Џеврие и' е како опашка на Фикрет! Јака и душа , како ја трпи!! А и на Таксин слушам почнаа да му шараат очите.. (ццц)
Леле оваа Хајрие што политика врти.. ццц.. На нерви ми оди еј! Spoiler И лиже г** на Неџла за да оди кај нејзе да спие. Се преправа се само заради едни пари еј.
На Неџла куќата е сменета или мене така ми се чини? Мислам дека не е истата? Нена каде е да ми одговори?
Не, ќерка и има вила од којзнае колку квадрата, а мајкава нема каде да живее и нема да ја прибере. Стај се ти во ситуацијата, иако е филм, дај малку објективно гледајте, само напаѓате без основа. Замисли само, ти немаш каде да живееш, а твојата ќерка има не куќа ами куќиште огромно. Нема кај неа да се обратиш? А пази, ќерка ти живее сама без свекор и свекрва и маж исто така. Претерувате со критикиве а ич не ви се логични.
Се согласувам со Оффи, оваа Хајрие што е нападна и што стално нешто мрмка таква е, ама баш така е, ај сега мајка ти и татко ти се на улица, нема каде да живеат, а ти си во вила па и со маж да си, ај да ги оставеш да на улица ли. Во право си е жената, Неџла и така е сама, само што на лош начин го прави тоа. Ама тое е и нејзината улога, проста е малку, ама барем реална и не зјапа во прозорецот додека комшиите ги бркаат и малтертираат.
Да, али само се жали, се дека е она жртвата. Можеби сте во право во тоа.. но ме нервираат личности што си се сожалуваат самите.
Приметив па затоа и прашав, а и пред неколку епизоди Али го дадоа во истата куќа како да е негова, тогаш кога девојка му се иселувашеод кај него.
Јас мислам дека не е проблемот во Неџла, него кај Али Ризо. Неџла им кажа да дојдат, ама Ризо заради гордоста несакаше. А вие како да ми ги читате мислите И јас сакав потоа да пишам дека е куќата на Бену (кога го дадоа Али, кога отидоа во спалната, креветот веше исти јас тоа приметив ) од 1001 ноќ
Па Неџла несака да ги викне и да им помага затоа што после на глава ќе и се качат Кемал и Сузан, одма ќе речат дека тоа чекала да умре Џем да ги прибере дома нејзините и да му ги трошат парите
^^епа они нели еднаш ги повика, кога Хајрие ја намести... Ама Али Риза несакаше, добро таа догаш беше приморана да ги викне од Хајрие ама... Ајде вечер да видиме што ќе се случи
Оффи работата е што куќата се уште е на семејството ајдиноглу. Не е на Неџла. А Неџла не е баш обожавана од страна а родителите на Џем. И затоа се ребри да ги прибере. Плус, за ситуацијата не е крива Неџла за она да ги вади од кал туку суртукот Шефкет. Јули, куќата е иста само поголема е и нормално е да има разни соби каде што е снимано. Ако сакаш нешто друго да ти кажам пиши ЛП ќе одговорам без проблем. Позз
Али ја носи Неџла во неговото ателје, но таа ја одбива секоја помисла на зближување. Отворено му кажува дека не може да го заборави Џем и не сака да се врзува со некој. Хајрије и Шефкет настојуваат да ја поправат струјата и Хајрије се нервира дека ова намерно им го прават соседите за да ги избркаат. Нуридан ја притиска Ферхунде да си го среди животот. Џејда и се јавува на Ферхунде и му ја кажува имотната состојба на Огуз и дека тој купил куќа и тоа куќата на Митхат што ја изненадува Ферхунде. Лејла е пресреќна поради куќата. Рејхан ја кани Фикрет да излезат во град, на што се вмешува Џеврије. Шефкет се нервира што неговите родители не ја делат радоста поради враќањето во старата куќа зошто им ја купил Огуз. Али не се откажува од намерата да ја освои Неџла, иако таа не попушта и се држи на дистанца од него. Џеврије со своите коментари за пејачката Барах почнува да предизвикува сомнеж кај Фикрет и да го разорува бракот на синот. Али ја враќа Неџла дома и тоа го гледа Али Риза. Митхат почнува да си го средува животот без Ферхунде.