Кога на детето да му се каже НЕ

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 7 јули 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.087
    Допаѓања:
    284.479
    Честопати грешиме кога се им дозволуваме.
    Некои би се осетиле неубаво ако на детско барање одговориме со НЕ, НЕ МОЖАМ, НЕ СМЕЕШ.

    Дали понекогаш си дозволуваме да станеме робови на своите деца и тоа не свесно?
    Дали нивните желби треба да се исполнуваат до бескрај?
    Дали реагирате на детските каприци?

    Темава ја отварам за да дискутираме кога сме постапиле правилно со одбивање на детските барања а кога тоа НЕ сме го изговориле импулсивно.
     
    На Bozica1980, Independent Girl, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.616
    Допаѓања:
    37.503
    Пол:
    Женски
    Викање Не на дете е клучно за да не биде разгалено, ете се префрливме од темата за ќотег, како да не бидат разгалени без ќотег.
    Дете некогаш знае да плаче, да се треска од земја или најпознатото "сите смеат само јас не"
    Некогаш ти доаѓа да му речеш Да само за да избегнеш борба, некогаш пошо ти паѓа жал
    НЕ се кажува со малку објаснување за ситуацијата
    И без попуштање
    Без реагирање на драмите
    Една интересна техника еднаш ја прочитав кај една мајка
    За Божик моловите биле преполни со играчки и не можела да го однесе детето без да се случи тантрум
    И научила да му вели на детето да застане со играчката да го слика па ќе му пушти на дедо мраз и тој ќе донесе
    И детево се слика со сите играчки, ги остава и не прави сцена
    И женава ги пушта сликите на сите роднини да ги купат како подарок
    Едн ситуација кај што се снашла интересно
    Не само што може да стане разгалено туку и само да не знае да каже Не на други, ако не му кажуваш доволно.
    Некои па велат Не на секое само да ги научеле. НЕ се вели само во ситуации кај што се опасни, кај што бара помош за нешто, иако може само, ама го мрзи, или на пример кога сака да прави нешто во Недела, а Недела е фамилијарен ден и никој ништо не прави во Недела, нас на пример многу ни смета кога за ручек не можат сите да се соберат да јадат и јаде кој кога стигне, значи еден ден мора да се посвети и сите обврски да се презакажат. Да не се кажува претерано често, ама кога се кажува да биде дефинитивно без разубедувања. Да биде само со валидна причина, а не мене ми текнало и премногу важно да прекинат родителите да се справуваат насилно со тантруми само затоа што ги гледале луѓе наоколу. Да научат што е тантрум бидејќи јас во маркет кога ќе видам дете легнато на земја, не велам колку е разгалено сигурно има неспособни родители, не, воопшто не, велам дека има неспособни родители само ако видам дека го плескаат детето за да се смири.
     
    Последна измена: 7 јули 2020
    На lackygirl, edna_malecka, Skyfall и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    15.719
    Немам проблем да речам " не" или " не сега".
    Материјални желби има многу, и се трудиме да и' ги исполниме. Понекогаш тактизираме со време, во смисла ако е нешто поголемо, да го добие за одредена прилика , роденден или постигнување некое.
    Претеризам пробувам да оценам , е сега неутрална колку можам да бидам е прашање. Колекционер е на одредени предмети, и нешто што за мене е 23та глупост, за неа е важен дел од колекцијата..
    Има многу идеи и ако на се велиме 'да' буквално батлери треба да и бидеме:rofl:.
    Веќе е возрасна до некаде, и мислам дека повеќе е заштитувана отколку разгалувана, што и само по себе не е секогаш идеално ако премине во презаштитеност.
    Еве вчера ја одбив за прошетка на 2 конкретни места, и криво ми беше, ама се ставив себе и моја некоја физичка болка на прво место. Значи " не" е природен, човечки и разумен одговор некогаш.
     
