиме и утре
Ооооо секоја чест на Митхад, како само ја заќути Ѕверхунде. Па ќе се правда после, еј не видов колку е саат, доцна е
Опаа, браво за Митхат. Се најде некој што и го покажа местото. Мене па за Шефкет ми е жал иако е толку крив. Ама сепак стварно е најкрив за се, а никој на него не му префрла. Само Неџла и Лејла ги малтретираат, а Шефкет мамино синче, цвеќе за мирисање.
Џем, мојот лик од серијата? Мојот пример како би требало да изгледа едно момче со изграден карактер, со посебен изграден однос спрема жена, семејство, кариера, пријатели...Навистина не ми е јасно како можеше да влезе во дувлото на лудава фамилија, што се нив само нешто им прават. Лудава пак Хајрие ми планинари по живци. Се нив некој им прави, се тие ништо не заслужуваат. Се што им се случи самите тие си направија, никој не им е крив. Пати од комплеки, и како да едвај чека само ќерките да и бидат омажени. Не гледа во која социјална средина живее. Проста и ограничена.
Ферхунде му чепкаше во новчаник и дозна дека Митхад му дал пари на Огуз и се скараа, си ја зема ташната и клучевите, демек ќе одела кај Гилшен, Митхад и рече дека тој не е нуту Шефкет ниту нејзиниот поранешен маж, и рече дека таа е мажена жена , дека кај него нема туку така искачања и дека ако жена му сврти грб никогаш повеќе нема да ја прими назад, си се качи горе а оваа како попче по него, се извади демек не видела колку е саат и дека е касно за излегување, да не ја вознемирувала Гилшен толку доцна. Spoiler Едит-ја гледав на you tube, епизодата со погребот на Џем и се утепав од плачење посентименталните нека ја скокнат денешнава епизода.
Епизодата со смртта на Џем - најтажна и една од најинтересните епизоди во целата серија. И онака веќе ја гледам од досада. Како што тргна А1 телевизија со кратењето на епизодите ќе треба луѓето во Македонија да ја гледаат 100 години... се губи ефектот... Точно дека во Турција се емитувала 4 години, но никој претходно немал сигурни податоци за продолжетоците, а сега преку Интернет и списанија народот е запознаен со се' она што следува понатаму. Каква е целта со ваквото должење? Бљак. Мој предлог: понеделник - недела ''Кога лисјата паѓаат'' по една оригинална епизода (околу 60 минути мислам дека е) и ќе видиме како ќе заврши ако не порано, барем до почетокот на летото, сигурно.
Лелеее колку ми е жал, ептен некако се соживеав со Џем Па стварно го претераа што умре, од депресивна по депресивна е серијава.... Душичка...
Јас во понеделник несакам никој околу мене, ќе се затворам во собата кај другиот телевизор и ќе си плачам на раат Него, кој беше тоа на крајот со Огуз што се гушкаше?