Вечерва во 20:00 часот гледајте ги Кога лисјата паѓаат Почнаја и во сабота да ги дават изгледа дека во понеделник не ги даваја заради идол.
Тоа е моето мислење за Неџла, аман, ако не сум ја гледала на турски канал преку сателит и не знам турски не смеам да си кажам мислење ...не би рекла. Па не сме сите исти на крајот на краиштата. А па на тие пари шо и ги остави маж и арно и текна Spoiler да купи нешто за нејзините не све од Лејла пари да зима Хајрие Spoiler ако е за тоа и Огуз ќе ја купи пак куќата па шо, демек париве од Неџла се, не знаеме од кај дојде... Неџла ми е одвратно суштество со лажен морал и ја мразам. И тоа шо ќе и се деси и е малку.
Spoiler Јас ја гледав последната епизода (како што веќе спомнав пред некое време) и таму кога се испраќаа на железничката беше и на Нуниш внука и. Знам дека Фикрет ќе се разведи од Таксин па незнам дали Таксин ќе биде женет со внуката на Нуниш, или пак таа само ќе дојде да се види со Фикрет (бидејќи се пријателки). Во дилема сум А инаку омилена ми е Џеврието толку искрен лик ха, ха некогаш знае ептен да претера ама, како секоја свекрва баш не ја сакам Хајрие. Се таа некако ги испреврти работите и потоа ,,леле што не снајде, леле што ќе правиме‘‘
Леле сите имаме различни информации за Фикретка И мене Џеврие ми е омилена, едвај чекам да дојде некоја сцена со неа
Хаха и јас едвај чекам сцена со нејзе ама најмногу се нервирам кога не ја дадат ниту еднаш во текот на една епизода Ама денес ми беше најинтересна. ,,Нема бериќет во куќа каде жената станува после мажот!‘‘ Чудо од жена е
Spoiler Нема да се разведат од со Таксин, ама Фикрет после преварата на таскин со певаљката ќе сака да си оди, но за да го спаси бракот таксин ќе прифати да се преселат во Истанбул. Инаку денеска ми падна тешко кога Лејла отиде кај Неџла и муабетот што го правеа. НЕ ми се верува бе родителите да не сакаат и да не пробаат да ги зближат. Па сестри се , кој ќе ги зближи ако не родителите. А хајрие ми иде да ја фрлам од балкон. Одма и светнаа очите пртсенот кога го виде
Aли Хајрие кога го заглави прстенот на Лејла на прстот, а оној Али Риза па се запнал за шеќерот-кај е па кај е,леле се пресмеав
Spoiler Нена ми го ,,проби‘‘ двоумењето Ти благодарам. А на мене стандард ми е да си исплачам по неколку солзи во секоја епизода па така и во оваа кога Лејла отиде кај Неџла. Премногу емотивно беше направено. А Ферхунде секогаш смилсува нешто и е во тек со настаните. Денес пак науми нешто Колку ми беше смешна Седев уште вчера на рекламата кога видов дека ќе заспие на шанкот А и Хајрие со зелената крпа на раката...
Не можам да сфатам колку луѓето можат да бидат огорчени и гневни и да се радуваат на туѓата несреќа. Знам дека се работи за филм и јас воопшто не се внесувам, но некои се внесуваат, и за некои луѓе и во коментарите за серии можеш да увидиш какви се. За жал! Можеби сум офф ама ми смета кога некој се радува врз туѓата несреќа! И само едно не ми е јасно зошто Неџла треба да им купи нешто на нејзините и да им дава пари? И парите се нејзини, беа на маж и, а сеа се нејзини, бидејќи во бракот се е заедничко. Барем не зима пари од швалерот и не дава на мајка и, и денес си кажа колку згрешила и се кае, додека она другата изиграва жртва. Лесна девојка!
Еве ви линк од последната епизода на Кога лисјата паѓаат Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=NB47qspRr6A Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=5I4gCDnyhRY&NR=1&feature=fvwp
Леле и јас вечерва се пресмеав со Хајрие како никогаш не можев да престанам... и сега огус одма е добар дека и дал таков прстен на Лејла а бе Хјрие никако да ти дојде памет
^ И јас и јас со Хајрие лудории е А исто и со Седефка се пресмеав на тоа како "дремеше" во дискотеката и на цела таа сцена (принчипеса)
хахах вчерашната епизода јака бешее..се изнасмеав со хајријее..и демек огус одма доар ее почна прстени да купва,коли и тнн хД
Spoiler Леле онаа Хајрије сеа бидејќи и подарил прстен добар е Уф колку алчна личност која што ги проценува луѓето само по надворешниот изглед и по материјалната состојба веќе ептен ме нервира Кутриот Али Риза како се справува со нејзе