Кога минатото ќе ве повлече

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baba Rada, 20 август 2017.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.488
    Пол:
    Женски
    Последниве неколку дена ме окупира минатото, колку и да се обидувам да ги отргнам мислите во друга насока, толку повеќе ме влече минатото...сака ли нешто ново да ми каже:(

    Чудна потреба имав пред три дена кога минував покрај моето старо основно училиште:( како некој да ме заврте и да ми нареди да влезам внатре..бев како магепсана знам, срцето почна побрзо да ми чука а една толку благодетна насмевка ми се разлеа по душава, милина, неможам да ја опишам таа состојба.....стоев као радознало дете и се прашував дали вратата е отворена, дали да влезам.....

    Машки глас ме раздрма малку кога ме праша што барам:?: срамежливо му ја објаснив мојата желба, мојот порив дека сакам да влезам внатре, се извинував неколку пати велејќи му дека не сум шлакната со мозокот АМА ете....

    Порано тоа беа служители, сега се обезбедување, чувари...ехх....влегов само во ходникот оти ми беше страв од непознатиот човек и празното училиште, мирисав,гледав....почна филмот да ми се одмотува, почна проекција на моето детство и играрии на тој зелен линолеум во тоа време, сега имаше друг под, мрсни зидови до пола офарбани со зелена боја......ми дојдоа сцени од бифето мало и гужвите кои ги правевме во него за да купиме еден геврек обичен....убаво чувство да си го вратиш филмот од минатото....

    Незнам зошто тој дел имав потреба да го проектирам, дали другото минато ми е врзано со бодликава жица околу срцето..треба ли да го олабавам и тој дел малку...велат минатото треба да се заборави..ДАЛИ...тоа минато сум ова ЈАС.....

    Дали Ве повикува и ВАС вашето минато понекогаш???
     
    На ЕденЧлен, Aleksandar1212, TRANSPORTER086 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.488
    Пол:
    Женски
    Вечерва ми е судена за дружба со минатото..незнам зошто но не помага ни форумов, ни феминкиве...дали сум уморна или незнам што, јас повторно скитам со мислите по ходниците на моето минато...а и ова времево ми допринесува, па и овој ветар агресивен, така @referentka го крсти денес....најдобро ќе биде да си ги земам албумите, старите слики и да видам што ме вика:(
    Можеби разочарувањето доживеано последните месеци допринесува за ваква емотивна состојба, можеби сакам повторно нешто да доживеам, повторно некого уште еднаш да прегрнам;(...
     
    На tina-63, Victorian, elimkd и 7 други им се допаѓа ова.
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    30.720
    Пол:
    Женски
    Кога некои моменти сеуште не се завршени за тебе или знаеш дека среќата можеби ти била поблиска во минатото тогаш се навраќаш кон завршеното. Но сепак нели тоа било и не се враќа. Често и мене ми се случува, си викам а што ако постапев поинаку, ќе беше ли сега се исто, истите луѓе и спомени во мене. Гледам многу да не се навраќам, само ќе се мачам самата, но знам понекогаш да ја почувствувам онаа тежина како сеуште да сум таму и го преживувам истото.
     
    На Adi888 и baba Rada им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    12.043
    Допаѓања:
    159.368
    Пол:
    Женски
    Se boram so nego. Toa ne e neshto shto pak bi go proagjala ili bi se navrakjala. Pa duri i ubavite momenti ne bi sakala da gi 'namirisam' od strav deka loshite doprva kje sledat. Imam ubav del od minatoto zaboraveno. A ako zborime za periodot odenje vo skolo, jas duri ni dvajca souchenici po ime ne pamtam. Ne znam kako mi uspeva, t. e. znam, objasneto mi e ama vo red mi e da ne se navrakjam.
    Ednostavno nema shto da baram vo minato
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  5. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Нема да го коментирам уводниот дел кој е повеќе лична исповест отколку воопштен увод за темата. Ќе се задржам на насловот и како јас гледам на тоа. Минатото е составен дел од нас и секој си го носи товарот од минатото на своите плеки. Со минатото треба да се справиме или да живееме со последиците, добри или лоши зависно до личноста. Некои луге се обидуваат да го заборават минатото и да продолжат како ништо да не било, но секогаш ќе има некој кој ќе ги потсети, посебно ако тоа минато не било толку сјајно.
    Она што уводничарот го зборува е повеке момент на меланхоличност и носталгија отколку влечење на минатото. Влечење на минатото би било ако човек имал некои лоши работи во минатото а се обидува да почне одново но како нешто да не му дава да тргне напред.
     