    На M&M, Bozica1980, edna_malecka и 7 други им се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.640
    Допаѓања:
    100.461
    Пол:
    Женски
    Многу убава тема.
    Има разлика меѓу не, не можам и не смееш,па за да ги изговориш како одговор на барање на едно дете, мора да се има во предвид неговата возраст и колку тоа дере го сфаќа значењето на истите.
    Уште од бебе, кое не е ни сфесно каде се наоѓа, сум била сведок на обраќање - не го ставај тоа в уста, заодело и пуштил раче во штекер - не чепкај тука, пружило раче кон кафе на маса - не, тоа џиш...не чепкај тука, не оди тука, не ова, не она... Не, не, не... Постојано негации. Јас лично, сум против ваков начин на употреба на Не кај деца. Примерите кои ги спомнав, со штекер и кафе, иако се опасност за детето и можеби, можеби, ќе му се всади она НЕ кажано милион пати, сепак има полесно решение - заштити ги штекерите, кафето не ставај го на место достапно за дете. Кога е мало, до 3-4 години, сметам дека повторувањето на не, не можам и не смееш се само губење на енергија, едноставно не е спремно детето да ги сфати правилно и само се фрустрира. Затоа подобро наместо со негација, да се одговори со заменска потврда, односно ако бара да одите на лизгалки денес, а тоа не е можно, наместо да речете не/не можам/ што би резултирало со плачки, да се понуди прво нешто друго, па се објасни тоа не - пример, сега ќе играме една игра/ќе правиме кифли, да ми помагаш/ќе гледаме цртан... а лизгалките се затворени/ги фарбаат/во тој и тој ден ќе одиме...
    Колку и да ни е лош денот/моментот, и во афект кажаното НЕ ќе резултира со додатни разговори, само ќе произведе додатна нервоза, затоа со дете, секогаш, во секоја ситуација, во секој момент, колку и да "не ни е денот" - мора со смирено, со муабет, со објаснување, со зборување, зборување, зборување.
    Кога веќе се работи за поголеми деца, кои веќе разбираат што е добро а што лошо, што може а што не, што им е дозволено а што не ( и најбитно, притоа им е објаснето доволно пати ЗОШТО нештото е недозволено), веќе може да се одговори со негација кога навистина има потреба, без притоа да се осети тензија или да се почувствува детето навредено.
    Мада, со која и да е возрасна група на деца, мој став е секогаш да се одговори со заменска афирмација.
    Фала богу дека нема секогаш да исполнувам желби и задоволувам каприци, но секогаш постои подобар начин од негативен одговор.
    Пример, на каса во маркет, две годишно дете пушта раце по киндер јајце, велиш не, тоа рика утла, прави сцена, те зјапа цел маркет ко да го личиш. И како да пристапиш? Не, не може, немам пари.... Тоа рика, урла. Ќотек? :x Не, не, те гледаат луѓе 8-| Дома ќотек, на само дека :x - утре пак ќе прави.
    ( само да напоменам, да не бидам грешно разбрана, ПРОТИВ сум за насилство врз деца!!! котеќ во иронија наведов!)
    Значи, детево е две годишно и џабе објаснување зошто не може.
    Опција 1 - ќе го купиш, макар вратила некој друг продукт
    Опција 2 - ќе си тераш со плаќање дури плаче и баш ти е гајле што те гледаат сите
    Опција 3 - ќе го дадеш да го "куцне" тетката и надвор од дуќан магично ќе исчезне, го нема во кеса, паднало, па ќе се одвлече внимание на нешто и сите среќни
    ( пример зедов киндер јајце, зошто дете ко дете, се фаќа за тоа најчесто, најчеста слика во маркет ми била, и мене ми се случило)
    Или бара нов ранец, зошто таков има другарката, а моментално е непотребен трошок, па наместо едноставно не, може да се објасни дека моментално нема потреба, нема пари. Ако повторно инсистира, може да се објасни дека приоритет се, пример, зимски чизми, и ако уште не разбира, опција да бира - нов ранец и зимата да оди со летни патики во школо, или нови чизми.
    Смоки - место не - понуди пуканки.
    На плажа седи со саати во вода, место со кавга и плачки, понудете да ги преслечите новите купачи, прошетка и да побарате сладолед..
    Сака игри на телефон - играјте карти/монопол/не лути се човече заедно...
    Начини има, ако се сака.
    Само трпение, трпение, трпение.
    Еднаш се деца и само детството е најважно за еден човек каков ќе биде во иднина а родителот е одговорен 99% каков иден човек ќе создаде од своето дете.
     
    На M&M, Ano, m.i.g и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    39.425
    Пол:
    Женски
    Родител станува роб со попустливо односно пермисивно воспитување.

    Граници мора да се постават.Мора да има Не со објаснување,без објаснување џабе е НЕ.

    Родител станува роб кога му е страв да рече "Не" за да не му се допадне на детето.

