се се само како ЏЕВРИЕ да не ни се погоде некоја за сверкрва аууууу колку ме нервира да сам и ја снаа жива ке ја запалам
како не и е срам на хајрие бог да чува ме нервира само она има деца и само она има проблеми неџла не ја оставија на мира
Девојки знам дека сум здодевна ама и денес не ја гледав ај ако може накратко да ми кажете што се случи
Ајде јас да пробам да подраскажам Ферхунде и мајкаи,беа кај Ѓулшен,и додека спремаа за вечера,Ферхунде и побара малку пари на заем,за да отвори канцеларија,и оваа ја одби,со образложение дека тоа на Сердар нема да му се допадне,а не смее да прави нешто зад негов грб,бидејки нивниот брак не е ко на Ферхунде и нивната каса е заедничка.Тогаш Ферхунде се налути и си собра парталите,и во тој момент дојде Сердар и ја виде кај нив,и и префрли на Ѓулшен,а оваа се го слушна,бидејки тргнаа со мајкаи да си одат и му кажа дека си одат,и се сместуваат во хотел.Неџла е во Кушадаси,и со Али ке одат на вечера.Шефкет е заглавен со долговите за градилиштето и има 1 ден рок да исплати одредени суми ама нема пари,и му се јавува на Таксин за заем,ама овој ке му рече дека стварно нема,и после тоа Хаирие ке се јави на Неџла да и каже за ситуацијата ама ко бајаги Шефкет незнаел дека и се јавува,за да му помогне на брат и,и она вика дека ке среди(тоа ке видиме денес).Таксин е н а вечера -машко друштво во клубот кај таа певаљката со која во наредните епизоди ке се сплетка и ке легне,ама сега е почетна фаза.Неговите пријатели пракаат ливче во негово име до неа,ко демек желба за песна и поздрав до неа од Таксин.Џеврие само се меша ко по обичај,и виси на Фикрет,а малава Ајше сака да си оди дома и и се јавуава на мајкаси да и каже да ја земат,бидејки и фали семествојото.Али риза оди кај Митхат да му се извини за грешките на син му.Огус оди кај Митхат да преговараат за куката и така заврши. Тоа е мислам во кратки црти
Ех овие соседите стварно ја претераа работата и мене ме изнервираа, само нешто прават да им напакостат, а и оваа Џеврие почна да ме нервира, осет нема ни малку, се она знае, само ја бива за да бацка.....сирота Фикрет ја жалам како ја трпи
оваа серија станува ептен досадна веке али риза горд не попушта и упорно седи во станот соседите ги малтретират на секој можен начин,хајрие претерува со нејзините поплаки и се врти како сончоглед од кој има ќар од таа страна е ,шефкет задолжен на сите страни само долгови му фрчат овие двете сестри очите не сакат да си ги видат ,џеврие неподнослива е само отров фрла по фикрет и еден куп работи ај нека завршува веке
Не ја изневерил сеуште, ама ако продужи ваква намуртена да е и пуна со проблеми ко и секогаш кој не би ја изневерил, кој сака жена намќор. Што ако искочил една со другарите у кафана, цела серија сеа треба да се лути?
И од денеска решив Го сакам Огуз за маж !!! Поспособно нешто здравје .... Ама пуста реалност само Шефкети околку мене
уфф па кој не би го сакал Огуз за маж куќата на рака колата на рака BMW Лејла ја сака што сака повеќе ма подобро му е со него милион пати отколку со семејството пропаднат случај што се ама Огуз ако го потфатам леле што му мислам...
Ама Алириза претерува малку повеќе, во право е Хајрие, ради глупата гордост се на тоа дереџе, не дека она е којзнае колку асална ама ми е баш реален лик. Што толку драма и узбуна дигна Алириза зашто побарале пари од Неџла? Па чекај малку, нормално дека ако мене ми згусти и сум на раб на пропаст дека од сестра ми ќе побарам пари, а и Неџла во тој случај не смее да дозволи тој да праша и да и побара. Значи има милиони за неа ништо не се, и уште одозгора зошто побарале од неа пари. Мене ми претерува, жал ми е за него и сето тоа ама што е многу - многу е. И се за инает не станува од куќата, а оние на глава им се качија, жал ми падна Хајрие кога и се јави на Неџла и и плачеше. А и за тоа, па зошто кога нема каде да отидат да не отидам кај Неџла? Ќерка им е побогу и сигурно нема да останат кај неа за секогаш, ами привремено додека да се снајдат.
Потполно си во право А инаку Али Риза ептен ми е одвратен ми глуми некој морал, некои принципи, гордост, а децата му се кое од кое по заглавени и по изгубени. Се запнал против Лејла, па Лејла е 100 пати поарна и поморална од Неџла барем само со еден маж е, а не Неџлам го погреба Џем му собра парите и сега со Али ќе се мажи! А и Такин секоја ти чест па го оправдувам човеков и нему не му е лесно со намќор како Фикрет.
Е нели Ризо нашол некој стан пак на приземје, па зошто не одат да ,,остават капар‘‘ та уште се мачат со овие. Ако не сакат таму па кај Неџла. Па сама живее таа во толкава куќа. Ај да беше со свекор и ајде де да не доаѓаат ама сама живее. Најтешко и е сега на ХАјрие, Ризо си излегува, ама Хајрие ги трпи кошиите А не ми е јасно зошто Шефкет не ја продава зградата. Ем е во тесно ем пак продолжува