веќе неколку денови сакам да прашам, и цело време заборавам абе со што се греат Алиризовци? па ладно е бе, сите во џемпери, капути... а парно не гледам, печка воопшто, а шпорет на дрва најмалку, а за клима да не правиме муабет еее колку сакам да знам а забележавте пред некоја епизода кога го пуштија телевизорот еднаш во 100 години и кога Шехерезад ја даваа? лелеее се пукнав од смеење
а јас па по ќошиња и ѕидови барам нешто на греење ама ете парно наместиле иако не можам никако да го видам ама вечер има да го најдам барајте го и вие
Кога гледав на бугарски не одеше Шехерезад во позадина. Тоа овие наши стручни синхронизатори прават смешки. Јас баш тоа го видов овој ден и забележав. Уживајте, јас се откажав од серијава
ако некому му треба што ке се случи - текст пишете ми во пп ке ви пратам линк... инаку хаос ке настане. абе тоа за парното и ја ке го барам.. стварно овие немат греење? хахха
Па добро можеби е есен.Не е до толку ладно ,гледате нема снег,нема дожд Па нели и ние сега не се грееме ,а сите сме наоблечени Како јас сега
да, ама кај нив помина зимата и летото... па сега пак есен ги фати а за подно греење не верувам дека имаат поскапо е тоа од обичното греење, или се лажам . арно си знаеше лејла со мантилчето топличко да и биде, што и требаше да го соблече
Не може да има пролет лето и зима кога лисјата само во есен паѓаат Дај ве молам без вакви испади . Стварно .. кај нив немало снег или многу сонце За мантилчето она рече зимата е пред нас и ми треба и го соблече - не и ја сфаќам логикава Полудела скроз на скроз . Без коментар останав сега
абе одеа едно време (на почетокот на серијата) по кратки ракави тогаш беше топлото, посебно се сеќавам на комшиката во една кафена блуза
^^ Леле баш и јас тоа го забележав..А1-вести и одма на мајка ми ..и викам овие и наши телевизии почнаа да гледат..хаха
Ја пропуштив епизодата во петокот , репризата исто така ...ќе може ли кратка содржина ?! Благодарам однепред
Не си ја пропуштила репризата, сеа ќе почне после оваа што моментално ја даваат на А1 ако ја пропуштиш ќе ти ја раскажам
Ми фали серијава искрено.Навикнав да ја гледам летово и ми ја прекинаја... Ми се допага фактот што кога ја гледам, сфакам дека навистина сме слични во некои погледи со Турците. Добро, 500 години турско ропство не е малце. Си имаме попримено. Ама за разлика од шпанските серии мислам дека може голема поука да се извлече од оваа серија. Штета само што има тажен крај.
Ке можи некој да ми ја раскажи вчерашната епизода? Баш најинтересното не го гледав снема струја кога останаа сами Ферхунде (ѕверхунде )и Џеврие и ми ја прекинааа
потоа јаман и се јави на ферхунде да одат со шефкет на ранчот и отидоа ја земаа и лејла, шефкет играње покер таму и доби, а адвокатот и лејла шетаа сами и тој проба да ја бакне ама лејла се тргна а ферхунде ги виде, али риза и хајрие отидоа во пансионот кај што живее неџла и разговараа со газдарицата а пред да излезат хајрие го заборави шпоретот уклучен а кога се вратиа имаше пожарникарна пред куќата и така заврши