    Кога мислат дека поставувањето граница/дисциплина ке го уништи нивниот развој,дух,потенцијал.

    Но без разлика што дисциплинирањето е конфликт на желбите на детето, ние мора да поставиме граници и да ги подготвиме за реален живот,а со трендот на попустливо воспитување со разгаленото и презаштитеното дете ке добиеме човек кој не сака да порасне себичен и нарцисоиден, неспособен да се справи со негативни емоции со кои ке се соочи во реален живот,а кои не постоеле во животот со мама и тато.
     
    На dromka, Bozica1980, Nightwish11 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    66.383
    Интересна тема.

    Се согласувам со мислењата погоре. Треба одредена возраст за детето да сфати што значи тоа НЕ и да го применува.
    Сме имале секакви фази и кога ќе размислам поубаво, тоа НЕ на 2 годишна возраст и сега дефинитивно немаат ист ефект.
    На 2 години само создаваше контра ефект, нервоза и инает кај двете страни, додека веќе од 3 натака се разбираме убаво.
    Ако сака некоја играчка која е скапа, му предлагам некоја што е поефтина, или му нудам нешто сосем десетто што ќе го прифати. Исто и во маркет, замена за нешто, или изговор дека имаме такво дома.
    Кога станува збор за растурање низ дома, фала богу имам дете што нема тенденција да крши и фрла, меѓутоа обожава да скока. И се наоѓам себеси како милион пати велам НЕ и НЕМОЈ. Па после ќе си речам зошто да го ограничувам, кога сам одлучува кога му е доста и тоа НЕ нема ефект. Моја задача е да внимавам да не се повреди кога скока и да му покажам до кај му е можноста. Сфатив дека најмногу сфаќа кога ќе се удри, па само ќе му повторам дека затоа сум му велела не.

    Сметам дека колку повеќе го ограничуваш што смее, а што не, толку повеќе ќе тера инает и ќе се носи во ситуација да направи беља во отсуство на родителите. Затоа му давам да проба скоро се, во мое присуство. Пример Сакал тој да пушти машина- во ред, заедно ќе пуштиме. Или ако сака тој да пресече леб со ножот. И слични работи што претставуваат опасност. Сметам дека ако му речам не, при мало невнимание ќе проба сам и ќе има штета.
     
    На M&M, Bozica1980, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.054
    Допаѓања:
    48.325
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со бубале за ова. Граници може да се постават и без да се труби само не, не, не, не, не ова, не она, она не смееш, ова не смееш...
    Уште од бебиња така се почнува. Прво треба домот да се обезбеди за бебе, за да не мора на секое не да се вика. Оставени отри ќошиња од маса, штекери, секакви работи и само не, па не, ќе разбере божем дете што проодува. Јас гледав што помалку не да викам, тргнував небезбедни работи и исто така вртев внимание.
    За викањето не има секакви мислења и од експерти да се прочитаат, некои вика да им се каже што не смее, друг вика им ја убива креативноста, трет вика трето... Јас лично ни сега не го употребувам премногу, освен ако не е за нешто опасно, на пример за улица, тоа само ми е зборено од утроба мислам. :D
    За во маркет си знае за што имаме пари, за што не, никогаш не барала нешто или да се треска од земја, и кажувам немаме пари и толку. Знае и да праша ако сака нешто дали имаме пари или не прво. Немам ни некоја причина сега толку да и викам не, се договараме обично за работите без кавги и расправии.
     
    На SummerGirl, Bozica1980, lackygirl и 10 други им се допаѓа ова.
  8. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    6.380
    И јас сум во дилема многупати.
    Секако дека ако се каже не,треба да се објасни зошто е не.
    За штекерите дома,ајде ќе ги заштитам,ама доколку не му кажам да не ги чепка и му дозволам и покрај таквото ставено внатре да си чепка,кога ќе отидеме некаде на гости,да ја носам заштитата со себе и да им ја пикнам во штекер или ризикувам да чепка во штекерот.
    За кафето на маса,не ми е проблем да го тргнам настрана,ама кога ќе дојде некој или отидеме некаде,да им речам се да тргнат од маса или да си го пијат кафето од кујна?
    Дома ако од маса што е ставено чепка се и загризува и враќа по чинија,истото да му го дозволам и пред луѓе,или пак е решение ништо да не се става на маса?!

