Ма само ради Џеврие ја глеам серијава и дава живост, иначе пропадна. Сите станаа досадни, се нешто се жалат па и Ферхунде стана досадна, најинтересно беше кога живееше Ферхунде со овие во старата куќа и периодот кога се избаци Џеврие со нејзиното Ѕверхунде Како и да е, заклучок дека порано поинтересно беше
Како што разбрав, би требало така да заврши, значи, мене ми кажаа така, не сум сигурна, да не излезат после погрешни информациите. Еве, која сака, во спојлер ми е текстот, ако не, чекајте до крај. Spoiler Лејла ќе остане парализирана во количка, Огуз ќе ја гледа. Шефкет ќе се ожени со Седеф.Ајше ќе умрела од леукемија ( ), Неџла ќе се венчала со Али. Џеврие ќе го задушела бебето, а Денис ќе ја видела и она на неа одма ќе ја задушела, арно ама, за да не оди Денис во затвор, ќе одела Фикрет. И она во затворот пишувала книга за нејзиниот живот и затоа понекогаш во филмот она раскажува. И, погледнете го ова: http://www.demotivacija.mk/ovaa-ferhunde-1433.html
Девојки ззне некоја што ќе се случи сега со Фикрет и Таксин? Вистина било дека Фикрет со детето ќе живееле кај Рејхан?
http://www.youtube.com/watch?v=Hqh2KlNd ... re=related Погледнете го линков и видете што се случува со Лисјата кога е кажано на др поинаков јазик Можеби е просто и глуапаво или па премногу цинички да ги исмејувам,ама мислам дека дечкиве што работеле на клипов го направила баш ко што треба нај реално!
морам да кажам дека ја гледав последната епизода од серијата и ова нема врска Лејла нема да биде парализирана со мајкаму Шефкет и Ајше во последната епизода се качуваат на воз и се враќаат назад каде што живееа пред да дојдат во Истамбул Лејла ќе држи во рацете бебенце ама незнам на кој ќе биди би требало нејзино а Огуз оди во затвор ќе има судење и ќе го осудат Шефкет ќе биди во затвор и последтата епизода ќе го ослободат и ќе оди на свадбата на Седеф тие нема да бидат заедно Седеф ќе се заљуби и мажи за сосема друг човек Џеврие до последната епизода ќе биди жива никој нема да ја убие и баш убаво ќе се сложуваат со фикрет Неџла ќе се венча со Али да но пофторно ќе се разделат и таа ќе остане трудна од него и сама тој ќе ја напушти и ќе замине со Ферхунде и последната епизода е најтрагична со смртта на Али риза сцената ќе биди морничава јас се изнаплачив...
Мене не ми кажуваа дека вака ќе заврши.Овде имате линкови од последната епизода, мене ме мрзеше да ги гледам, ама ако сакате да дознаете што ќе се случи, повелете: http://www.youtube.com/watch?v=NB47qspRr6A http://www.youtube.com/watch?v=5I4gCDny ... ure=relmfu
леле се изнасмеав нема вака да заврши кој те лажел убаво те излажал,како ги испревртел работите алал да му е Инаку некој имаше постирано линк за последната епизода па ако сакаш да ја гледаш зирни ја,ќе видиш дека ништо не е така
јас ја гледав последната епизода и ќе биде како што напиша mime87... а последната сцена е навистина премногу емотивна, првпат плачев така на филм, врв на сите тажни случки на сите несреќи ќе биде врв... а поинтересни беа првите епизоди, сега некако многу измешано е, па смената на шефкет... многу некако комплициран го направија филмот
^Епа, се извинувам. Така разбрав нешто се зборуваше, па затоа. Извинете уште еднаш. И мене ме излажаче
и мене еднаш истото тоа ми го имаа кажано, ама краток период по тоа се снимаше последната епизода, па погледнав и така..
ја гледав серијава ама сега премногу се издолжи и не ја гледам повеќе читав дека на крај Али Риза ќе умре,семејството ќе се раздели итн
Морам да признаам ја гледам сега последната епизода, вториот клип и си плачам Шефќет како ја испраќа Седеф. Сцената со Али Риза, нема да ја забораам.
денес Spoiler фикрет отиде во истанбул, но не сакаше да и каже на нејзините зошто се скарале со таксин, само кажа дека тој има друга.. и да, пред тоа џеврие се јави да праша дали фикрет е таму.. ферхунде имаше кошмари за куќата и за семејството.. шевќет повторно разочаран од животот.. џеврие и нејзините глупости сега во врска со "љубовницата" на таксин... и тоа од прилика.. а за епизоди мислам дека има уште прилично многу, мислам дека не се баш при крај.. незнам точно
Ако ги даваат цело епизодите има околу 30, сега е 140 и некој епизода што се дава а вкупно се 176. Е сега ќе видеме А1 колку ќе ги издолжи. А Таксин ќе ја изневери Фикрет или во прашање е само недоразбирање?
мислам дека е недоразбирање..и сепак мислам дека пак ќе бидат заедно како шо гледав по епизодите на youtube..