Ја сретнав темава некаде на интернет, мајка ми кога ја слушна реченицава ја заврши со БЕГАЈ! Не ми е јасно зошто да бегам, зошто кој-било да бега? Не сум Хитлер, не сум ниту Мајка Тереза, а и кога би била, би имало ли разлика? Како да се сите идеални, па смеат некому да му судат. Навистина ме интересира, што би направиле ако излезат на виделина вашите лудости, белји и глупости?
Кога минатото ми тропа на врата.. Хм.. Не бе, не отворам врата па ако сака нека ја скрши! Гледам право во иднината, така да, не ми треба.
Најверојатно е поради нерасчистени сметки, чим тропа, па човек треба да си ги реши, да се соочи со истите тие кои за кои тогаш немал храброст.А доколку веќе ги расчистил, нема што минатото да му тропа на врата, со други зборови ќе си има мирна совест.Токму и затоа треба кога е време да си се средат работите, иначе нема друг избор освен соочување кога-тогаш.
Многу широк дијапазон на работи од минатото можат да ви затропаат на врата. Ако сакаш мирна совест решавај ги работите/проблемите на време за да после не биде доцна. Некои работи можеш да ги одложуваш некое време ама кога тогаш пак ќе ти дојдат пред врата. Не можеш да бегаш туку треба да се соочиш доколку имаш нерасчистени работи. Да, живи во иднина и гледај напред а не се врти назад.
Ако се работи за некој дечко или бивша другарка тогаш не би отворила, штом еднаш сум решила да ја затворам таа врата, тогаш нека остане така засекогаш. Али ако се во прашање некои мои глупости, грешки или лудории што сум ги направила во минатото, кога би излегле на виделина би се соочила со последиците, друго чаре нема.
Колку и да се плашиме и срамиме од нашето минато, тоа е дел од нас. И овој момент еден ден ќе биде минато. Ако така бегаме од се што станува минато, ќе избегаме од се што имаме, од се она што сме дури и од она што ќе бидеме, оти и тоа еден ден ќе стане нешто што сме биле. Сите правиме грешки. Сите ги осудуваме другите за нивните грешки. Многу лошо е тоа што луѓето се ограничуваат на некои чудни правила. Се лишуваат од секаква слобода, па дури и од онаа да се помират со тоа што навистина се, да погледнат длабоко во себе и да сфатат што навистина треба да променат. банално ми звучи ова трескање врати на минатото. Тоа никогаш нема да ви чукне само, освен ако не го повикате. А и да го повикате - што има лошо во тоа? Не може се во животот да биде розово. Ако сте доволно свесни нема да ви направи ништо, освен што ќе ви ги отвори очите и можеби ќе ви каже како треба или како не треба. Можеби само ќе ви помине низ мислите без да разбуди нешто во вас. Како и да е, не треба да му се плашите на минатото. Она што сте го надминале - сте го надминале и готово. Она што не сте го надминале останува да го надминете доколку сметате дека така треба. Е така, ајт.
Малку ја подотворам вратата и ѕиркам преку синџирчето. Видно смуртена викам: - Што сакаш пак сега? - Хахаха, ништо само да те потсетам. - се кикоти мало човече со црвена качулка. - На што? -Па знеш, така на некои работи. - Не ме замарај, џабе ти е, расчистив со тебе, веке не ти отварам, се навикна и ми доаѓаш на врата како питач! Не доаѓај, немам ништо повеќе за тебе. - Ќе доаѓам се додека не ме поканиш да влезам и да се напиеме по едно кафе очи во очи. - Друг пат, можеби. Самото твое присуство ме вознемирува Минато. Но, помини пак, можеби и ке биде така како што викаш. - Ја затворам полека врата и седнувам на троседот. Повторно успеа да ме растревожи. Ѓубре мало.
Ех фина тема,баш за дискутирање..Кога еднаш ќе оставиш впечаток многу тешко е да го промениш.Треба многу време додека луѓето да сватат дека си се променила,многу време.Дури и некоја стара особина да ја повториш макар само еднаш,одма си ги кажуваат коментарите пак ти така пак ти вака.Забораваат дека ние сме пред се човек а не совршенство..
Да не ми тропнеше минатот на врата, многу работи ќе останеа нерешени и немаше ни здраво да имам со една личност. Мило ми е што тој ден јас постапив така и што си ги признав грешките и злобните дела хаха Интересно беше тоа што се дозна, но не ми е криво, што вика една моја другарка така требало да биде
Кога минатото ми тропа на врата, вратата нема да ја отворам. Нема да живеам во минатото, живеам во сегашноста, а се прпремам за иднината. Можеби некогаш, кога минатото ќе ми тропне на врата, и ќе се потсетам на моите грешки, ќе извлечам поука од нив, и никогаш повеќе нема да ги направам истите, а кога ќе му ја отворам вратата на минатото малку ми е срам од самата себе, ама сваќам дека треба да научам од грешките. А се случува едноставно на минатото да му речам: "Бегај, не сакам да се присетувам, што било-било, јас живеам сега, нема да се привраќам..." ама некогаш убаво е да се привратиш во минатото, тие се нашите спомени, а спомените можат да бидат и лоши и добри. Добрите те усреќуваат и ти даваат самодоверба,мотив,инспирација и волја за поголеми успеси, а лошите ти помагаат да се поправиш!
Викам „Нема никој дома“ Шала на страна, мразам навраќање на минатото и лижење на плукнатото. Ете таква сум си.
Кога минатото ми тропа на врата ширум му ја отварам, го поканувам да влезе, го послужувам со мојата преубава сегашност и го испраќам со надеж да се видиме пак во блиска иднина. Си го сакам минатото
Му кажувам што има старо-ново, му се фалам со сегашноста, му раскажувам за иднината за која сонувам, слично како кај Мимс, се поздравуваме како стари, добри пријатели, срдечно. Му кажувам да наврати, но не пречесто, да не претерува. Сегашноста може да стане љубоморна.
Моето минато е многу убаво кога ќе тропне на врата го поканувам секако,сегашноста не е љубоморна туку ја учи лекцијата што низ рака му побегнала на минатото,за уште поубава да биде иднината.