    На elimkd, baba Rada и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  6. Medicine25

    Medicine25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    1.534
    Пол:
    Женски
    Јас дури како во минатото да живеам.Ај сега барем имам повеќе убави моменти на кои секој ден се смешкам ама доколку продолжи вака не знам за 10 години колку тешко ке ми биде.Тогаш ке имам и свој живот и се а сепак ке жалам за минатото.Имам маана која воопшто не ми се допаѓа.Никогаш не можам да заборавам нешто што било мое дури ни некој предмет што сум го скршила или изгубила.Исто и со луѓето во мојот живот,и да ме убијат сигурно ке има ден во кој ке ми недостасуваат и ке се измачувам самата себе.Кон луѓето што не сум чуствувала ништо нема ни да помислам на нив ама луѓето со кои имам силни спомени секогаш ке бидат во моето срце без разлика дали се работи за љубов или некој од семејство или пријател.Можам да бидам силна првипт ден а веќе вториот почнувам да живеам во минатото.:(
     
    На biGirl, Tanjamm и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. Milobebence

    Milobebence Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    53.689
    Пол:
    Женски
    До пред извесен период бев заробена во минатото.Анализирав многу ако не направев така тогаш сега ќе беше поинаку.Или дали во одредени моменти сум донела права одлука,колку сум пропуштила шанси за да бидам среќна.И еден ден се разбудив уморна од се,и решив да раскинам со минатото.Решив да од минатото ги задржам спомените да извлечам поука ама дефинитивно да живеам во сегашноста.Нема ништо лошо да се сеќаваме на убавите мигови кои ни се случиле а сега се веке минато.На неубавите да се потрудиме да заборавиме или да не мислиме бар на нив,бидејки сепак некои работи не се забораваат ама,да не им станеме робови и да дозволиме да ни стават окови па да не можеме да тргнеме напред.Научените лекции да ги користиме во сегашноста.Животот е ко шаковска табла и секогаш ќе се прашуваме дали сме го направиле вистинскиот потег и никогаш нема да бидеме сигурни дали сме го направиле вистинскиот потег во животот.Работите можат да се поправат само ако не си окован со лоши мисли кои ке те кочат.
     
    На Tanjamm, buba4e89 и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.488
    Пол:
    Женски
    Минатото ме влече се повеќе и повеќе, секојдневно..барам засолниште од иднината..8-|

    Убаво се чувствувам, убави емоции преовладуваат, сама со себе се дружам, доживувам повторно некои убави работи..на лошите спомени им се намалува горчината, ја барам грешката, барам дали имав друго решение, како би било кога би било, зошто сум тоа што сум сега.....Треба да се живее со минатото, не треба да го заборавиме, нашиот почеток на тоа што сме биле, таму лежат нашите грешки, од таму се влечат поуки, поради него плачеме, се смееме, се лутиме....убаво е кога ќе те повлече минатото да се му се предадеш целосно, да се повлечеш во некое осамено тивко катче и да се предадеш на спомените:)
     
    На Victorian, BlackNight, sonuvana и 5 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.262
    Допаѓања:
    122.565
    Пол:
    Женски
    @baba Rada престани да се преокупираш со минатото, да мислиш што би било кога би било поинаку. Нешто е незавршено,нешто е завршено. Штом те влече назад поентата е да ти каже дали си научила важна лекција или не.

    Се борев и јас и на крај се изборив тешко е, не велам не. Те влече, депресивна си но на крајот се изморуваш и решаваш да ставиш точка на се. Прости си за сите работи, прости си себе си и ќе имаш хармоничен живот. Нема да се окупираш со ништо ниту да се форсираш себе си. Батали ја иднината гледај ја сегашноста.
     
    На fallenangel, Dadusicka, Petar80 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.760
    Допаѓања:
    40.008
    Пол:
    Женски
    Размислувам некогаш за минатото, но не до толку за да ме повлече, да се опседнам со минатото.
    Еве баш вчера размислував за минатото не можев да заспијам и се мислев колку ми беше убаво во периодот кога бев 1ва и 2ра година средно. Бев опкружена со многу другарки просто уживав во секој миг.
    Но тогаш го немав тоа што денес ми е се и што ме прави среќна највеќе на свет, но исто така сега немам некои личности што ги имав во минатото ги изгубив или пак не беа за мене или јас за нив.
     
