Многу тешко да заплачам ама си се потеков од плачење сега ..... леле тажно аууу многу глупаво ми испадна ептееен .Знаев дека ќе умре па се потеков од плачење а што ќе беше да не знаев.... Кога станав одам до тоалет се погледнувам во огледало што ќе видам бев како некој да ме тепал 3 дена .Многу добро глумат последната сцена . Штета баш штета....
Значи да можам во тв ке влезам, само за да ја задавам онаа Ѕверхунде! Се заради нејзе се случува. Само се молам да не ми се приближат никогаш во животот, луѓе како неа! Полоша е и од ѓавол. Секако таква и е улогата, ама неможам да ја поднесам.
Ауу го разгледав ова набрзина и го исплакав воедно, во понеделник си купувам кутија палома и седнувам да ги гледам лисјата
и јас ја гледав на бугарски :'( :'( :'( стварно тажно, ама колку што ми беше жал толку и се смеев. Али Риза на Неџла: Њама да пускам раката ти Џејда на Ферхунде: Ти ме накара, стига глупости
Мислам дека никад више нема да се жалам на нашава синхронизација! Па нашата е премија за бугарскана, пола гласови се слушаат во позадина правилните а врз нив синхронизацијата. Одвратно!
Нашите се измислени не само за овие туку и за останатите синхронизации во 95% . Мене лично многу повеќе ми се допаѓа што е синхронизирана турскиот јазик не ми е баш ... Па најверојатно и немаше да ја гледам . Аман веќе од коментарите леле смешни се вака така и тоа не е лесно но за нашата кога ќе кажат нешто лошо навистина не можам да разберам погодени им се и гласовите и со чуства внесуваат баш ја доловуваат ситуацијата како што треба од смеење до плачење од карање до радости за екипата која стои зад тоа .... Само ме изнервираа што ги сменија гласовите на Шефкет Фикрет а посебно Господинот Али Риза
Значи смешен е воопшто јазикот, а не дека се смешни гласовите, па ајде одма аман заман! Стига глупости!!
Ова е на Бугарски, на ова и мислев. Додека ја гледав на Бугарски неможев да се изнасмеам. За нашиве само гласот на Седеф да и го погодеа, другите се супер. Не смеам да кажам лош збор кога стварно се добри.
Ееее се разбравме јас си помислив за нашиве добро на некој и не им се допаѓа ама пуштете една епизода погледнете на турски даваат на Топ канал ли беше ? гарантирам нема да издржите ни 5 минути . Гласот на Али Риза страв да ве фати му грми гласот а не пак да се дере што е ретка појава ама страотна.
Најтажна - бидејќи од се' она што го имам гледано најмногу ме растрепери и некако беше доста оригинално направено. Не викам дека немало и други тажни сценички, но овој дел од серијата некако најмногу. Дури ни смртта на Али Риза во последнава епизода не ми беше толку тажна колку оваа. Најинтересна - бидејќи како што минуваат епизодите, сценариото станува се подосадно и подосадно. Оваа епизода беше светла точка во тунел.
А Кој го позајмува сега гласот од фикрет затоа што нели не е повеќе јелена жугиќ уште да и го погодеја хахахха
Амернис -жена му на Борјан Јовановски, еве ја а и игор џамбазов е катстрофа-поима нема,бранко беше закон