    Не знам,и јас сум за тоа дека не треба НЕ да се употребува често,ама има ситуации каде мора и треба да се објасни зошто не му се дозволува нештото.
    Во горните примери,мора на детето да му се каже зошто не треба тоа да го прави,зошто ако само тргаме и заштитуваме по дома,било каде надвор од дома,пак ќе мора да употребиме НЕ. Умереност мора да има. Нели децата од мали се учат,ако од најмало не му објаснувам зошто нешто не може да прави и не може да има се што посака,ризикувам да имам разгалено дете кое не знае за граници и кое подоцна во животот може да наиде на проблеми и разочарувања кога ќе види дека не е се на дофат на рака.
    А само викање НЕ,без објаснување,туку во стил НЕ-зошто јас така викам,не оправдувам.
    Можеби може да употребам нешто заменско за НЕ кога сака да јаде чоколадо,а треба да јаде овошје,ама кога е во прашање пр.штекер и покрај ставената заштита,на секое приоѓање ќе му велам дека не треба таму да пипка дека има струја и дека ќе го испржи :D.
     
    На Skyfall, cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.640
    Допаѓања:
    100.461
    Пол:
    Женски
    За примери какви што наведе @hello-kitty.90, кои се реално секојдневие на секого, бар по мене, решението е со употреба на НЕ - ама за родителот. Како? Епа дете што чепка штекери, брцка во кафе, грицнува од поставена храна и враќа во чинија, по логика на нештата е мало, тодлер што колку и да објаснуваш, ќе тера по свое, па, затоа, нема потреба да се носи по гости, или остави го да го почуваат или ич не оди. Со толку мали деца, на гости само кај ептем блиски. Тоа е мој став и така практикував јас, па еве пораснаа и сега друго е
     
    На SummerGirl, kalinaka, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  10. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Јас не сум мајка, но имам вујна во Австралија таа е од таму и има 5 деца со вујко ми. Кога дојдоа во Македонија на одмор детето најмалото седна и почна да јаде од песокот, за разлика од мајките кај нас таа не го предупреди. Го остави, детето кога виде дека никој не му кажува да не го прави тоа или било што стана и си најде друга занимација. Таа не се замара дали дома ќе биде расфрлано. Така ги воспитува едноставно. За нашите мајки од Македонија имам забележано колку повеќе викаат на дете тоа сака повеќе да го направи забранетото. Но има мн мајки кои ги вклучуваат децата во домашните активности пример заедно ги собираат играчките ја чистат собата, заедно вежбаат, гледаат цртани заедно и разговараат со децата и тие на 3 годинки веке знаат многу работи. Секоја чест на тие мајки.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.407
    Допаѓања:
    35.932
    Пол:
    Женски
    Со пет деца ни јас не би се замарала макар живеела во Свирипичино. Си кренала раце од живота само гледаш како све то проџе надаље:rofl:

    И те како стануваме робови. Од пелени. Не удавија со стратегии за воспитување и развој на дете. Секоја година искача истражување кое е контрадикторно со она од претходната година. Биди пријател со дете - отиде во корпа. Сега треба да градиме авторитет каде не е не и никако поинаку. Ама без повишување на глас, без користење на не и не може јел предизвикува контра егект, без рушење на емотивна состојба, дигање самодоверба. Ви звучи лудо? Нормално дека е лудо :)
     
    На M&M, MeowMeow, kalinaka и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    2.412
    Пол:
    Женски
    Hmmm....
    Jas sum od losite,barem bev sigurno so prvoto dete prvite 4 godini(moze i poveke)...
    Zosto? Mislev deka ke go zastitam so sekoe ne,mislev deka sekoja majka go pravi toa,- nemoj da fakas ova, nemoj da pravis ova, nemoj da se kacuvas, nemoj da lupas so topkata, nemoj da isturas, ne jadi 200cokoladi i drn drn gi ima milion.....
    No,mene mi se sluci eden presvrt sto mi go smeni nacinot na vospituvanjeto,toa e raganjeto na kerka mi (3 godini se razlika) no koga pocna malata da razbira poveke, sinko mi bese toj sto ja ucese so zborovite " E nemoj da pravis taka,mama ke se ti kara",
    "E nemoj da fakas tamu,mama ke ti se kara"...
    Se zaprasav dali jas sum vinovna sto ne saka da se dokazuva, sto sekogas e vozdrzan, sto se krie zad negovata umesnost...I, pogodete sto?!
    Da, vinovna bev! I nema da mozam da go vratam vremeto nazad, no od tie 5 6 godini navamu go smeniv mislenjeto za toa kako da go naucam na pravilnoto,a da ne mu nastetam na negovoto detsko naivno ego, (nauciv deka i tie go imaat )...
    Deteto moe se smeni,stana poumen,moze da razgovara za se,moze da se potpre na mene sekogas, se nauciv da go soslusuvam! (Btw,ima mnogu tezok karakter,- sekoj zbor mu paga kako kamen).
    Jas porasnav zaedno so nego!
    So devojceto nemav problem,ona e drug karakter,a i veke iskustvoto ne nauci da ja obrazlozime sekoja negacija!
     