    На biGirl, Dadusicka, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.488
    Пол:
    Женски
    Убаво би било да си простам и да заборавам, но неможам, ме влече, ме бара..и секогаш завршувам со солзи..можеби така грешките ќе ги исправам, гревовите:(те ќе ги исплакнам..незнам:(
     
    На elimkd, fallenangel, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.658
    Допаѓања:
    24.774
    Пол:
    Женски
    Сите понекогаш не мачи. Се случува да размислувам како би биле сега потредени нештата ако во некои важни ситуации сум постапела поинаку. Се прашувам каков би бил исходот ако сум се одлучела за нешто друго, каде би била сега, кој би бил крај мене... Не знам колку вреди да се мисли, никој не го вратил минатото. Единствено преостанува да се надеваме дека ќе имаме среќа некогаш да ни се пружи прилика да го поправиме она за кое сметаме дека сме погрешиле.
    Баш преска помирисав еден стар парфем кој го користев одамна а кој сум го заборавила некаде во позадина на полиците. Толку реално ми рабуди некои сеќавања што се наежив. Како за миг да ми се вратија пред очи случувањата од тогашниот убав период.
     
    На BlackNight, Dadusicka, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Milobebence

    Milobebence Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    53.689
    Пол:
    Женски
    Како велат
    Раскини со минатото
    Не ја планирај иднината
    Живеј во сегашноста
     
    На elimkd, fallenangel, kuc и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    6.057
    Ова како себе си да се читам. Навечер кога не можам да заспијам, а и дење ако немам обврски мислам за минатото, дали згрешив, што би било кога би било, да не бев престрога кон себе си. По природа сум принципиелна, строга кон себе и кон луѓето околу мене. Штом ќе видам дека не можам на некого да му верувам, се повлекувам од такви луѓе. Не сакам погрешни избори кои ќе ме однесат на дно во секоја сфера од животот. Но, од многу мислење боли глава.
     
    На Milobebence, Dadusicka и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. Milobebence

    Milobebence Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    53.689
    Пол:
    Женски
    Не да боли глава,јас понекогаш си викамв да имаше копче за исклучување и на момент да го исклучев мозокот бидејки се прегревуваше.
    Сега се трудам да не мислам толку на се и сешто.Инаку и јас сум многи строга кон самата себе,и многу аналитична.
    За се морав да анализирам.Ама многу бев исцрпена изморена како физички така и психички.Сега веке не размислувам до току не беше лесно да се престане ама морав ми се јави здраствен проблем и тогаш си реков не се мачам веке волку знам дека е тешко човек сам да се менува ама не е невозможно.Овие зборови некако ме (водеа)менуваа.Денес, откако престанав да размислувам толку многу и да анализирам,се чуствувам многу освежено и физички и психички.За злобните луѓе и манипулантите ни до ден денес не научив како да се справувам ама научив како да ги игнорирам.

    Се водев и до она
    Раскини со минатото
    Не ја планирај иднината
    Живеј во сегашноста
    И сега за сега добро ми оди во животот.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.488
    Пол:
    Женски
    Кога минатото ќе ве повлече отерајте го по ѓаволите оти само ќе ве растажи, ќе ве натера повторно да се покаете, повторно и повторно да плачете и воздивнувате...отерајте го по ѓаволите;(
     
    На lejla5, Milobebence, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    6.294
    Допаѓања:
    99.051
    Бабе ојде ти
    [​IMG]
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.488
    Пол:
    Женски

    се борам за воздух..се надевам дека ќе испливам:(
     
  19. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    Кога минатото ќе повлече или се поздравуваме со него или сме во некоја ситуација во која веќе сме биле, па треба да размислиме да ли е потребно исто или поинаку да постапиме.
    Во секој случај нешто ново е обично на повидок..
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    2.473
    Пол:
    Женски
    Верувај со причина се навраќаш во минатото...веројатно постои некој настан кој ти е длабоко врежан во потсвеста и сега испливува на површината. Јас би те советувала да поразговараш со некој за тоа, дали со некој близок или дури и стручно лице кое ќе те разбере и посоветува....олесни си ја душата. Немој да ги криеш емоциите во себе, само се измачуваш. Треба да собереш храброст да му погледнеш на минатото во очи. Откако ќе го направиш тоа ќе продолжиш понатаму посилна од било кога. Се ќе биде во ред, само храбро :)
     
    На tina-63, baba Rada и sonuvana им се допаѓа ова.