Многу убаво напишано. Созли ми дојдоа на очи додека читав. Се согласувам дека не е без причина враќањето во минатото. Има нешто што те влече натаму, но што е тоа, само ти си знаеш. Потсвеста е чудна работа, но јас многу верувам во нејзината моќ. Веројатно се наоѓаш во емотивен период, па си носталгична за убавите минати времиња. Поразговарај со некој близок за ова, ако ти претставува проблем сама да поминуваш низ таков период
Мислам дека се навраќаме кон минатото кога имаме нерасчистени сметки со него или евентуално, носталгија ако животот ни бил поубав тогаш од она што е денес. Арно сите солат памет гледај напред, не е баш така едноставно, а и не треба да биде, треба да чуеме што всушност ни вели ако сакаме да продолжиме напред. Кога тогаш, знам, минатото ќе те стигне, сакал или неќел.
И оваа минута сега е минато...т.е. ќе стане веќе нареднава минута...И во таа минута ќе жалиме по минутава која моментално изминува... И ќе велиме како била подобра од наредната, иако и не е така, оти и во неа жалиме по предходната... Можеби затоа што не го гледаме и цениме доброто во моментот во кој ни се случува... И ете , веќе стана минато и таа минута...
ах @baba Rada Најверојатно некои стравови од сегашноста те имаат испратено таму некаде во минатото. Прекрасни моменти се тие, школски денови од основно. Можеби едно недела прошетка низ минатото ти направила освежување на мозокот, сепак јас не мислам дека минатото сака да ти каже нешто. Може само душата на моменти да е осамена и да не успева да најде спокој во сегашноста па скита низ времето. Не мислам дека тоа се чисти емоции кои лесно можат да се дефинитат, баш така тапо тапкање кое носи во една нова насока. Отвори ги албумите, изконтактирај некој од старите школси (доколку си во можност) Повикај на кафе некој од школски другари/пријателки. Само така можеш да го направиш корисно времето, да се насмееш на сметка на минатото, да предизвикаш позитивни вибрации низ тебе. ем них ќе ги изненадиш, ем и самата ќе се изненадиш од промената. + ќе донесеш дел од минатото во сегашноста, и нема да биде само гледање назад. (Знам, изгледа малку филски ова што го изрежирав, ама не е така невозможно. Само пушти душа и дејствувај)
Од тоа минато живеам ко во дупка, во празнина, сама,осамена,без никого но не размислувам повече за него. Тоа што било поминало не се враќа не се менува но можам да менувам работи кои тек идаат. Така да ми текнува на минатото по некоја солза може да падне ретко, ми е криво за некои моменти но тоа се. се помирувам лека полека...
Еднаш се случи и јас да влезам во училиштето во кое учев. Имав некоја работа во близина, но не бев сама. Личноста која беше со мене ми предложи да влеземе и јас прифатив. Поминав низ ходникот, влегов во бифето, дури и крофна си купив. Инаку, минатото не ме влече. Гледам само напред.
Јас пак живеам во близина на моето основно и често се присетувам, воглавно на убавите мигови што сега сфаќам сум ги имала премногу. Чувствувам доза носталгија, како еден вид грутка. Влегувам таму за гласање претежно. На средното, поретко, не ми беше некој убав сегмент искрено, иако имав доста убави периоди. Искрено, мило ми е кога ќе сретнам некој од основно, се исполнувам, ама ете други биле доживувањата тогаш, а други сега. Па, со сопругот ќе чуеме песна од наше време, како се вели и почнуваме да евоцираме спомени. Јас мислам дека ова не е опсесија, туку здрав пристап, ама во умерени граници. Така, можеме навистина да направиме добра интроспекција, да утврдиме што не радува, што не прави несреќни. Ако се пријатни сеќавања, пријатно е чувството, а тоа е секако најзначајно. Но, од друга страна, си велам: Да не е ова знак дека сегашноста нема што да ми понуди? При толку ангажмани и нешта? Или пак сум го изгубила сенсот за радост за ситници. Сепак, константното завлегување во минатото мислам дека не е продуктивно,гледано перспективно. Убаво е, во одредени моменти, секако и пожелно како што наведов погоре, но да се обидеме да гледаме напред. Да гледаме на пример убави претстојни нешта, тука не сме ограничени барем. Во секој случај, интересна тема.
Најчесто се враќаме во минатото кога не сме задоволни од сегашноста или од тоа што мислиме дека не чека во иднина.И јас во последно време се навраќам 5 години назад во средно и ми доаѓаат солзи колку ми бил кер фри и убав животот тогаш за разлика од сега но тоа е само минато.Секој момент месец година си има свои убавини и таги.Се се менува се тече.И ова сега некогаш ќе биде минато.
Постои мислење дека минатото всушност е кројач на иднината(треба ова да се изанализира), па си се думам вака, дали тоа мене минатото не може саглам мерка да ми земе, колку пати ќе мери а кога ќе сече!? Така ми дојде ова, морав да си се произнесам...знаете, да си олеснам душа
Мислам дека има периоди кога сите нас минатото не оптеретува, односно се навраќаме на него, конкретно јас имав таков период скоро, во некое место кај што сум бил во минатото, или на тоа место сум поминал важни и убави моменти со одредена личност а ете поминував таму одма ми навираат спомени сеќавања,како слики све поминува низ главата, навираат емоции, земам воздух длабоко и се трудам да гледам и да продолжам напред, како да едната рака ја влече минатото а другата сегашноста, не е лесно но некогаш е и потребно/ корисно можеби е добро да се направи некоја ретроспектива, од денешен аспект некои согледувања, но јас премногу анализирам и се задлабочувам, се навраќам на настаните случувањата, дали требало вака така, зашто испаднало така а не сум заслужил така, највеќе се растажувам за болните секавања, најчесто тоа кога сум сам навечер, па иако сум машко неможе да изостане и по некоја солза, лузните на кожата се тука ама не болат колку тие на душата што ги направило случувањата во минатото, минатото не може да го избришеме, барем не за сега, во тек се истражувања и барање на начин како тоа да може да се направи и ќе биде возможно еден ден во иднината, најбитно е да не дозволиме на минатото да ја оптеретува нашата сегашност, најголемот подарок што може да го добиеме е мигот, моментот, сегашноста која ја живееме па да уживаме во тоа, немој бабе да ми се растажуваш многу, за гушкање лесна работа, гушнине нас де
Мене минатото и да сака не може да ме бара менувам телефонски броеви ко чорапи , па додека минатото да го најде новиот број , јас веќе имам понов број
Живеам блиску до основното школо. Кога и да влезам таму (синко учи во истото) ми се навраќаат спомени. Убав период од животот. Имаше дружба. Пред некој ден го разгледував алманахот од средно. Ме фати носталгија за тие денови.