лелеее колку ме трогна епизодАва, ме тераше да се ставам на нивно место уфф на никој да не му се случи ова, цел филм плачев! знам дека не е вистина и неможев да се смирам ептен ме погоди!
Премногу трогателна епизода.. Незнам колку солзи пролеав ептен ми беше жал за Џем а посебно за Неџла што остана сама.. Плачеше сирота како луда а и јас со неа
Реприза утре во 15 и 30 мислам дека ја даваат. А епизодава стварно беше многу тажна, се изнаплакав за Џем, колку беше срце. А утре мајка му што уште нема да и каже на Неџла (камо ти да умреше место син ми) ц ц ц
Се изнаплакав најдобрите секогаш први умираат Вака во ова епизода се спремаја за погребот на Џем сите беа многу тажни дури и Лејла појде на погербот но не изрази сочуство на Неџла, Митхат беше на погребот, и Левент со сестра му Ханде. Огуз и Лејла се смирија. и.т.н. Утре ќе биди многу поинтересно.
Jaс намерно не гледав, за да не плакам А никој не знае дека Лејла и Огуз се смирија? (освен Седеф што ја виде како излегува од неговата кола)
И јас не плачев.... Како и обично што не плачам на филмови... Добро е што има и други како мене, за момент помислив дека сум изрод Сепак ми е жал за Џем што умре.... Навистина не заслужи човекот...
Па богами и ја би и го рекла истото. Она и таа нејзина луда фамилија и го умреа синот, јас ја разбирам жената совршено.
Неџла го умре или неговите. Па стално му вршеа притисок, му зборуваа против неа. Трбаше да се помират, ако сакат да комуницираат не требаше нон-стоп да му префрлуваат, а ако нејќат да ја гледат Неџла никој не ги тераше да и одат секој ден на гости и да ја навредуваат. Згрешила ама сега им е снаа, и јас колку што гледав она стално се трудеше да им погоди. А Џем да добие таков удар, а да беше совршено здрав и тоа само од веста за Шефкет и од тоа што татко му се изнавика некако не ми е за верување. Сеа у среијата не кажа тоа ама човекот и те како е имал некој проблем со срцето и оп сеа стрес и тоа е. А ако бараме вина јас би ја нашла само кај неговите. Тој притисок што му го правеа го пукнаа човекот. А Али ризовци они се досадни со нивните невољи и глупости ама освен веста со Шефкет, друго јас не се сеќавам дека му направија. И тоа што ќе и го каже Сузан на никој не се кажува, ти умри, цццц. Колку огорчени и луѓе полни со омраза постојат! Така е и кај нас на Балканот, за се снаата ти е крива!
На почеток од серијата, многу ја засакав, велејќи ете уште еден убав филм, кој ќе биде со реална содржина, баш она што може да се случи на секое семејство (преселби, барање работа, фамилијарни караници). Ама ова веќе излезе од контрола! Душичката да си ја стегаш додека го гледаш филмот...а бе ти иде да се нервираш Искрено баба ми притисокот го качува после секоја серија па се нервира жената богати... 1001 ноќ беше фантастична серија, имаше и отменост, и елеганција, и кавги, и несреќа....ама прекрасна серија беше. Оваа веќе ја претераа...катастрофа...нема една серија со весели мотиви, да не е Џеврие, ќе не може човек ни да се насмее...толку несреќа и депресивност, некаде немам гледано! Се откажувам од серијата~
Јасно и гласно, Ферхунде го умре Џем! А капак на тоа што го направи она, беа родителите на Џем. Како и да е зар је важно кој је крив, кога човекот веќе го нема. Ни крив ни должен си отиде. Греотка... :'(
Ниту една светла точка во филмот...па овие ќе не уплашат ,кога почна рековме-еве баш филм конечно,кој ќе ни го отслика секојдневието...ама стана претеризам,никогаш во животот никому не му е само лошо и лошо...секој ама баш секој има и светли и темни моменти тоа е јасно ко два и два,а со филмот шо сакаат да кажат незнам изгледа да прикажат што повеќе несреќи-интересно им било А Џем беше најарен и жално да заврши жртвата во целата приказна меѓу неџла и родителите негови испадна он а и ферхунде не е баш крива,пошто сите го јадеа од старт и неџла и родителите па и оној шефкет кој буквално е ВОЛ и ова приказната во весникот само ја прелеа чашата
1001 ноќ беше бајка во споребда со оваа серија. И кога ќе ја спредам сега дури и глупа ми беше 1001 ноќ. Мене интересни ми се лисјава луѓе, бар реална е што, за разлика што гледавме шпански серии до пред некоја година е тоа беше катастрофа во парвилна смисла на зборот. Ова е драма, има некои весели моменти но повеќето се тажни нормално. Што се откажувате од гледање па и вие, сега следуваат најинтересните моменти
Неџла е потресена од смртта на Џем. Сузан и Кемал не може да поверуваат дека синот не е веќе жив, а Сузан во бес ја обвинува Неџла дека таа ја предивзикала смртта на Џем. На погребот доаѓа и Митхат без Ферхунде да знае. Лејла оди скришно на погребот и не сака да го навлекува гневот на семејството. Џејда и се јавува на Ферхунде и ја обвинува дека и таа допринела за смртта на Џем зошто и кажувала работа на Неџла што не биле точно само за да и направи раздор во бракот. И Левент доаѓа на погребот и сите се изненадени кога го гледаат. Откако Џем е погребан, Неџла сака да се исели од куќата за да не дојде во конфликт со родителите на Џем. Купувачите на станот го бараат Шефкет за да го известат дека се откажуваат од купување на станот и си го бараат капарот назад. Ѓулшен и кажува на Ферхунде дека и Митхат дошол на погребот. Лејла скришно оди на гробот на Џем и жали што во минатото дозволила Огуз да ја раздели со сестра и.