    На M&M, hello-kitty.90, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. lackygirl

    lackygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    3.836
    Допаѓања:
    13.867
    Пол:
    Женски
    Имам дете/тодлер 19 месеци, на кое му се вели Не за сл: да не фаќа во штекер, да не фаќа во печка (зимата), да не мава во ТВ, значи неизбежно е за некои вакви опасни работи да не речам НЕ, едноставно излегува од мене и мислам дека мора за некои такви опасни ситуации да се вели Не и да си знае дека не треба тоа да се прави :) ги заштитив штекерите и дома и кај мајка ми, но пак фаќа, а сега па зема и кабел и пробува да го стави кај што треба :) знам дека не разбира, мало е уште и тоа Не му е уште поинтересно и пробува пак и пак..... @hello-kitty.90 @FreeMind врсници се нашите па да споделиме мислења.
    На маса не ставам ништо кога има некој, фаќа се и фрла на земја, исто како на Кити малиот, од се каснува и враќа во тањирот, затоа си стојат на големата маса па кој сака нека седни таму нека јади :D обично тоа се блиски гости.
    Сега повеќе разбира и пробувам се да правам со него, на пр: ќе диплиме алишта заедно (јас диплам тој фрла) ама битно учествува и е задоволен, демек голем се прави, важен :D
    Др пр: збираме играчки и заедно ги збираме и му велам браво, можи и да ги истури ама не му велам Не, ги оставам така растурени, оти ќе му биди интересно и пак ќе го прави истото.
    Е сега за сопругот да кажам. Тој е растен со татко полицаец кој е многу педантен и строг со свои првила и мм исто е таков, не е строг како татко му, но така е растен со повеќе НЕ би рекла, кога е долу кај нив синко цело време му вели Не дедо таму, Не ваму...кога се надвор Немој дедо то валкано е, немој дедо не го фаќај то....само Не и немој, искрено многу ми смета но не е многу време со него и не му имам речено ништо, свекрва ми и таа му вели не за мн работи, кај мајка ми па се му е дозволено (и ова не го оправдувам и нон стоп и зборувам и обј ама кој те шиша) кај неа нема НЕ исто сме растени и ние со брат ми, сама сум одлучувала дома за се, многу слобода за се, пријателски однос со неа, значи ни текнува ја боиме собата со плаво-ја боиме...а ваму кај мм не е така, премногу за се треба да се мисли, за секоја промена, за една слика да се премести треба да се мисли 3 дена....не забегав со темава, ви давам 2 примери. Се надевам ме разбирате.
    На крај. Сакам синко да има однос со мене каков што имам јас со мајка ми, пријателски, слободен, сакам да е Дома Дома, да биди најслободен дома, да донесува сам одлуки понатака за неговата соба, за неговиот живот, оти од сега почнуваме да ги "моделираме" децава како што сакаме ние, несвесно или свесно го правиме тоа, но децата се огледуваат на нас, учат од нас, родителите пред се.
     
    На hello-kitty.90, Lolipop23 и FreeMind им се допаѓа ова.
  14. FreeMind

    FreeMind Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.407
    Допаѓања:
    35.932
    Пол:
    Женски
    @lackygirl ние у една тема под тема правиме :rofl:

    Јас немам маса до шанк сеуште не може да добави за да фаќа. Се лутам што се фрла на кревет и мафтам со прст правам лута фаца на незадоволство и зборам поостро дека би можела да се повреди - без ефект. Секој ден иста песна. За Ози пена ми фати устата од зборење и покажување она одвај чека да заспие за да го разбуди. Најново му ги фаќа рацете да му прави тапшин тапшин. Или во фаца му оди за а- чи како да му кива. Нејзе и е смешно мене не ми е. Бидејќи не разбира го заградувам физички Ози со ограда ако заспие во некој ќош од станов и нема одење натаму.
    Се мислам за што викам Не. За нечисти раце во уста е тоа не можам да го преболам. Клекнува во ходник на под и потоа раце во уста не може. Буквално и дозволувам да фаќа се, да си става песок на глава, да јаде сама, да се шлака со сирење во коса, да легне на под и да се лизга, цел шкаф да го извади, да заспие на под итн. Кога метеме се вози на правосмукалка и нон стоп ја исклучува, кога средуваме и неа и даваме да средува, кога готвам стои на шанк горе да гледа, цело веце го носи во дневна па го враќам назад и така секој ден. Сеуште апсолутно е табула раса.

    За како понатаму не знам што е најпаметно. Заглавена сум во некоја литература која ми пере мозок дека хармоничниот дом создава добро воспитани деца и се водам засега по тоа. Од друга страна е едукативниот процес во градинка каде ќе научи ред и редослед. На мене е оставено да изградам авторитет. Засега немам ни А од авторитет. Јас си зборам канти тропаат. Татко и ја лигави до бескрај буквално не постои не во речник. Кој знае што ќе искочи на крај.

    Бидејќи живееме во мал и мирен град, а малата сигурно нема овде да остане да живее (како во Дојран да живее пример) решивме да ја преселиме од пелени во голем град. Некако размислуваме дека најдобро е да живее со опасностите и предностите кои ги носи тој живот. Се фативме себе си во размислување што ќе биде кога на 16 години ќе запишува факултет таму некаде или некои обуки. Тогаш ќе и биде преголем стрес. Многу е поинаку сега да расте со тоа темпо. И така полека полека станавме робови на стравот од иднината. Ова е само почеток на мојата психа можам јас и подетално да идам :D
     
    На M&M, hello-kitty.90, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.966
    Допаѓања:
    51.408
    Пол:
    Женски
    Јас едно време мислев дека детево ќе знае само НЕ да каже, за се НЕ. Среќа мал беше па ми текна. Почнав место НЕ да употребувам поопширно објаснување. Тешко е да му задржиш внимание на 2г, апсолутно, ама наоѓам начин. Пример ако оди на среде улица му викам Матео гледаш ли мама некој на среде улица? Оди ли некој на среде улица? Ајде да одиме по тротоар! Бара да вози точак кога врне Мислиш ли дека е убаво на дожд да возиш? Ќе се лизнеш, ќе накиснеш, нели е подобро да играме сега или да гледаме Дора и Диего а после да возиш кога ќе преврне? Бара чоколадо или бомбони или сладолед Во ред изеди го ручекот ќе јадеме и благо, ти ветувам! Ајде да направиме сега нешто да ни е интересно па ќе јадеме сладолед, може?! И знаете што, многу повеќе пали од НЕ, НЕ, НЕ, НЕ, НЕ по 100 пати на ден.
     
    На M&M, kalinaka, hello-kitty.90 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.230
    Пол:
    Женски
    Со малото немам некој голем проблем. Во повеќето случаи разбира кога ќе му се каже НЕ. Ама големиот е своеглав. Мора да истера по негово. Најголем проблем ми е кога ќе одам во продавница. Едвај им објаснувам дека не може се да добијат. За други работи немам проблем. Одма сфатија дека не треба да пипкаат во штекери, да не излегуваат сами на тераса. Надвор знаат што не треба да прават. Често користам објаснување дека други деца така не прават. На пример, ако сакаат да направат нешто надвор. Дали некој фрла ѓубре на тревата? И они викаат Не. Е па и вие не треба така да правите.
     
  17. Цвет88

    Цвет88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    2.564
    Допаѓања:
    16.013
    Пол:
    Женски
    Исто вака пробувам и јас, меѓутоа многу често знам да употребам не...
    Пак во стил, не, не може сега тоа, дојди да се договориме нешто .
    Ајде прво да јадеме, па ќе одиме/ќе јадеме сладолед итн..
    Кога плаче по секоја цена и не слуша.. велам јас ти кажав и што повеќе плачеш толку поспоро ќе добиеш.
    Обично не паѓам на солзи.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.966
    Допаѓања:
    51.408
    Пол:
    Женски
    Ма и јас употребувам НЕ, не можам да лажам, ама не толку често како порано.
     
    На lackygirl и Цвет88 им се допаѓа ова.