Пуста желба да покажам колку ми е добро, дури и да подизлажам, ширум отварам врата. Премногу желба за докажување имам нему, не чини... И умре циганката, јас се фалам, се фалам.. Од фалба дури верувам.
Зависи кој дел од минатото тропа.Со некои работи и луѓе сум расчистила засекогаш, а некои ситуации од минатото, би сакала да ги доживеам уште еднаш.Не би ми пречело и ако некои посебни личности од минатото се вратат во мојот живот...
Минатото е делот од времето кој веќе се случил и е спротивно на иднината. Минатото е во спротивност и на сегашноста. Исто така се смета за конгломерат на настани што се случиле во одреден момент од времето, внатре во рамките на континуумот време-простор. Ваквиот концепт е во тесна врска и со теоријата на релативноста на Ајнштајн. Минатото е главна тема на истражување во науките како: историја, археологија, археоастрономија,хронологија, геологија, историја на јазикот, право, палеонтологија, палеоботаника, палеогеографија, палеоклиматологија икосмологија. Луѓето го запишуваат минатото уште од древни времиња, па излегува дека една од карактеристиките на луѓето е дека тие се способни да го запишат своето минато, да се сетат на него, да ја планираат иднината врз основа на минатото и да теоризираат за минатото Според философијата за времето, минатото не постои, иако повеќето науки го проучуваат минатото на светот преку проценување на доказите. Оваа философија е во согласноста со релативноста на Галилеј, според која времето не зависи од просторот, но не е во согласност со релативноста на Лоренциан/Ајнштајн. Во класичната физика, минатото е само половина од времето, додека релативните теории минатото го сметаат како апсолутно минато. Прикажано со земјени мерки, разликата меѓу „класичното“ и „релативното“ минато е помалку од 0,05 секунди. Јас вака го свакам минатото...Било па поминало.......Накои луге имаа страв од минатото....тоа нешто вејке се случило.......Јас немам страв,нема од што да се плашам....
^ Вчудоневидена сум од твојот речник на зборови, а да те прашам 5 нема да знаеш да ги објасниш. Пишуваш свое мислење за тоа ти како го разбираш поимот, мислата или слично, а не од Википедија копи - пасте. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0% ... 1%82%D0%BE Се извинувам за офф топик.
И да тропа ја не го слушам, а и да го слушнам не ни планирам да отворам некад на истото. Фала Богу до сега се шо сум одлучила да стам у минато таму и останало па тропало не тропало тоа му е . Така да, нема никаква полза од истото да му се отвори врата, ко шо има еден муабет “И така нема ништо ново да ти каже“ Само напред гледање и готово ! Нема причина за вртење назад или за отварање на стари книги ...
Минатото било и поминало, убаво е да се вратиш на него за да внимаваш на грешките кој си ги направил за да не ги повториш понатаму, да се сеќаваш на убавите спомени, па и да се расплачиш по нешто што поминало. Минатото е дел од животот исполнет исто толку колку што ти е сегашноста и иднината, по неколку години и иднината ќе ти биде минато кога минатото ви тропа на врата отворете ја, не случајно ви тропа, секое тропање го носи својот одговор на прашања кој ќе ги поставиме во иднина
Ќе биде заклучена вратата, а од прозор ќе му довикнам дека касно е за да ги исправи работите од неговото време, сега е нечие друго време. Сегашност.
...отворам со чиста совест. Важна ми е сегашноста, а не она што поминало. Што ќе биде, којзнае. Ако се врати минатото, тоа ќе биде само ако јас дозволам и со многу силна причина. А дека ќе посакам да се врати, не верувам. Сите убави и неубави работи што се случиле, остануваат таму.
Се плаши само оној кој има грижа на совест. Јас искрено не се замарам, мирна совест отворена врата за минатото....така да ама никогаш баш никогаш не сум помислувала на тоа што ќе биде ако биде, а не па што ќе биде заради тоа што беше.
Кога минатото ми тропа на врата тој што тропнал ќе зажали затоа што само ќе ја подотворам вратата да видам кој е и што сака и ќе му кажам се што ми лежи на душичката и ќе го избркам ...со еден збор не сакам да живеам во минатото не се движам во таа насока ,не сакам да гледам назад туку сакам да ја живеам сегашноста ,да гледам напред кон иднината ,со искрено срце да си посакувам подобри денови исполнети со радост и подобри личности ...
Ако некогаш се тропало, сега се ѕвони на врата. Така, минатото нека си тропа во минатото. Други ѕвона нека ѕвонат во сегашноста.
Му давам уште една шанса и го пуштам да влезе во мојата сегашност хаха т.е зависи за што се работи ако ми се допаѓа да ако не нека тропа до утре сабајле
Касно навечер. Ѕвони Ѕвончето. - Кој е? - Отвори Минатото сум ја! - Нема никој дома! - А кој збори? - Ви се причинило нема никој. - А зашто свети? - Е причекај сега ке изгасам светло!
Обично, многу размислувам пред да направам што било. И кога прекинувам со нешто, јас стојам позади тоа 100%. Кога минатото ми тропа на врата, останува на врата. Прво прашувам што сака, па потоа размислувам дали да го пуштам внатре и да му дадам втора шанса. Најчесто, давам втори шанси, но со дупла доза претпазливост, бидејќи постои причина зошто некоја работа е наречена бивша.
Треба да гледаме додека тие работи се сегашност да ги решиме.А кога ќе станат минато и ќе ни затропаат на врата-треба да се замислиме и да не ги повторуваме истите грешки.Да ги расчистиме сите сметки и да гледаме за иднината. Ако жалиме по минатото ни се уништува и сегашноста.А кога ни е уништена сегашноста треба да се вложи многу труд за иднината да ни биде подобра. Според мене-не треба да се навраќаме во минатото туку да ја живееме сегашноста.
И кога да видиш, најбитна е сопствената надградба врз основа на стекнатото искуство. Не сакам да ми се повторуваат некои сцени кои веќе сум ги доживеала. Најважно е да се зачува интегритетот на личноста.